Бугарија ја напушти коалицијата за помош на Украина - Канал 5

Бугарија ја напушти коалицијата за помош на Украина

Бугарија се повлекува од коалицијата на земји кои ѝ даваат поддршка на Украина во одбрана од руската агресија, објави претседателот Румен Радев.

Бугарија ја напушти коалицијата за помош на Украина

Иако учествуваше на претходните состаноци, Бугарија вчера не испрати свој претставник на состанокот на коалицијата во Париз.

„Ние не учествуваме во коалиција која инсистира на продолжување на финансиската и воената помош за Украина“, изјави Радев денес за новинарите. „Решението за овој конфликт не лежи во неговото продолжување со воени средства, туку во силна дипломатска мисија која конечно ќе ја запре ескалацијата“, додаде тој.

Радев уште минатата година изјави дека Европската унија нема своја визија за крај на војната во Украина, нагласувајќи ја неможноста на Европа да издејствува дипломатски мир во Украина, туку уништувањето на земјата продолжува со уште поголем број жртви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Подготвени сме за прекин на огнот по постоечката линија на фронтот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украина е подготвена за прекин на огнот по постоечката линија на фронтот и е за почеток на дипломатски преговори. 

Зеленски: Подготвени сме за прекин на огнот по постоечката линија на фронтот

Тој во интервју за „Ал Џезира“ на англсики јазик во Киев, рече дека таков потег би бил исклучително голем компромис.

„Подготвени сме да застанеме таму каде што сме сега. Станува збор за прекин на огнот на линијата на поделба. Тоа е компромис, се разбира, и многу голем“, рече Зеленски. „Свесни сме дека тој не сака да ја напушти нашата територија. Затоа велиме: во ред, да застанеме тука и да се свртиме кон дипломатијата“.

Зеленски, исто така, изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште има доволно влијание за да помогне во наоѓањето решение за завршување на војната..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран го користел сателитскиот интернет „Старлинк“ на Маск за напади врз американските сили

Иран ги користел услугите за сателитски интернет „Старлинк“ на компанијата „Спејс-Икс“ при напади врз американските сили, откако САД и Израел извршиле напади врз Иран, објави весникот „Вашингтон Пост“, повикувајќи се на свои извори. 

Иран го користел сателитскиот интернет „Старлинк“ на Маск за напади врз американските сили

Извршниот директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск, бил разбеснет кога дознал за две неовластени користења на „Старлинк“, за кои неговиот тим утврдил дека се поврзани со дејствијата на Иран против американските сили, се вели во извештајот, кој се повикува на две лица запознаени со внатрешните дискусии во компанијата.

„Старлинк“ нема дозвола за работа во Иран, но Маск претходно изјави дека услугата е активна таму.

Според „Волстрит Џурнал“, иранските власти го ограничувале јавниот пристап до интернетот за време на немири – вклучително и за време на смртоносните протести низ целата земја во јануари – по што американската влада прокриумчарила илјадници терминали на „Старлинк“ во Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декември

Александар Вучиќ најави дека главниот одбор на Српската напредна странка во четврток, на 3 декември, ќе одлучи дали и како партијата ќе учествува на претседателските избори. 

Вучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декември

Тој рече дека се разгледуваат три опции, а тој лично се противи на првата – СНС да настапи со свој кандидат. Втората опција како што рече е да поддржат независен кандидат, за што интерес покажала поранешната минстерка Зорана Михајловиќ, а имало идеи да се поддржи и сопственикот на Информер Драган Вучичевиќ, кој е во притвор.. Третата опција, за која најмногу се залагал Вучиќ, е воопшто да немаат кандидат..

Претседателските избори во Србија се закажани за 27 декември, а рокот за поднесување кандидатури истекува на 6 декември на полноќ. Студентското движење веќе го претстави Радомир Саичиќ, професор по хемија, академик и пратеник од Студентската листа, како свој кандидат за претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер