3Николовска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во здравствените работници, нови 300 специјализанти и повисоки плати за 40% до крај на мандатот
БалканБугарија забрани влез на автомобили со руски регистарски таблички До крајот на денешниот ден Бугарија ќе забрани влез на автомобили со руски регистарски таблички, најави шефот на бугарската гранична полиција Антон Златанов.„До крајот на денешниот ден ќе почне забраната за влез на руски автомобили на територијата на Бугарија“, рече Златанов и додаде дека забраната за влез на руски камиони е во сила веќе неколку месеци. Забраната, која е дел од санкциите што Европската Унија ги воведе кон Русија поради инвазијата на Украина, веќе е во сила во Литванија, Летонија, Естонија, Полска, Финска и Норвешка, која не е членка на ЕУ. Финските власти претходно појаснија дека забраната нема да влијае на граѓаните и семејствата од ЕУ, вклучително и оние со други државјанства кои постојано живеат во Русија. Исто така, ограничувањата не важат за возила со дипломатски регистарски таблички и возила кои вршат хуманитарен превоз. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаПриведено лице од скопско, барано за издржување двегодишна казна затворНа 24.08.2026 во 17:25 часот во с.Морани, скопско, врз основа на судска наредба, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа Б.А.(20) од с.Студеничани, скопско. Претходно, тој со возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, но набргу потоа со возилото удрил во бетонски ѕид, а потоа, движејќи се наназад, удрил и во возило „шкода јети“, сопственост на МВР. Откако е приведен, извршени се дополнителени проверки и било утврдено дека бил баран за издржување казна затвор од две години за сторени кривични дела по член 292 и член 288 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУапсени се поранешниот претседател на Ерменија и неговиот син Поранешниот претседател на Ерменија, Роберт Кочарјан, и неговиот најстар син, Седрак, се уапсени во рамките на кривична истрага за корупција, соопшти денеска Антикорупцискиот комитет на Ерменија.Претходно денес, комисијата соопшти дека се спроведуваат претреси и други процедурални дејствија на неколку десетици локации поврзани со Кочарјан и членови на неговото семејство, пренесе порталот „Армен прес“. Шефот на кабинетот на Кочарјан, Баграт Микојан, изјави дека поранешниот претседател утрово бил одведен во Комисијата за борба против корупцијата. Од канцеларијата на поранешниот претседател исто така потврдија дека тој бил одведен во Комитетот од страна на припадници на органите на редот. Полицијата исто така влезе во становите на синовите на Кочарјан, Седрак и Левон, а пратеникот од партијата „Ерменска унија“, Месроп Манукјан, претходно на социјалните мрежи објави дека полицијата извршила претрес и во домот на Левон Кочарјан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколовска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во здравствените работници, нови 300 специјализанти и повисоки плати за 40% до крај на мандатот Кога зборуваме за јавното здравство мора да зборуваме и за луѓето кои се неговиот најважен столб.Лекарите, медицинските сестри, специјалистите и сите здравствени работници. Затоа владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори за решавање на еден од најголемите проблеми со кои се соочува здравствениот систем, недостигот на медицински кадар. Владата донесе одлука да го откочи процесот и да овозможи вработување на преостанатите 300 приватни специјализанти до крајот на 2026 година. Со ова се заокружува предвидената бројка од 600 приватни специјализанти од кои првите 300 веќе се вработени. Приоритет ќе имаат општите и хируршките болници надвор од Скопје, како и дефицитарните медицински профили. Тоа значи дека ќе го јакнеме здравствениот систем таму каде што има најголема потреба. Процесот ќе продолжи преку обновување на повикот и изразување интерес од кандидатите кои останаа надвор од првиот бран на вработување. И ова е сериозна поддршка за младите лекари. Но уште поважно ова е инвестиција во иднината на македонското здравство. Граѓаните од Штип, Тетово, Кичево и другите градови и региони мора да имаат пристап до специјалистичка здравствена услуга во своето место, а не да бидат принудени за секој преглед или интервенција да патуваат во Скопје. Со вработувањето на овие специјализанти им даваме перспектива на младите лекари, но истовремено обезбедуваме и посилни јавни здравствени установи низ целата држава. Паралелно со решавање на кадровскиот дефицит обезбедивме и раст на платите на здравствените работници и соработници во јавните здравствени установи. Овој раст е резултат на договорите што Владата ги потпиша со репрезентативните синдикати и е предвиден како долгорочен процес. Само во 2024 година средствата за плати во здравството се зголемија за 10% додека за 2025 година беше предвидено дополнително зголемување од 5% а за тековната 2026 година од 5 до 7%. Средствата за плати во здравството за следната 2027 година предвидено е да се зголемат за уште 5 до 7% додека за 2028 година од 7 до 10%. Тоа значи дека во периодот опфатен со договорите растот на платите во здравството ќе надмине 40%. Особено внимание посветуваме на медицинските сестри и средниот медицински персонал кои секојдневно се на првата линија во грижата за пациентите кои на крајот од 2024 година добија нето покачување од 3850 денари. Нашите здравствени работници заслужуваат подобри услови за работа, повисоки плати и сигурна професионална перспектива, затоа што здравствените работници се инвестиција во здравјето на секој граѓанин. Со конкретни мерки, чекор по чекор Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради здравствен систем со повеќе лекари, повеќе специјалисти, подобро платени здравствени работници и поквалитетна здравствена услуга. Александра Николовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Александра Николовска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter