3ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
БалканБугарскиот патријарх Даниил изрази сочувство за упокојувањето на митрополитот ТимотејБугарскиот патријарх Даниил изрази сочувство за упокојувањето на митрополитот Дебарско-кичевскиот Тимотеј.Бугарскиот патријарх и митрополит Софиски Даниил му изрази сочувство на поглаварот на Македонската православна Црква - Охридска архиепископија г.г. Стефан за упокојувањето на на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, се наведува во соопштението, објавено на веб страницата на Бугарската патријаршија, јави БТА. - Ваше Блаженство, со болка и тага ја примивме тажната вест за упокојувањето во Господа на мошне вредниот за нашите срца и возљубен брат митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. Ќе го паметиме како извонреден епископ и добар пријател на светата Бугарската православна црква, кој годинава ја почести со своето присуство како на опелото на нашиот блажен претходник бугарскиот патријарх и Софиски митрополит Неофит, како и за мојот избор и устоличувањето на крајот на јуни. Ќе го паметиме по неговата благочестивост и посветеност на делото и мисијата на светата Христова Црква, на која тој го посвети целиот свој живот. Во овие тешки мигови за Вас и за целата Православна црква на Северна Македонија, изразуваме искрено сочувство за привремената разделба со нашиот укопоен брат, се наведува во телеграмата за сочувство на патријархот Даниил. Во телеграмата се наведува дека упатуваат сесрдни молитви за упокоениот владика Тимотеј. -Сесрдно го молиме Себлагиот Бог, Кој „не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него сите се живи“ (Лука 20, 38), да го упокои Својот верен слуга, новопреставениот владика Тимотеј, да му го прости, како Благ и Човекољубец, секое волно и неволно прегрешение и да го прими во лоното на праведниците – таму каде што грее светлината на Божјото лице. Господ да го прости и упокои во Своето Царство Високопреосвештениот Дебарско-кичевски митрополит Тимотеј, дарувајќи го му Своето вечно спасение, а нас да нè помилува! Го прегрнуваме Ваше Блаженство со братска љубов во Христа, се наведува во сочувството на патријархот Даниил изразено до архиепископот Стефан. Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошкиот манастир во Охрид, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква. Заупокоената Света Литургија и Опелото ќе бидат извршени во четврток во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот. Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир во Охрид. САС на МПЦ-ОА завчера соопшти дека по кратко боледување, се упокои во Господа Неговото Високопреосвештенство, митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Поплави во Кина, евакуирани 54000 жителиВо Кина, околу 54.000 луѓе се евакуирани поради поплави, вклучително и 8.000 преместени во привремени прифатилишта, што е последица на обилните врнежи предизвикани од тајфунот Нара.Поплавите особено го погодија регионот Гуангси, а метеоролозите предупредуваат на нови обилни врнежи во наредните денови, јавува CCTV. Водостоите на 15 реки го надминаа прагот за издавање предупредувања. 8月23日,网友发布视频显示,广西崇左宁明县洪水过境导致县城被淹没。 网友表示:我家被淹了,一夜之间被淹了😭大家注意安全! 有网友发布汽车被洪水冲走的视频,竟然还被举报!是害怕境外势力知道中国又淹水了吗? https://t.co/TDcI6l13ky pic.twitter.com/7iA2DADabD — YiFeng Su (@sam51824016070) August 23, 2026 Снимките емитувани на кинеската телевизија прикажаа поплавени патишта и спасувачи кои газат низ вода длабока до колена, користејќи гумени чамци за да ги евакуираат жителите од поплавените населби. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДрама во Романија, веднаш подигнати два авиона Ф-16 Радарскиот систем за надзор на Министерството за национална одбрана на Романија регистрираше повремени сигнали во воздушниот простор на Република Молдавија, во областа Кахул, утрово околу 6 часот, поради што беа испратени борбени авиони.Како што беше наведено, еден од тие сигнали подоцна се појавил во областа Таргу Бујор, во округот Галац. Според соопштението на Министерството за национална одбрана, два авиони Ф-16 на романското воено воздухопловство и еден хеликоптер биле подигнати за да ја следат ситуацијата, пренесува Аџерпрес. Како што беше наведено, Националниот центар за воена команда го извести Генералниот инспекторат за вонредни ситуации за воспоставувањето мерки за предупредување на населението во зафатеното подрачје. Ова не е првпат Романија да крева борбени авиони поради војната во Украина, бидејќи беспилотните летала, поради попречување на сигналот, често завршуваат во земјите што граничат со Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook