ВМРО-ДПМНЕ: Филипче тоне со секоја следна анкета, народот не го поддржува, па се впушти во романса со Бугарија
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче тоне со секоја следна анкета, народот не го поддржува, па се впушти во романса со Бугарија
МакедонијаБугарија се откажа од номинацијата на Камчев за почесен конзулБугарија се премисли. Нема да го номинира бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот „Империја“ и сведок во аферата со рекетот, за почесен конзул во Македонија. Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за Канал 5, вели дека ваквата одлука ја донеле по реакциите во македонската јавност и противењето на владата. - Минатата година Камчев беше номиниран за бугарски почесен конзул, со аргумент дека тој е човек кој економски е многу влијателен, има свој авторитет во Македонија. Но кога македонските власти не ја поддржаа таа идеја, како што гледате Бугарија не го отвори тоа прашање, бидејќи како што гледате се работи за граѓанин на Р. Македонија. Инаку Бугарија го номинира, но кога Македонија кажа дека тој не е прифатлив за нас, нема проблем, се поистоветуваме со вашето мислење на крајот на краиштата, изјави Каракачанов. Тој вели дека со внимание ја следата аферата „Рекет“, но ги демантира сите шпекулации за некаква поврзаност на Бугарија со случајот. Такво нешто нема, кажувам најодговорно. Не сакам да навлегувам во детали но кажувам дека Бугарија не учествува во тој внатрешно – политички проблем на Македонија. Каде се наоѓа во моментов господинот Камчев јас не знам. Но дефинитивно тој скандал создава реакција во Македонија. Дека Бугарија и тамошниот премиер Бојко Борисов немаат никаква врска со случајот, тврдеше и премиерот Зоран Заев во интервју за бугарската БГНЕС. Целта и на двете земји како што рече премиерот Заев е Македонија и Бугарија да ги продлабочуваат добрососедските односи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
КошаркаОпштина Аеродром ќе биде домаќин на најголемиот 3х3 турнир во светот – „red bull half court“Општина Аеродром викендов ќе биде центар на уличната кошарка и домаќин на најголемиот 3x3 турнир во светот – Red Bull Half Court, што по четврти пат се одржува во Скопје.На 13 и 14 јуни, паркот „Авионче“ ќе ги собере најдобрите македонски баскетџии, кои на новиот реконструиран терен ќе се натпреваруваат за титулата национален шампион и за можноста да бидат дел од светското финале на Филипини. Настанот ќе се одржи на целосно обновениот терен во паркот „Авионче“, кој доби нов и модерен изглед, дополнително збогатувајќи го едно од најпосетените спортски катчиња во Општина Аеродром. Покрај возбудливите натпревари, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во настапот на светски познатиот Grabo Dunks, четирикратен FIBA шампион во забивање, кој ќе приреди атрактивно шоу за сите љубители на кошарката. Со одлична спортска програма, музика и богата атмосфера, Red Bull Half Court уште еднаш ќе го претвори Аеродром во центар на баскетот и на спортските возбудувања. Општина Аеродром ги поканува сите љубители на спортот да бидат дел од овој уникатен настан и да уживаат во незаборавен кошаркарски викенд во паркот „Авионче“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиТрет ден од Светската универзијада во Бразилија: Два нови тимски медали за МакедонијаМакедонската универзитетска карате репрезентација продолжи со одличните настапи на Светската универзијада во Бразилија, а третиот натпреварувачки ден донесе уште два значајни медали во тимските кумите натпревари.Машкиот кумите тим прикажа извонредни борби во текот на целиот ден, а најголем впечаток остави во полуфиналето каде со одлична тактичка и борбена изведба ја совлада силната селекција на Турција и обезбеди пласман во големото финале. Во борбата за златниот медал против Шпанија, македонските каратисти повторно покажаа висок квалитет и огромно срце, но овојпат мораа да се задоволат со сребрениот медал, што претставува еден од најголемите тимски успеси на македонското универзитетско карате. Успешен ден имаа и девојките во кумите тимска конкуренција. Со сигурни и убедливи победи против Австралија и Чиле, тие стигнаа до полуфиналната фаза и борба за медал. По поразот од силната репрезентација на Шпанија, македонските каратистки го освоија бронзениот медал и уште еднаш потврдија дека припаѓаат на самиот светски врв во универзитетското карате. Со освоеното сребро кај мажите и бронзата кај жените, Македонија продолжува да испишува нови страници во својата карате историја на Светската универзијада во Бразилија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче тоне со секоја следна анкета, народот не го поддржува, па се впушти во романса со БугаријаФилипче тоне со секоја следна анкета, народот не го поддржува, па се впушти во романса со Бугарија да ги истурка уставните измени за властДемагошката програма на СДС полна со празни и излитени флоскули, на Венко Филипче не му носи никакви позитивни резултати или пак посакуван ефект. Тоа го потврдуваат и последните анкети кои повторно покажуваат огромна предност на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти СДС. Потиснат од ваквите резултати на јавното мислење, каде народот јасно потврдува дека не гледа опција во СДС, Филипче се впушта во романса со Бугарија сметајќи дека така ќе успее да им се допадне на граѓаните. Така, Венко Филипче се претвори во специјален бугарски пратеник кој е спремен да истурка промена на уставот за внесување на Бугарите, сметајќи дека така ќе успее да дојде на власт, наместо со победа на избори. Над 80% од македонските граѓаните сметаат дека уставни измени под бугарски диктат не е реформски чекор кон ЕУ и дека оваа отстапка не треба да се прави без предвидливост на евроинтегративниот пат и гаранции дека тоа ќе е последната отстапка која Бугарија ќе ја бара од нас. Но, сепак, за Венко Филипче и лојалистите на Зоран Заев собрани во врхушката на СДС ова не е важно и ако е до нив, тие уште утре ќе ги прифатат и потпишат бугарските барања. Оваа поданичката политика на Филипче и СДС кон Бугарија и Радев, веќе видена со Зоран Заев, не оди на добро на државата, а уште помалку му оди во прилог на Венко, чувар на партиската фотелјата на Заев. Едно е сигурно, ако Филипче продолжи со ваквиот понижувачки и вазалски однос кон Бугарија и Румен Радев, уште повеќе ќе се маргинализира на политичката сцена, затоа што македонските граѓани таков однос не прифаќаат и не одобруваат. Народот добро знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги штити националните интереси и токму затоа даваат и огромна поддршка на владејачката коалиција како на изминатите избори, така и на последователните истражувања на јавното мислење. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50