Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
2Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
МакедонијаБулинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директоритеСекојдневно сме сведоци на булинг, физички пресметки, закани и инциденти со ладно оружје во училиштата и ученичките домови.Ова повеќе не се изолирани случаи, туку сигнал дека системот за превенција потфрла, а Министерството за образование и наука не превзема активности во заштитата на учениците и безбедноста во училиштата. Нема ниту стратегија, ниту системска реакција. Кога тендерите и финансиските интереси стануваат приоритет, а законите и заштитата на учениците се ставаат во втор план, тогаш се случува токму тоа што го гледаме денес – децата се занемарени, без заштита, додека наставниците и професорите се оставени сами да се справуваат со една системска неспособност. Колку инциденти треба да се случат за Министерството конечно да признае дека состојбата е алармантна? Кој ќе понесе одговорност? Училиштата мора да бидат безбедно место за учење, а не простор на страв и насилство. Каде се превентивните програми? Каде е психолошката поддршка? Каде е координацијата меѓу институциите? ПОРАДИ ЦЕЛОСНИОТ ИНСТИТУЦИОНАЛЕН НЕУСПЕХ ВО ЗАШТИТАТА НА УЧЕНИЦИТЕ БАРАМЕ: 1. Одговороност од Весна Јаневска 2. Одговорност со итна смена на директори кои криеле, не реагирале навреме и игнорирале насилство, Неспособноста не смее да се наградува со функции, а молчењето и прикривањето да не бидат пракса во образовниот систем. 3. Вонреден инспекциски надзор во училиштата и ученичките домови со ревизија на сите училишни безбедносни протоколи Да се утврди кои училишта имаат само формални процедури „на хартија“, без реална примена. Државата мора да провери каде потфрлил системот пред да се случи нов сериозен инцидент. 4. Годишен извештај за безбедноста во училиштата. Министерството за образование јавно да објавува податоци за булинг, насилство и преземени мерки, со цел целосна транспарентност и отчетност. КАКО КОМИСИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА НА СДСМ, ПРЕДЛАГАМЕ 10 ИТНИ МЕРКИ ЗА ПОБЕЗБЕДНИ УЧИЛИШТА И УЧЕНИЧКИ ДОМОВИ и тоа 1. Итно воведување унифициран безбедносен протокол во сите основни и средни училишта. Јасни процедури за постапување при булинг, физичко насилство, закани и внесување оружје. 2. Итно вработување психолози и педагози таму каде што со години недостига стручен кадар Државата не може да зборува за безбедност, а училиштата да останат без стручни служби. Минимум еден психолог на 300 ученици и задолжителна психолошка служба во ученичките домови. 3. Формирање училишни тимови за превенција на насилство. Тимови составени од психолог, педагог, наставници и претставници на родители со обврска за брза реакција. 4. Национална анти-булинг програма. Редовни работилници и едукации за ученици, родители и наставници за препознавање и спречување на булинг. 5. Засилена соработка помеѓу училиштата, МВР и центрите за социјална работа. Институциите да не реагираат дури откако трагедијата ќе стане вест, туку превентивно и координирано 6. Воведување анонимна линија и дигитална платформа за пријавување насилство. Учениците без страв да можат да пријават булинг, закани или опасно однесување. 7. Поголема безбедност во училиштата и ученичките домови со засилени контроли, подобар надзор и редовни превентивни проверки околу училиштата. 8. Обврзувачки програми за ментално здравје кај младите, со поголем фокус на емоционална поддршка, стрес, анксиозност и меѓуврснички односи. 9. Построга одговорност за институциите што не реагираат навремено со законска обврска за постапување по секоја пријава во рок од 24 часа Да се утврди одговорност кај раководства и институции кои игнорирале пријави или пропуштиле да постапат. Игнорирањето на насилството создава уште поголемо насилство, а институционалната бавност создава чувство дека насилството е дозволено 10. Формирање национален кризен штаб за безбедност во образованието Очигледно дека институциите немаат координација ниту план за реакција, државата нема стратегија за превенција и за системска реакција. За жал цената ја плаќаат учениците, а институциите ја изгубиле во целост контролата врз состојбата во образованието. Слободно нека ги прифатат, па дури и нека ги претстават како свои, ако тоа значи дека конечно ќе се спроведат и ќе дадат резултат. Важно е само едно – да се заштитат децата, затоа што тие не смеат да бидат жртви на систем кој не нуди решенија и не презема одговорност. Прес конференција на СДСМ, Јованче Манасков, претседател на Комисијата за образование и наука Скопје, 15.05.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБ: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и ТетовоОвозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити.Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари. Во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика. Од денеска, клиентите на Банката на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврски. Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Приоритет останува обезбедувањето пристап до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги за клиентите на Банката.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражбиВо рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.На 09.11.2026 полициски службеници од полициска станица Штип одржаa едукативно предавање во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип на учениците од шесто и седмо одделение на тема „Меѓуврсничко насилство-Булин и Сајбербулинг“ при што им беа појаснети сите елементи на насилство помеѓу учениците,како да ги препознаат и каде да го пријават секој вид на насилство. На 09.11.2026 на повеќе локации во Централно градско подрачје во Штип и Кочани полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Штип и Кочани спроведоа превентивни активности од областа на сообраќајот, под мотото „Стави појас“ и „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило”. За време на спроведувањето на активностите на возачите им беше укажано за задолжителната обврска од носење сигурносни појаси при возење, односно да не користат мобилен телефон додека управуваат возило. Исто така, им беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На 09.11.2026 полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беше укажано за ризикот што го преземаат за сопствената, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот при користење мобилен телефон додека управуваат возило. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа сообраќајни превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање и едукација на сите учесници во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци. На подрачје на Неготино пак, беше спроведена сообраќајна превентивна активност на тема „Алкохолот не ти е пријател“, во рамки на која полициските службеници им ја потенцираа на возачите за потребата за свесност и одговорност, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Полициски службеници од ОВР Кавадарци, за учениците од ООУ „Пере Тошев“ одржаа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават. Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, во селата Лисиче, Голозинци и Горно Врановци, општина Чашка, реализираа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“. Во рамки на активноста преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. На подрачје на Демир Капија пак, беше реализирана превентивна активност за заштита од измами, при што полициските службеници остварија кратки едукативни средби со жителите, на кои им беше укажано за начините како да се заштитат од различни видови на измами, да внимаваат при комуникација со непознати и да не оставаат свои лични податоци. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44