Бугати има паметен спортски часовник по „достапна“ цена (ВИДЕО) - Канал 5

Бугати има паметен спортски часовник по „достапна“ цена (ВИДЕО)

Bugatti уште еднаш се здружи со австрискиот производител на паметни часовници и претстави ограничена серија рачни часовници наменети за спортисти и авантуристи со подлабок џеб.

Бугати има паметен спортски часовник по „достапна“ цена (ВИДЕО)

Пазарот на паметни часовници драстично порасна во последниве години и ги направи напредните технологии достапни за поширок сегмент од населението. Кога станува збор за Bugatti и VIITA, поимот достапност треба да се земе со резерва.

Целосното име Bugatti Carbone Limited Edition е првиот паметен часовник направен целосно од карбон. Така, и покрај инсталирањето на поголема батерија со капацитет од 540 mAh (+22%), сега масата е помала за 13 проценти.

Во нормална употреба, батеријата трае 15 дена, а со постојано вклучен GPS, времетраењето се намалува за неколку дена, велат од Bugatti. GPS сензорот е исклучително прецизен, па податоците од часовникот може да се користат во телеметрија на патеката додека сопственикот се трка во Bugatti.

Користи двоен сензор за мерење на отчукувањата на срцето и ги обезбедува апсолутно сите функции како најдобрите спортски часовници, од препораки за одмор и тренинг до биолошка возраст и ниво на стрес. Водоотпорен е до 100 m. Да го споменеме и екранот. Станува збор за AMOLED екран осетлив на допир со резолуција од 390 x 390 пиксели. Поддржува 16,7 милиони бои, а се наоѓа под кристал од сафир.

YouTube video

Да речеме дека часовникот е ограничен на само 2500 примероци, а цената е 2.600 евра. Да речеме и дека VIITA сè уште ја нуди „старата“ верзија на часовникот Céramique Edition за Bugatti по значително пониска цена. Чини „само“ 1.200 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иван Анастасовски во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Иван Анастасовски.

Иван Анастасовски во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Провокативната Нивес со интересни фотки и порака

Хрватската, старлета, пејачка, водителка, писателка и инфлуенсерка Нивес Целзијус повторно го привлече вниманието на своите следбеници на социјалните мрежи, овојпат со фотографии од одмор што ја доловуваат летната атмосфера. 

Фото: Провокативната Нивес со интересни фотки и порака

Бујната Нивес сподели фотографии од одморот, а покрај објавата остави кратка, но впечатлива порака.

„...кожата ми гори, срцето ми трепери...“, напиша Нивес.

Стиховите што таа ги избра дополнително ја истакнаа атмосферата што сакаше да ја пренесе преку фотографиите, а објавата не остана незабележана од нејзините следбеници.

Нивес често споделува моменти од своите патувања и одмори во текот на летните месеци, а нејзините објави редовно привлекуваат големо внимание кај јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белгиски нуркач пронашол необично богатство во потонат брод

Неверојатно откритие во близина на брегот на Довер го привлече вниманието и на експертите и на љубителите на историјата. 

Белгиски нуркач пронашол необично богатство во потонат брод

Белгискиот нуркач и подводен фотограф Стеф Панис открил гајба со недопрени шишиња пиво и џин во остатоците од брод што потонал во 1864 година кај Довер, во југоисточна Велика Британија; едно шише со етикета „Guinness London“ привлече меѓународно внимание, а компанијата „Гинис“ изјави дека би сакала да го испита во својата лабораторија.

Нуркачот го открил потонатиот брод „Миндоро“ на длабочина од 25 метри и внатре пронашол гајба со шишиња, меѓу кои и едно од познатиот бренд за пиво, пренесува фламанскиот радиодифузер VRT.

„Ова шише ми го привлече вниманието бидејќи, исто како шише шампањ, имаше некаков вид капаче на врвот“, изјавил Панис.

Тој истакнал дека на шишето со пиво, кое 162 години лежело на морското дно, стоела етикетата „Guinness London“ – што е особено интересен детал со оглед на тоа што пивото „Гинис“ се произведува во Ирска, а не во Лондон.

Панис објасни дека од компанијата „Гинис“ дознал оти, во времето кога потонал бродот, вообичаена практика било пивото да се транспортира во буриња до разни локации – вклучително и Лондон – за таму да се флашира и дистрибуира.

„Миндоро“, бродот во чија близина биле пронајдени шишињата со алкохол стари 162 години, бил дрвен едреник што превезувал колонијален товар на пат кон Ванкувер. Покрај остатоците од бродот, на морското дно биле пронајдени и прибор за јадење, чинии, бројни шишиња вино, пиво и џин, како и делови од пушки и воени ремени.

„Таму [во Ванкувер] бил стациониран полк на британската армија, а бродот превезувал залихи за нив. Нуркањето до остатоците од бродот е како патување низ времето, така да се каже“, рече Панис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер