ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
2ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
БалканБугарскиот парламент одобри испраќање непотребно оружје во УкраинаБугарскиот парламент денеска одобри дополнителна воена помош за Украина за војната со Русија, јави државната агенција БТА.Пратениците одобрија испорака на Украина на неисправни ракети земја-воздух за рускиот систем за воздушна одбрана С-300 и муниција за автоматско оружје од мал калибар, отфрлени од Министерството за внатрешни работи. Воените експерти велат дека ракетите не можат да се поправат во Бугарија, но Украина може, или да користи делови од нив. Началникот на Генералштабот, адмирал Емил Ефтимов, ги увери пратениците дека испраќањето оружје нема да и наштети на одбраната на Бугарија. Тој изјави дека „немаат намера да и го дадат (на Украина) целиот ракетен комплекс С-300 додека не најдат можност за замена“. Гласањето ја покажа поделеноста на земјата околу испраќањето воена помош за Украина - наиде на критики од Социјалистичката партија и проруските националисти од Партијата на преродбата кои гласаа против испраќањето на помошта. Бугарија сè уште има залихи на застарено советско оружје и многу фабрики за муниција за нив, иако влезе во НАТО во 2004 година./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплувањеПроменливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР. Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд. Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеВременски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месециНаглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“. При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот. Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа ЕуростандардСекој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски. Така да, ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со банкарскиот систем на земјава. Таквата саботажа на СДС, ја потврдува нивната неконструктивна улога од која штета имаат бизнисите, економијата и граѓаните. Премиерот не носи банки. Но очигледно, тие се поучени од времето кога братот на експремиерот Вице Заев, со неговите бизнис партнери земаа кредити без покритие од Еуростандард банка, со што ја уништија банката и ги украдоа граѓаните. Е тоа е криминал. Разликата помеѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен односно престана да постои нејзината матица која е во друга држава. Но за среќа, решение ќе има и граѓаните нема да се дозволи да бидат оштетени, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter