Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
2Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
БалканБугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформиДосега на Бугарија и се исплатени само 1,34 милијарди евра во рамки на Инструментот за закрепнување и отпорност, а покрај веќе неповратно изгубените 653 милиони, во ризик е добивањето и на преостанатите околу 3,55 милијарди евра. Поради одлагање во спроведувањето на планираните реформи, Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра во форма на грантови од Инструментот за закрепнување и отпорност на ЕУ, а ризикува дополнително да ги загуби и најголемиот дел од преостанатите предвидени средства од овој механизам за поддршка на Унијата. Според бугарскиот вицепремиерот Томислав Дончев, поради застојот во реформите ЕУ ќе ја одбие исплатата и на новата транша во рамки на Инструментот. За да може да ги користи предвидените средства во износ од над 5,5 милијарди евра за реализација на проекти од овој Инструмент на ЕУ, што би требало да и бидат исплатени во девет транши, Бугарија се обврза да спроведе вкупно 321 мерка и реформи, но досега имплементира само 115 од нив. - За четири години Бугарија спроведе само мал дел од реформите што и ги вети на Европската комисија, истакна Дончев. Досега на Бугарија и се исплатени само 1,34 милијарди евра во рамки на Инструментот за закрепнување и отпорност, а покрај веќе неповратно изгубените 653 милиони, во ризик е добивањето и на преостанатите околу 3,55 милијарди евра. Крајниот рок за исплата на предвидените средства е август 2026 година. - По овој датум, нема да бидат признати никакви трошоци. Ако имаме исплати за некој проект по овој датум, тие ќе бидат покриени од националниот буџет, изјави Дончев. Европската комисија ја запре исплатата на втората транша за Бугарија лани во октомври откако бугарското Собрание не успеа да ги усвои измените на Патоказот за климатска неутралност, поради блокадите од страна на пратениците на проруската националистичка партија Преродба и на популистичката Има таков народ (ИТН). Инаку, ИТН сега е дел од новата коалициска Влада формирана минатиот месец. Дополнително, Бугарија доцни и со спроведувањето на реформите поврзани со борбата против корупцијата и со усвојувањето на законите за личен банкрот и за заштита на укажувачите. Според Дончев, досега бугарската Влада добила средства за околу 10 проценти од проектите утврдени според нејзиниот Национален план за закрепнување и отпорност, па изгледа невозможно да се реализираат останатите 90 проценти за година и половина. Поради ова, тој најави дека Владата со Европската комисија договорила откажување од некои од планираните проекти - Доколку не бидат откажани, ќе треба да се финансираат од државниот буџет, што ќе генерира ризик од буџетски дефицит во 2026 година, нагласи Дончев. Ваквиот договор го потврди и министерката за финансии Теменужка Петкова, која информира дека „се идентификувани седум проекти што нема да бидат реализирани до 30 август 2026 година, а 15 други имаат многу мали шанси за реализација“. Една од програмите за која е најавено „доцнење“ во реализацијата е онаа за реновирање и енергетска ефикасност на старите станбени згради, за која од Инструментот за закрепнување и отпорност на Бугарија треба да и бидат исплатени над една милијарда евра. Ваквиот застој во реформите се должи и на фактот што во изминативе нешто повеќе од три години Бугарија беше раководена од технички кабинети или политички влади со краток мандат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
МакедонијаСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка муЗапечатена капија, непријатна тишина и љубопитни погледи – нова семејна трагедија ја потресе јавноста, син синоќа си го уби татка си во скопски Чаир, откако убиениот во алкохолизирана состојба физички ја нападнал својата сопруга и мајка на убиЗа семејната драма со смртни последици, остана да сведочи крвта која се уште е свежа на плочникот во тесниот двор. Членовите на семејството што ги затекнавме на местото, не сакаа да говорат пред камера за семејната драма со смртни последици се случила околу 23 часот, но во разговор ни посочија дека 31 годишниот Бесар, прво му задал еден удар со нож на 52 годишниот татко Авни, кој успеал да стане за да побара помош, по што неговиот син се вратил и му нанел уште неколку смртоносни убоди. Ножот, со кој го извршил убиството во обид да го прикрие го фрлил во оваа шахта тука, излегол на одредено време, а кога се вратил дома, полицијата набргу го пронашла, а по кратко време било пронајдено и оружјето. Според нашите инфомрации, настанот во МВР го пријавил таткото на убиениот и дедо на убиецот околу полноќ, повикал и итна медицинска помош, но веќе било предоцна. -Полициски службеници од секторот за внатрешни работи Скопје, го лишија од слобода 31 годишниот Б.Џ од Скопје, затоа што според пријавеното со нож му нанел убодни рани на својот татко. Таа по настанот била пренесена во Градската болница, Св. Наум Охридски во Скопје каде и била укажана помош,- -Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Дел од соседите велат дека во овој дом имало историја на насилство и викотници, на што се жалела 54 годишната сопруга на убиениот, за кој велела дека често бил во под дејство на алкохол.. Дали досега имало официјални пријави за семејно насилство до МВР се уште одговор нема, а од ОЈО Скопје велат дека издадени се насоки за случајот и дека постапката е во тек, а телото на 52 годишникот, по нивна наредба, е дадено на обдукција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
ЕвропаВидео: Петер Маѓар вози скутер во турските води, се пофали дека одморот си го платил самУнгарскиот премиер Петер Маѓар кој по самитот на НАТО во Турција останал на краток одмор во Анталија со своите синови, објави видео на социјалните мрежи на кое вози скутер на вода, се спушта по воден тобоган и шета по плажа.Откако снимката предизвика критики во Унгарија, премиерот нагласи дека станува збор за приватно патување. „Мало посебно издание за пропагандистите. Продолжениот викенд го поминав во турција со моите деца, а сите трошоци ги платив од свој џеб“, напиша Маѓар. Тој претходно најавил дека по самитот ќе помине четири дена на турскиот брег со своите деца и дека сите трошоци ќе ги покрие приватно. Маѓар додаде дека не користел буџетски средства ниту воен авион, туку патувал со редовна комерцијална авионска линија.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Реконструиран главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – КрњевоГрадоначалникот на Кавадарци, Митко јанчев преку социјалните мрежи информира дека завршила реконструкцијата на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево во должина од 6,5 км[📌] Заврши реконструкцијата на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево во должина од 6,5 км, со дуктилни цевки, а во рамки на истиот се изгради и нова хлорна станица. Ова е прва реконструкција на овој дел од системот. [✔️] Проектот е финансиран од Министерството за транспорт во финансиска вредност од 20 милиони денари, стои во објавата на Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter