БалканБугарски европратеници: Извештајот на Вајц е опасен преседан за преговорите со ЕУНа еден месец пред гласањето и во екот на преговорите по амандманите, бугарските европратеници со писмо против извештајот на Томас Вајц.На еден месец пред гласањето и во екот на преговорите по амандманите, бугарските европратеници со писмо против извештајот на Томас Вајц, кого го обвинуваат за „опасни преседани“ и директно поткопување на преговарачката рамка на земјава со ЕУ. Најспорен за нив е амандманот на Вајц на извештајот со кој тој бара јасно разграничување дали Протоколот со Бугарија е дел од преговарачаката рамка на земјава или не. Писмото кое е испратено до известувачите во сенка и праламентарните групи во ЕП е потпишано од сите бугрски европратеници, а во него се обвинува земјава дека се обидува да ја промени преговарачката рамка и да не ги исполни преземените обврски, нешто за што велат дека не остава простор за интерпретации. „Сметаме дека е важно повторно да потврдиме дека Протоколот е составен дел од Европскиот консензус одобрен од сите 27 земји-членки и прифатен од самата Македонија. Поточно, Амандманот 108 поднесен во годишниот извештај за Македонија е многу проблематичен. Со повикување на Правната служба на Советот да „разјасни нејаснотии“ во врска со статусот на Протоколот бр. 2, вештачки и намерно се создава впечаток дека постојат такви нејаснотии. Всушност, Протоколот е дел од Европскиот консензус од 2022 година и вграден во Преговорната рамка. Нема правна несигурност што треба да се разјасни.“ Вајц пак, во интервју за Канал 5 порача дека очекува амандманот да помине, иако како што кажа, тој би можел да биде модификуван. Според него, не станува збор за политичко прашање, туку за разјаснување што се очекува од Македонија да исполни на патот кон членство. „Најпрво, ова е правно прашање. Не станува збор ниту за тоа дали јас фаќам нечива страна, без разлика дали едната или другата интерпретација е вистинската. Но, фактот што има различни интерпретации и нема целосна јасност од страна на Советот на ЕУ ме мотивираше да го предложам овој амандман. Тој се уште е во текстот, да видиме дали ќе ги преживее и конечните преговори. Можеби, ќе го модификуваме дополнително, но потребна ни е јасност за тоа што ЕУ очекува од С. Македонија да исполни?“ Во меѓувреме, најавите од Бугарија се дека нашиот источен сосед до крајот на неделава би можел да има нова влада предводена од поранешниот шеф на државата Румен Радев. Идните приоритети во кабинетот на претседателкта Јотова ги презентираа претставници од неговата партија, а во делот за надворешната политика посочија дека нема да има промени од курсот кој Радев го одредил додека бил на чело на државата. Тагови: Томас Вајц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Супа од тикваВо понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.Состојки за денешниот рецепт: 1 помека тиква 2 главици кромид 2 моркови 4 чешниња лук 1 парче сирење 400 гр. шманд или кисела павлака 100 гр. печени семки 100 мл. маслиново масло 2 големи лажици сув зачин 2 големи лажици куркума Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИрачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку ИракИрачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак. Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата. Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа. Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.Тагови: Ирак Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook