Бугати го претстави новиот болид, достигнува 500 км/час за 20 секунди (ВИДЕО) - Канал 5

Бугати го претстави новиот болид, достигнува 500 км/час за 20 секунди (ВИДЕО)

Болидорт на Бугати е тркачки автомобил кој настапува онаму каде што Chiron не може повеќе.

Бугати го претстави новиот болид, достигнува 500 км/час за 20 секунди (ВИДЕО)

Перформансите на новиот Bolide почнуваат со извонредната моќност од 1850 КС при 1240 кг маса.

Не треба многу да се размислува за да се сумира за каков тркачки автомобил станува збор. Ова е експериментална студија во која Бугати сакал да види каде можат да се испробаат со крајно екстремен пристап, односно минимизирана тежина со максимална моќност од 8,0 W16 мотор. Како што вели првиот човек на Бугати, Стефан Винкелман, Болид „има само четири тркала, мотор, менувач, волан и единствено луксузни двете седишта“. 3Д-печатењето било клучно, како и примената на ултра лесни материјали. Најголемиот дел од автомобилот е направен од карбон, додека остатокот е изработен во легура на титаниум и разни композити.

YouTube video

Моторот сега е наместен на 1850 КС и 1850 Нм. И кога ќе ја ставиме масата од 1240 кг на другата страна на равенката, јасно е дека перформансите на Bolide стануваат како оние на Ф1 болидите. Од една страна, може да помине над 500 км на час, а до 300 км на час да достигне за 7,37 секунди.

Бугати вели дека Болид достигнува 100 км на час за 2,17 секунди, а 200 км на час за 4,36 секунди. И тука продолжува во истиот ритам, така што е на 300 км на час по 7,37 секунди, додека до 400 км на час за само 12,08 секунди од старт. И, конечно, ќе достигне 500 км на час по 20,16 секунди.

Теоретските пресметки на Бугати не застануваат тука. Така тие велат дека нивниот болид е подготвен да издржи странично забрзување од 2,8 G, за да го комплетира кругот на Ле Ман за 3: 07,1 мин. Патеката на Нирбургринг овој автомобил, ако воопшто можеме да го наречеме така, ја минува за неверојатни 5: 23,1 мин.

И сега она што е важно. „Бугати“ сè уште нема решено дали ќе го произведува „Bolide“. Фактот што е дизајниран во согласност со безбедносните стандарди на ФИА кажува многу, веројатно ќе го видиме во конкуренција. Исто така, со оглед на вложениот напор, сè освен ограничена серија би било лудо. Значи, да очекуваме уште еднаш некоја главна титула за Бугати. И секако, веројатно епитетот најскап автомобил на светот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголема шпионска афера во Германија: Поранешен шеф му откривал тајни на кинески генерал

Аугуст Хенинг, поранешниот шеф на германската разузнавачка служба БНД, е осомничен дека му дал доверливи информации на кинескиот генерал, пишува британски Телеграф.

Најголема шпионска афера во Германија: Поранешен шеф му откривал тајни на кинески генерал

Аугуст Хенинг (80) беше уапсен во вторникот откако беше обвинет за предавање строго доверливи информации на странска разузнавачка служба, во скандал што може да стане најголема афера со шпионажа во Германија од крајот на Втората светска војна.

Поранешниот висок функционер, кој беше на чело на Федералната разузнавачка служба (БНД) од 1998 до 2005 година, е обвинет и дека останал во „близок контакт“ со поранешниот кинески генерал.

Според наводите, Хенинг му предавал доверливи „политички информации“ во текот на неколку години, кои делумно биле изведени од документите на БНД.

Германското федерално обвинителство соопшти дека Хенинг со години одржувал контакт со „претставник на друга странска разузнавачка служба“. Германскиот неделник Шпигел откри дека станува збор за Ванг Женџенг.

Ванг работи во Кинескиот институт за меѓународни стратешки студии, организација поврзана со војската. Во текот на 23 години бил воен дипломат во Германија, Австрија и Швајцарија.

Прво служел во Источен Берлин од 1987 до 1990 година, а по обединувањето на Германија се враќал уште два пати. Последен пат во таа земја престојуваше од 2009 до 2013 година.

Аугуст Хенинг беше на чело на БНД шест години, до ноември 2005 година.

Хенинг и Ванг, кој се смета за еден од водечките кинески експерти за Германија, се чини дека се сретнале на конференции. Во предговорот на книгата објавена во 2007 година, Ванг му се заблагодари за неговите „совети и објаснувања“.

Двајцата беа и членови на советодавниот одбор на германско-кинескиот еколошки парк во градот Кингдао, пристаниште во источна Кина.

Истражителите веруваат дека години по завршувањето на неговата кариера во државната служба, Хенинг добил доверливи информации од БНД, кои потоа им ги пренесувал на други додека работел како комерцијален консултант.

Се сомнева дека информациите ги добил од Манфред Данкесрајтер, неговиот поранешен шеф на кабинет.

Данкесрајтер е осомничен дека предал околу 2.000 документи во замена за пари. Меѓу нив наводно имало и доверливи извештаи наменети за раководството на БНД, подготвени за неделни разузнавачки брифинзи со германскиот канцелар.

Овие тајни состаноци разговараат за важни меѓународни прашања, вклучително и војната во Украина и иранската нуклеарна програма.

Германски Шпигел наведува и дека истражителите се сомневаат дека Хенинг и давал информации на разузнавачката служба на Азербејџан.

Во 2011 година, Хенинг беше на списокот на учесници на форумот за човекови права во Баку, а подоцна стана член на одборот на директори на Германско-азербејџанскиот форум, лоби организација.

Адвокатот на Хенинг ги негираше обвинувањата. Тој изјави за Шпигел дека неговиот клиент поседува доверливи документи, но дека не е точно дека пренесува „информации на штета на Сојузна Република Германија“, а особено не во замена за пари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови санкции против Меѓународниот кривичен суд (МКС), со што го засили притисокот врз оваа институција и потенцијално ја отвори вратата за казнување на компаниите што ѝ пружат услуги.

Трамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“

Одлуката уследи само неколку часа откако поранешната судијка на МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир.

Администрацијата на Трамп претходно веќе имаше воведено санкции против обвинителите и судиите на МКС, а оваа нова одлука претставува дополнителен чекор во конфликтот на Вашингтон со оваа институција.

„Претседателот Трамп никогаш нема да дозволи Меѓународниот кривичен суд да им суди на Американци“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио во соопштение до кое Ројтерс имаше пристап пред неговото официјално објавување.

„Токму затоа Соединетите Држави денес воведуваат санкции против Меѓународниот кривичен суд. Ќе ги забраниме трансакциите со овој суд што дејствува надвор од правилата, ќе му ги пресечеме ресурсите и ќе ја парализираме неговата способност за работа“, изјави Рубио.

МКС ги осудува санкциите: „Тие нема да ја запрат нашата работа“

Заменик-обвинителката на МКС, Нажат Шамим Кан, изјави за Ројтерс дека американските санкции мора да бидат осудени и дека тие нема да ја запрат работата на институцијата.

„Санкциите имаат за цел да го поткопаат владеењето на правото на меѓународно ниво и работата на независна правосудна институција“, рече Кан.

Таа нагласи дека судот ќе продолжи со работата на сите предмети, истраги и кривични постапки. Во центарот на спорот се Газа и Авганистан

Вашингтон долго време го критикува Меѓународниот кривичен суд поради налозите за апсење на израелски функционери – вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху – за наводни воени злосторства во Појасот Газа.

САД исто така се противат на претходната истрага на судот за постапките на американските трупи во Авганистан, истрага која во меѓувреме е завршена.

Меѓународниот кривичен суд е основан во 2002 година за да им суди на поединци осомничени за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид. Тој брои 125 земји-членки, вклучувајќи ги сите членки на Европската Унија и речиси сите членки на НАТО.

Соединетите Држави не се членка на судот.

Нобелова награда во услови на политички притисок

Нави Пилај, јужноафриканската правничка која во петок ја доби Нобеловата награда за мир за нејзиниот придонес кон меѓународното кривично право, служеше како судија во Меѓународниот кривичен суд од 2003 до 2008 година.

Во своето образложение, Нобеловиот комитет го истакна актуелниот период во кој судиите и меѓународните правни институции се соочуваат со политички напади.

„Меѓународен правен систем во кој воените злосторници одговараат за своите постапки, а жртвите на злоупотреба дочекуваат правда, е предуслов за мирен свет“, се наведува во соопштението.

Санкциите би можеле да влијаат врз банките и технолошките компании

Американските санкции генерално им забрануваат на компаниите со седиште во САД да деловно соработуваат со субјекти кои се под санкции. Ова би можело да доведе до затворање на банкарски сметки, прекин на осигурителното покритие и суспензија на софтверските услуги што му се обезбедуваат на Меѓународниот кривичен суд.

Претставниците на Судот со месеци се подготвуваа за можноста од воведување санкции. Според Ројтерс, тие вршеле премин од програмите на „Мајкрософт“ кон алтернативни софтверски решенија и правеле нови аранжмани за банкарски услуги и здравствено осигурување.

Претходно оваа недела, секретарот на Судот, Освалдо Завала Гилер, ја повика Европската унија да биде подготвена да го активира таканаречениот „статут за блокирање“ – механизам што ги штити европските земји од екстериторијалните ефекти на санкциите воведени од други држави.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос на улиците во Брисел: Запалени автобуси, судири меѓу демонстрантите и полицијата (ВИДЕО)

Голем штрајк против мерките за штедење ја парализираше Белгија, додека протестите во Брисел прераснаа во немири при што демонстрантите фрлаа предмети кон полицијата, палеа пожари и уништуваа јавен имот.

Хаос на улиците во Брисел: Запалени автобуси, судири меѓу демонстрантите и полицијата (ВИДЕО)

Приведени или уапсени се дваесет и едно лице, меѓу кои и 13 малолетници.

Според Ројтерс, десетици маскирани лица облечени во црно фрлале камења и други предмети кон полицијата, додека низ улиците одекнувале пароли против полицијата, а ѕидовите во близина биле испишани со слични графити.

Пожарникарите изгаснале повеќе пожари – вклучително и пожари во кои гореле автобуси – додека полицијата одговорила со солзавец и водени топови.

Полицијата соопшти дека околу 30.000 луѓе се приклучиле на главниот протестен марш, кој се одвивал мирно. Сепак, немири избиле во близина на централната железничка станица во Брисел и во центарот на градот, каде што групи луѓе фрлале шишиња, цигли, камења и пиротехнички средства кон полицајците, палеле пожари и уништувале јавен имот.

Поради инцидентите биле приведени или уапсени дваесет и едно лице, меѓу кои и 13 малолетници.

Штрајкот го парализираше транспортот, училиштата затворени

Штрајкот предизвика сериозни прекини во јавниот превоз и во авионскиот сообраќај, а потешкотии имаа и бројни училишта и градинки. Штрајкот беше организиран од двата најголеми белгиски синдикати: социјалистичкиот „FGTB/ABVV“ и христијанскиот „CSC/ACV“. Тие се противат на буџетските мерки за кои тврдат дека товарот од намалувањето на државниот дефицит ќе го префрлат врз работниците, пензионерите и домаќинствата со ниски приходи.

Белгискиот премиер Барт Де Вевер во четвртокот изјави дека болните мерки се неопходни и мора веднаш да се спроведат за да се спречи спиралата на растечки јавен долг и трошоци за камати, што би оставило тежок финансиски товар за идните генерации.

Студентите излегоа на улиците: „Образованието е право, а не привилегија“

На протестите се приклучија и студенти. Нивните демонстрации започнаа претходно овој месец во Лиеж, а потоа се проширија и во Брисел. Тие црпеа инспирација од протестите во соседна Франција.

Студентите се противат на зголемените трошоци за образование, пренатрупаните училници и реформите за кои стравуваат дека ќе го направат високото образование помалку достапно.

На транспарентите беа истакнати пораки како: „Образованието е право, а не привилегија“. „Никој воопшто не нè зема предвид и се чини дека никој не сфаќа оти и нам ни е тешко – и на работниците и на студентите. И ние се соочуваме со тешкотии, а ние сме иднината на оваа земја“, изјави за Ројтерс Емили Л'Оне, 23-годишна студентка од Лиеж.

Бран протести ја зафаќа Европа

Штрајкот во Белгија е дел од поширок бран протести што ја зафаќа Европа. Студентите во Франција, Италија и во други земји излегуваат на улиците поради прашања поврзани со финансирањето на образованието, додека десетици илјади луѓе во Шпанија протестираа против станбената криза.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер