Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци, утврди комитет на ООН - Канал 5

Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци, утврди комитет на ООН

Бугарија ја прекршува слободата на здружување со тоа што одбива регистрација на организација на етничките Македонци,утврдил Комитетот за човекови права на ОН, кој очекува Софија во рок од шест месеци  да ја исправи ситуацијата

Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци, утврди комитет на ООН

Бугарија ја прекршува слободата на здружување со тоа што одбива регистрација на организација на етничките Македонци,утврдил Комитетот за човекови права на ОН, кој очекува Софија во рок од шест месеци да ја исправи ситуацијата и да извести кои мерки ги презела. Во документот, кој беше јавно објавен вчера, се наведува дека станува збор за невладина организација за заштита на човековите права „Толеранција“, која поднела барање за регистрација согласно законските процедури, но добила негативна одлука од бугарските судови без детално образложение и нејасни одлуки, велат од Комитетот на ОН. Комитетот ја повика Бугарија да ги преиспита домашните судски одлуки со кои е одбиено регистрирањето и да му обезбеди компензација на подносителот на жалбата, кој е и основач на здружението...

– Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделени од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН.

Стојко Стојков од ОМО „Илинден“ – Пирин за Канал 5 ваквата одлука ја оцени како многу значајна во борбата за нивните права и докажувањето на системска дискриминација и негација на тамошните Македонци од бугарските власти.

- Тоа за нас е успех голем, симболичен, покажува дека нашата борба е праведна и дека државата навистина треба да запре да ги нарушува правата на своите граѓани со македонска самосвест. Не мислам дека ќе ја предизвика потребната промена, иако со сигурност е голем неуспех, морален удар за бугарската политика, бидејќи веќе не би можел никој сериозно да зборува дека не ги нарушува систематски правата на Македонците во Бугарија, бидејќи тоа е организирано на сите нивоа на државата за дискриминација и асимилација на Македонците во Бугарија, изјави Стојков за Канал 5.

Премиерот Мицкоски не очекува одлуката на Комитетот на ОН суштински да ја промени политиката на официјална Софија без силен притисок од Брисел и поголемите членки на ЕУм иако ваквите одлуки, како што рече, ја зајакнуваат позицијата на земјава на меѓународната сцена.

- И секој оној што мисли и верува во приказните дека ако се измени преамбулата на Уставот и дека тука завршуваат нашите предизвици и маки се лаже. Или не ја разбира политиката или свесно претставува меко ткиво на македонскиот идентитет и одработува за туѓите интереси. Јас мислам дека за жал се уште на политичката сцена имаме такви политичари којшто со своите мекоткивни политики ги нарушуваат позициите којшто оваа Влада макотрпно и жилаво ги гради, но очекувам веќе после следните парламентрани избори таа политичка партија да се маргинализираат и конечно да исчезнат од македонската политичка сцена, изјави Мицкоски.

Иако од Советот на Европа и е наложено на Бугарија да ги признае македонските здруженија таму и да прекине со рутинското одбивање на нивна регистрација, официјална Софија се уште ги игнорира 16-те пресуди на Судот во Стразбур за правото на здружување на Македонците во Бугарија

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Набуко“ од Џузепе Верди – моќна музика и вечна приказна за слободата на 30 октомври

На 30 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најпознатите и најзначајните дела во оперската уметност.

„Набуко“ од Џузепе Верди – моќна музика и вечна приказна за слободата на 30 октомври

Со моќна музика, драматичен заплет и силни вокални интерпретации, оваа опера ја раскажува судбината на еврејскиот народ и неговиот копнеж по слобода и татковина, носејќи универзална порака што и денес допира до публиката.

Операта ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис (Грција), во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров.

Насловната улога ќе ја толкува Марјан Јованоски, во улогата на Абигаиле ќе настапи Злата Тошевска Димовска, Николина Јаневска ќе ја игра Фенена, Ѓорѓи Цуцковски ќе настапи како Исмаил, а во улогата на Захарие ќе настапи Александар Стефаноски. Во останатите улоги ќе настапат Диме Петров, Јаворка Витанова, Јане Дунимаглоски, хорот, оркестарот, балетскиот ансамбл на Националната опера и балет и ученици при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ .

„Набуко“е лирско-драматична опера во четири чина, едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката. Својата праизведба оваа опера ја имала во 1842 година во Миланска Скала. Тоа е третата опера на Верди за која што се смета дека трајно ја воспоставила неговата репутација како композитор. Темата на операта е тешката историја на еврејскиот народ, нападнати и поразени, протерани од својата татковина, иако историските настани се користат само како позадина на романтичниот и политички заплет. Верди во една ноќ ја напишал надалеку познатата хорска арија која станала драматуршки и музички столб на делото „Va, pensiero, sull'ali dorate“ („Летај на златести крилја”).

