Бугарката Андреа платила 20.000 евра за да има најголеми усни на светот, сака поголеми (ФОТО)

Во денешно време не е неопходно да се има талент за да се биде познат.

Очигледно е дојдено до тој степен да можеш да станеш популарен кога е изгледот во прашање, а на таа „карта“ игра Андреа Иванова, Бугарката која е позната низ светот поради апетитот за естетска хирургија и зафати. Таа е популарна најмногу поради нејзините усни кои се сметаат за најголеми усни на светот.

По 43 успешни корекции на усните за кои платила повеќе од 20.000 евра, направила и четири хијалуронски инјекции во јаготките, поради усните кои и го „спуштале“ лицето. За вбризгување хијалурон во јаболчниците платила околу две илјади евра, а за поправки не ги штедела ниту градите.

Од 2018 година работи на својот изглед со пластични хирурзи, а наведува и дека нејзиниот изглед привлекол многу мажи кои сакаат да ја финансираат. Сепак, таа еднаш изјави дека ја бара вистинската љубов, но никаде ја нема на повидок.

Сега повторно успеа да го привлече вниманието кон себе, кога реши да плати нова инјекција со хијалуронска киселина, како подарок за претстојните празници. Покрај оваа идеја, се разговараше за неа кога се појави фотографија како изгледала пред сите корекции.

Мицкоски на важни средби во Вашингтон: Лобираме за македонските интереси (Видео)

За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.

Претседателот на Владата Мицкоски имаше вечера со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов - американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компании, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски, сопственик на „Рамбл“ групацијата.

На средбата се разговараше за конкретни проекти од областа на економијата, можностите за инвестирање и продлабочена соработка помеѓу двете држави.

„Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните. Меѓудругото ги посочив напорите кои Владата ги дава за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување на инвестиции во државата и поволностите кои се нудат.

Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас.“, истакна премиерот Мицкоски.

Меѓудругото Претседателот на Владата Мицкоски учествуваше и на прединагурациската свеченост МАГА- бал кој се приредува од поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп.

Таму претседателот на Владата Мицкоски оствари разговори со повеќе високо етаблирани активисти и поддржувачи на американскиот претседател, како што е новинарите и медиумските личности Такер Крлсон, Мегин Кели и со Патрик Бет Дејвид бизнисмен и сопственик на американскиот култен бејзбол клуб Њујорк Јенки.

За средбата со еден од највлијателните американски новинари Такер Карлсон, Мицкоски истакна дека тоа можност за размена на мислења и ставови за државата и регионот.

Воедно за средбата за спортскиот гигант Патрик Бет Дејвид премиерот Мицкоски истакна, спортот знае да обединува. Добра прилика за размена на ставови за спортот и она што преставува пасија за многу луѓе.

Денес Претседателот на Владата Мицкоски оствари средба и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.

За средбата Мицкоски истакна:

„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата“, посочи Мицкоски.

Синер ги загрижи обожавателите: Имав вртоглавица, разговарав со лекар

Бранителот на титулата Јаник Синер призна дека имал среќа да го преживее неговиот натпревар од четвртото коло на Австралија опен против Холгер Руне.

Се чинеше дека Синер е во голема неволја откако го загуби вториот сет и зеде долг медицински тајмаут на почетокот на третиот додека се обидуваше да остане на ниво. Италијанскиот тенисер на крајот постигна успех над Данецот со 6:3, 3:6, 6:3, 6:2.

- Не се чувствував многу добро. Мислам дека го видовте тоа. Веќе разговарав со докторот пред да излезам на терен. На моменти ми се вртеше малку. Не сакам да навлегувам во детали, изјави Италијанецот. .

Следен противник на Синер ќе биде Австралиецот Алекс Де Минаур, кој стигна до своето четврто последователно Гренд слем четвртфинале и прв во Австралија со победата над Американецот Алекс Микелсен со 6:0, 7:6(5), 6:3. /МИА

Екс членка на Левица ги обвини Апасиев и колегите за хипокризија: Друг да лажете!

Фејсбук став на Сандра Грамосли, екс заменик координатор на Левица - Сектор Урбанизам и локална самоуправа.

Во продолжение интегралниот текст од објавата:

„“Они НЕ земале патни трошоци.”

Друг да лажете што не бил со вас! Како бе мене ми плаќавте патни трошоци од партијата (со пари на народот), додека ве развозував низ цела држава?

Ко што и сега си ги плаќате патните трошоци од сметка од партија и собирате патарини по пат, сметки од гориво и кафани за да и ги врачите на генералната да ги оправда.

Немојте бе, немојте да изигравате месии и маченици. Парите на партијата, добиени со гласови од народот ги арчите за ПАТНИ ТРОШОЦИ, судски процеси со новинари, бивши основачи на партијата, луѓе (народ) кој не се согласува со вас на Фејсбук, ги арчите за да спонзорирате постови на Фејсбук (36.400 евра бате само за официјален пејџ), за да си купите службени возила, да си направите најмодерно седиште за вашите состаноци (додека ограноците сами си ги опремуваат канцелариите со сопствени пари, дека партијата нема, нели?), да си купите пола зграда, да си отворите кафич, да си ги излечите детските фрустрации.

Просто наивен е оној кој ви верува дека ќе чепнете од вашите 110-120.000 денари, за било што освен за вашите лични задоволства.

Немојте со парите од народот да го платите бар сопственото членство за работата што ја обавува за вас. Ќе си работат они за безпари, за каузата, за Репубиката, за ДА ЗНААТ НИВНИТЕ ДЕЦА ДЕКА НЕ МОЛЧЕА, и за сите ваши фрази што ќе им ги сервирате.

Вода, е*ана вода не му дадовте на членството што дојде од цела Македонија за вашиот пленум! Организиравте ли вие тогаш превоз за вашето членство за да си ја пререгистрирате партијата? Му плативте ли на членството патен трошок затоа што дојде до Скопје? Ко што си ги плаќате вие патните трошоци со парите од партијата?

Еј! Абе нема да гледаме што правите, само што зборувате!„

притисни ентер