Санчез очекува историска излезност на вонредните избори во Шпанија- новата влада треба да се формира за два месеца
2Санчез очекува историска излезност на вонредните избори во Шпанија- новата влада треба да се формира за два месеца
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
МакедонијаБугарско МНР за изјавите на Мицкоски: Недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд Уште еднаш потсетуваме дека Европскиот консензус од јули 2022 година, одобрен од сите земји-членки на ЕУ и Скопје, останува валиден патоказ за напредокот на соседната земја во нејзиниот пристапен процес. Зачудувачки е што обврските преземени од Македонија од страна на нејзиниот премиер се доживуваат како „мешање во нејзините внатрешни работи“. Ова се наведува во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Бугарија на, како што се посочува, „последователните јавни настапи на премиерот на Македонија“. - Ваквите изјави ги сметаме како уште еден обид да се заобиколат преземените обврски и да се сврти вниманието на јавноста од недостатокот на реформи. Претседателот на Владата на Македонија уште еднаш демонстрира недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд за човекови права. На тој начин, сакајќи или несакајќи, промовира манипулативни и лажни тези, кои би можеле да се сметаат за вистинско мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, стои во реакцијата на бугарското МНР. Премиерот Хрисијан Мицкоски денеска по поставување камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“, одговарајќи на новинарско прашање какво е расположението во ЕУ за потпишување изјава од страна на Европскиот совет, Европската комисија или од бугарска страна, за тоа дека вметнувањето на Бугарите во Уставот ќе биде единствено билатерално прашање на нашиот пат кон ЕУ, рече дека досега слушнал многу изјави, но оти треба да се гледаат делата и потсети дека високи претставници на ЕУ велеле оти промената на името на државата е последната работа што треба да се направи. -Се сеќавам кога високи претставници на ЕУ, придружувани од високи претставници на други земји во светот, седеа пред мене и ми велеа – името е последната работа што треба да го направите. Нормално ние и тогаш бевме против, но и тогаш им велев дека не ја говорат вистината и дека не е последната работа. Треба да видиме дела, а дела според мене претставуваат признавање на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур за македонската заедница во Бугарија. Јасно и недвосмислено признавање на многувековниот македонски идентитет и јасно и недвосмислено признавање на многувековната македонска култура, традиција, обичаи, и јасно и недвосмислено признавање на македонскиот јазик кој е официјален јазик во ОН од 1945. Мораме да ги почитуваме принципите, во спротивно имаме сериозен проблем, изјави. Премиерот додаде дека ние како држава немаме проблем со другите народи, напротив ги почитуваме. -Ако некој има проблем затоа што некој поголем од него му дава совети, а некој тоа го сфаќа како мешање во внатрешните работи на една суверена држава, тогаш ова што го слушаме од страна на нашиот источен сосед, ако не е мешање во внатрешните работи на суверена држава, не знам за што станува збор. Така што, ние не сме народ што има проблем со други народи, напротив, ги почитуваме нашите соседи, и Албанците и Србите, Грците, Бугарите, но бараме подеднакво почитување и за нас Македонците, рече Мицкоски./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Зимската служба на Општина Кавадарци работи со полн капацитетЗимската служба на Општина Кавадарци работи со полн капацитет, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови.Во моментов механизацијата е ангажирана на расчистување на патниот правец кон Бошавијата и горните села, каде што се работи на отстранување на снегот и одржување на проодноста на патиштата. Екипите и механизацијата се на терен и продолжуваат со активностите согласно временските услови и потребите. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја прилагодат брзината на условите на патот, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
ЕвропаСанчез очекува историска излезност на вонредните избори во Шпанија- новата влада треба да се формира за два месеца Привремениот премиер на Шпанија, Педро Санчез, од социјалистичката партија PSOE, гласаше денес на предвремените парламентарни избори и изрази увереност дека излезноста ќе биде историски висока и дека има добро чувство за изборите.Тој им рече на новинарите на гласачко место во мадридскиот округ Монклоа дека „гласот е најголемата моќ“ и дека би било добро сите граѓани кои имаат право на глас да излезат на гласање, објави шпанскиот јавен радиодифузен сервис RTVE. „Колку е поголема излезноста, толку подобро ќе се одразат чувствата на граѓаните и толку поголема сила ќе има владата за да продолжи да ги спроведува своите политики“, рече Санчез. Избирачките места се отворија утрово во Шпанија за предвремените парламентарни избори кои би можеле да ја доведат крајната десница на власт за прв пат откако земјата се врати во демократијата по смртта на генералот Франциско Франко во 1975 година. Повеќе од 100.000 припадници на Националната полиција и Цивилната гарда ќе се грижат за безбедноста на 22.493 избирачки места. Право на глас имаат повеќе од 38,5 милиони гласачи, избирајќи ги сите 350 членови на Долниот дом на парламентот преку затворени партиски листи, како и 208 од 266 членови на Сенатот. Премиерот го избира исклучиво Долниот дом, додека преостанатите сенатори ги назначуваат регионалните парламенти. Новиот Долен дом ќе се состане на 23 декември за да го избере претседателот на парламентот, а потоа шпанскиот крал Фелипе ќе предложи кандидат за премиер, кој обично е лидер на партијата што освоила најмногу гласови. За да биде избран, кандидатот мора да обезбеди апсолутно мнозинство, или најмалку 176 гласови, или едноставно мнозинство во вториот круг гласање. Нема рок за преговори за владина коалиција, но новата влада мора да се формира во рок од два месеци од тоа гласање за да се избегнат нови избори. Иако редовните избори не беа закажани до следното лето, шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез ги распиша изборите откако конзервативната Народна партија (ПП), крајнодесничарската Вокс и десничарската каталонска сепаратистичка партија „Заедно за Каталонија“ ги отфрлија итните законски мерки предложени од неговата влада за решавање на станбената криза во земјата. Анкетите на јавното мислење пред изборите покажуваат дека Санчез нема да успее да го продолжи својот осумгодишен мандат, а се очекува конзервативната Народна партија (ПП) на Алберто Нуњез Фехој да освои најмногу гласови и би можела да формира влада со поддршка на крајнодесничарската Вокс. Педро Санчез, еден од последните левичарски лидери во Европа, ги распиша изборите откако парламентот ги отфрли неговите декрети на 2 октомври, кои беа наменети за ублажување на растечкото незадоволство поради зголемувањето на кириите и присилните иселувања.Тагови: Педро Санчез Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПриватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор Здружението на приватни гинеколози и акушери реагира на соопштението на Фондот за здравство за наводна согласност за новиот петгодишен договор.. -На разговорот не беше постигната согласност. Фондот не прифати ниту еден од нашите предлози, а Здружението не даде согласност ниту за новиот договор ниту за повисоките договорни казни. Соопштението на ФЗО остава впечаток дека договорите се усогласени со претставниците на сите здравствени дејности. Во делот што се однесува на матичната гинекологија, таквиот впечаток е погрешен. Бараме ФЗО јавно да појасни дека новиот договор за матичните гинеколози е утврден без согласност од нашето Здружение и да образложи зошто не ги прифати предлозите што ги доставивме – реагираа од Здружението на приватни гинеколози.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook