Бугарскиот Премиер во самоизолација

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов е во самоизолација откако имал контакт со заменикот министер за градежништво Николај Нанков, кој бил позитивен на коронавирус.

Борисов се тестирал денес пред средбата во Софија со Кеј Кач, членот на американскиот Стејт Департмент за економски раст, енергија и животна средина, пренесе „Ројтерс“.

Претходно Борисов е информиран дека Нанков е заразен со Ковид-19. Поради што ќе остане дома додека здравствените работници не проценат дека е безбедно да излезе од карантин.

„Чекам инструкции од здравствените работници и до тогаш ќе бидам во самоизолација. Последниот контакт со Нанков го имав во понеделник“, напиша Борисов на Фејсбук.

Ковид-19 и по девет месеци останува мистерија за матичните лекари

Пациентка цел месец со температура предизвикана од Ковид 19, други пациентки се позитивни и по три недели од направените контролни тестови, а немаат симптоми, маж два пати заболел од корона вирус. 

Матичната докторка и педијатрка Мира Атансова со набројувањето на овие специфични случаи со КОВИД 19 објаснува колку вирусот е се уште непредвидлив и опасен. Во случајот со повторената инфекција од корона вирусот кај мажот вториот пат симпотмите биле многу потешки од првиот пат.

Според досегашното искуство заразените кои го изгубиле осетот за мири и вкус поминуваат со полесни симпотми. Најтешка клиничка слика се развива кај пациентите над 35 години, заразата почнува со силни болки во мускулите и губење на силата.

За педијатрите се уште е проблем закажувањето на тестовите, термините брзо се резервираат, најголем проблем е кога матичните се втора смена, тој ден не може да најдат термин.

Градоначалникот на Прилеп бара поригорозни мерки во општината

Воведување на поостри мерки за спречување на ширењето на заразата во Прилеп, бара градоначалникот на градот Илија Јованоски.

Дали тоа да биде карантин ќе одлучат надлежните, вели за Канал 5 Јованоски, и додава, моменталните мерки не даваат резултат.

Според последниот корона-билтен, токму во Прилеп регистрирани се и уште 6 смртни случаи само во последното деноноќие, најмногу, споредено со останатите градови.

Во меѓувреме, сите ковид-центри низ земјава се полнат со пациенти, а граѓаните, периодов, преку социјалните мрежи реагираат и на лоши болнички услови. Дел од нив тврдат и оти нивни блиски не добивале навремена нега. „Под лупа“ на Државниот санитарен и здравствен инспекторат се случајот со 41-годишна пациентка од Штип, за која нејзиното семејство обвинува оти иако со часови барала, не и донеле кислородна боца. Инспекторите треба да утврдат и зошто пациенти во битолската државна болница примале инфузија до починати?

Лекарите велат дека македонскиот здравствен систем носи болести од минатото. Талогот од нерешените проблеми, сега, во време на пандемија, излегуваат на површина, вели за Канал 5 Д-р Мехмедовиќ.

Минаа речиси четири недели од воведување на последните превентивни мерки, забрани за собирање на отворено, постојано носење на заштитни маски. Здравствените власти очекуваа истите да дадат резултат еднаков на мерката „полициски час“, но засега, според секојдневната статистика, не се забележува намалување на бројот на новозаразени.

Османи: Работиме на враќање на довербата во договорот со Бугарија

Министерот за надворешни работи Османи потврди дека има размена на нови предлози со Бугарија за надминување на спорот, но содржината и деталите засега не сака да ги коментира, како што вели, додека нема согласност од двете страни. 

По официјалното вето од минатата недела и во пресрет на состанокот на министри на ЕУ закажан за 8 декмеври, Османи вели дека е во комуникација и со неговата колешка Захариева..

-Се додека се идеи и предлози за кои нема согласност остануваат само идеи и не можеме отворено да зборуваме за нив. Главно зборуваме во однос на загриженоста за територијални претензии, во однос на малцинствата, работата на Историската комисија, за економските односи, инфраструктурните односи и говорот на омраза,изјави Бујар Османи – министер за надворешни работи.

Соседна Бугарија не ни го спори македонскиот идентитет и јазикот, а историчарите се близу до решение и за идентитетот на Гоце Делчев, тврди Османи. Вели дека официјално нема медијатори за двете држави да најдат заеднички јазик , но најангажирана е германското претседателство.

- Правото на самоопределување е и право на граѓаните да кажат кој јазик го зборуваат. Тоа право Бугарија не го спори. Треба да се поздрави што не спори никакви идентитетски прашања, исто така прашањето за Гоце Делчев е отворено во комисиите и разликите се веќе во нијанси,изјави Бујар Османи – министер за надворешни работи.

Два дена откако беше отркиено дека има размена на документи на релација Скопје-Софија, нема реакции од бугарската влада. Денеска единствено во јавноста се појваи европратеникот Андреј Ковачев, кој во интервју за бугарската БТВ вели дека главниот проблем за нив останува толкувањето на историјата.

Тонско – Андреј Ковачев – европратеник

-Тие помислија дека Бугарија во поглед на прашањата за европската интеграција нема да прави никакви проблеми за Македонија и затоа што ние имаме едно длабоко внатрешно чувство на љубов кон нашите сонародници со кои сме биле еден народ во минатото и остануваме со тоа чувство. Да не заборавиме дека 150 илјади од нив веќе од 90 години добија бугарско државјанство, декларирајќи бугарска самосвест. )

Шефот на македонската дипломатија Османи вели дека решение за пробелмите мора да се најде наскоро и Македонија до крајот на годинава да ги почне преговорите за члнество во ЕУ. Во спротивно смета дека не очекуваат, како што рече, катастрофални последици.

притисни ентер