Национална опера и балет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и посвежо

Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. 

Утре променливо облачно и посвежо

Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Актерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело

Михајлова е актерка со богат репертоар, со десетици улоги кои оставиле траен печат во македонскиот театар.

Актерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело

По предлог на НУ Народен театар – Битола и директорот Васко Мавровски, доајенката на македонската театарска сцена, актерката Соња Михајлова, е годинешна добитничка на највисокото општинско признание „4-ти Ноември“ за животно дело, што Општина Битола традиционално го доделува за Денот на ослободувањето на градот.

Михајлова е актерка со богат репертоар, со десетици улоги кои оставиле траен печат во македонскиот театар. Нејзината преданост, длабочината на интерпретација и неуморната љубов кон сцената ја врежаа не само во историјата на Битолскиот театар, туку и во колективната меморија на македонската културна јавност.

Михајлова е родена на 14 октомври 1958 во Битола. По завршувањето на средното образование во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола, се запиша на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што дипломира во класата на проф. Љубиша Ѓоргиевски. Вработена е во Народниот театар од Битола од 1984 година, а се пензионира во 2022 година.

Таа сѐ уште е активна на својата најсакана сцена – Битолскиот театар. Првенка е во ансамблот на НТБ, ангажирана низ годините во водечкиот репертоар на НТБ, со исклучителен придонес во афирмација на НТБ и македонскиот театар надвор од нашата земја. Во текот на актерската кариера има одиграно повеќе од 150 лика, на матичната сцена на Народен театар Битола и надвор од неа, во претстави и театарски дела.

Во Образложението на НУ Народен театар Битола при поднесувањето на предлогот до Општина Битола се вели:

„Со особена чест нашата институција ја предлага Соња Михајлова, пензионирана актерка и првенка на НУ Народен театар – Битола, за Наградата „4-ти Ноември“ за животно дело за 2026 година, што ја доделува Општина Битола. Во повеќедецениската кариера, Михајлова – како еден од столбовите на нашиот театар – изгради препознатлив актерски потпис: прецизна техника, суптилен емоционален актерски сензибилитет и моќна сценска естетика, сето тоа благодарение на нејзиниот професионализам, талент и креативност. На битолската сцена и на гостувањата низ земјата и во странство, каде што ја претставува културата и уметноста на нашата земја, а со тоа и мајмногу на градот Битола, таа одигра околу 150 значајни улоги во класичниот и современиот драмски репертоар само на битолската сцена, работејќи со домашни и светски режисери (САД, Русија, Холандија, Бугарија) на делата на Шекспир, Чехов, Достоевски, Горки, Лорка, Лопе де Вега, Васил Иљоски, Ристо Крле, Антон Панов, Владимир Костов, Горан Стефановски, Јордан Плевнеш, Дејан Дуковски и многу други. Од репертоарска година (2024/25), за споменување се претставите „Куфер“ и „Жиголо“ (режија: Благој Мицевски) и „Едмонд“ (режија: Оливер Мицевски), со кои таа продолжи да работи, а со тоа ид влијае врз естетиката и стандардите на македонскиот театар. Нејзиниот опус е валоризиран со истакнати признанија и награди, меѓу кои и Наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“, како и бројни награди на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, на ИФАД „Стоби“, на „Охридско лето“ и други.

Паралелно со сценските остварувања, Михајлова дава пример за професионализам и менторска поддршка на помладите генерации, освојувајќи ја публиката и поттикнувајќи го развојот на македонската култура како носителка на културни вредности и обележје на театарската историја. На филмските и телевизиските гледачи им е позната од „Бушавата азбука“, „До балчак“, „Кајмак“ и други проекти.

Имајќи го предвид нејзиниот остварувачки опус, нашата институција – НУ Народен театар – Битола – смета дека, поради уметничката зрелост, 42-годишната кариера во континуитет, посебните резултати и културниот и уметнички печат што го остави зад себе, Соња Михајлова е исклучително достојна лауретка на Наградата „4-ти Ноември“ за животно дело. Убедени сме дека ова признание ќе ја верификува нејзината долгогодишна посветеност и ќе го потврди значењето на нејзиниот творечки пример во нејзиниот град – на матичната битолска сцена, пред битолската публика – како составен дел од македонската и светската сцена“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер