Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
1Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
2Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
3Демократска сенаторка на 82 годишна возраст раководела со мрежа на трговци со дрога, се огласи и ФБИ
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
3Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
МакедонијаБугарија и сите нејзини стапици кои нашите политичари не сакаат или навистина не ги гледаат!Бугарскиот политички естаблишмент но и поголем дел на тоа општество е навистина неразбрано од секој сериозен човек на планетава Земја. Нивните постојани обвинувања се сериозно опасни...зарем е можно да сме толку „општествено слепи“? Бугарската реторика која ја слушаме особено последниве 5 год. не е нешто што ние како граѓани на Македонија треба да го доживееме како предавство на „добриот“ ни сосед, туку како сублимат на политиките на Бугарија кои се препелкаат во нивното општество децении наназад.Но, тоа не значи нашите политичари особено актуелниве на власт дека треба да се однесуваат како политички „аутистични“ лица, и да ги затворат очите пред сите опасни, но истовремено и шовинистчко-хегемонистички тези и барања на соседот , кој со такви барања постојано ни покажува дека е се’ само не „добар сосед“. Политичарите во Македонија, особено оние кои се desicion-maker-и мора да ја покажат својата доблест, доколку ја имаат, и конечно да и ја претстават на јавноста вистината – договорот врз база на таканаречини „преговори “ со Бугарија , кој патем веќе постои од 2017 год., не може да се реализира поради Бугарските „надвор-од-задравиот-разум“ барања. Кои се најопасните барања кои официјална Софија постојано ни ги пласира, но кои гледаме дека се' повеќе се прифаќаат и од Бугарските општествени работници и интелектуалци кои се сметани во Македонија за релативно „умерени“? 1. Говор на омраза –Главната Бугарска дефиниција за говор на омраза е :историските факти во нашите учебници кои го нотираат светскиот докажан настан дека Бугарија во Втората Светска Војна била на страната на Хитлеровата оска и ја окупирала територијата на Македонија. Дополнително, секој акт, дури можеби и „строг поглед“ од некој Македонец за Бугарското општество е говор на омраза. Последна „fake” дефиниција беше изјавата на екстравагантната екс министерка за надворешни работи, Генчовска, на која актот на палењето на Алабаковски и беше „говор на омраза“?!? Ова е страшно опасна замка затоа што Бугарите сето ова го нотираат како „говор на омраза“ кој нема елементарен допирна точка со есенцијата на терминот, но нашите официјални лица мора јавно, јасно и гласно да искажат – што е говор на омраза, и дека историските факти или нечии лични акти не можат да бидат предмет на „говор на омраза“. Доколку лажно продолжи да се „пумпа балонот“ дека во Македонија постои говор на омраза ( истиот според сите светски легислативи се констатира само во судска постапка и никако поинаку ), еден ден, според Гебелсовата теорија, ќе се соочиме со „1000 пати повторената лага која ќе стане вистина“. Затоа мора веднаш да се спротивставиме на овие лажни тврдења од поголемиот дел од бугарското општество, затоа што официјален-службен „говор на омраза“ нема ниту кај политичките ниту пак кај општествените работници или пак медиумите. 2. Историски факти – мора да се стави крај на некакви преговори за имагинарни барања на Бугарската страна кои се нотирани и во рамковната резолуцијата на Бугарија од 2019 год. и изгласани во нивното Собрание, а кои пред некој ден повторно ги „ревампизираше“ и нашиот „очигледен“ бугарски политички „ас“, Кирил Петков ( дали премногу се надевавме во Петков?). Барањето на Бугарите за бришење на терминот бугарски фашистички окупатор, и „стружење“ на дел од спомениците на кои стои таква , за нивна жал, вистинита дефиниција од втората светска војна , ќе биде Македонско злодело спрема светската историја. Ќе биде општествени „геноцид“ врз душите на сите граѓани на Македонија ( особени претставници на еврејската заедница ) кои не го преживеале тој период на Бугарска окупација, и општественa и човечка дискредитација на сите оние кои ги преживеале тие окупациски денови на Бугарија во Втората светска војна. Како ќе ги погледнеме во очи нивните наследници, кои сигурно дознале како завршиле нивните предци? Ако некој политичар и општествен работник не е сигурен во овој историски факт, нека го погледне овој документ од 1947 год.,познат како „ПАРИСКИ МИРОВЕН ДОГОВОР“ во кој на една страна се губитниците , припадниците на оската на нацистичка Германија, каде се наоѓа и Бугарија, а на друга страна се победниците, каде се наоѓа Македонија како дел од Југославија. Документот е депониран во Обединетите Нации, и секој од вас, активни политичари и општесвени работници треба да го прочита овој документ почнувајќи од стр.50 ПАРИСКИ МИРОВЕН ДОГОВОР линк 3.Шовинизам, хегемонизам, Бугари во Устав Политичарите во Македонија мора веднаш да реагираат на очигледниот хегемонизам преточен во т.н. рамковната резолуцијата на Бугарија од 2019 год во која се бара, внимавајте: - процес на рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунистички режим репресирани поради бугарското самосознание , и - иницирање процес за расветлување на вработените во денешна Македонија во безбедносните служби на поранешна Југославија; Повеќегодишното нереагирање на овие барања за наше „сопствено политичко и општествени преиспитување“ по барање од друга земја, дополнително преточени во Бугарски официјален документ, не е ништо помалку од – мешање на Бугарија во внатрешните работи на Македонија, што претставува акт на одреден хегемонизам,и е спротивен на сите познати меѓународни права. Оваа сериозно опасна теза-замка, беше во видоизменета форма дел и од wordingot на Кремљ, па видовме како заврши и се уште трае „мешањето во внатрешните работи на суверена земја “. Барањето за внес на Бугарите во Уставот на Македонија, мора да биде внимателно реализирано, ако воопшто нашите власти се одлучат на таков чекор, и истиот мора да биде пропорционален со статусот на Македонците во Бугарија , кој патем речено – и немаат статус, туку се борат за своите елементарни права дека се живи битија кои се сметаат за Македонци и кои тоа го докажале пред Европските судски инстанци дури 16 пати. Единствен симетричен акт би бил Бугарите да бидат внесени во нашиот Устав само како малцинство, од причина што сите останати делови од народите кои се нотирани во нашиот Устав, ги почитуваат правата на Македонците во своите земји, па дури и учествуваат во политичкиот живот во тие земји ( Албанија ). 4. Заедничка историја, заедништво – Ако договорот од Преспа со Грција ( кој за нас Македонците е трагичен по неколку основи ) можеме да го ставиме во категорија на „раздружувачки договор“, при што Грција и Македонија ги детерминираа сите точки во кои немаме ништо заедничко, договорот со Бугарија за т.н. добрососедство е сосема спротивен – „соединувачки договор“. Бугарските барања за заедничко славење, чествување, прославување не е ништо друго од комплекс. Каков, не сум воопшто медицински „поткован“ за да го интерпретирам истиот, но можам да направам аналогија – тоа е како некој кој има ист роденден како и вие, да ве присилува да го прославите заеднички. Доколку не се согласите на тоа, тогаш не ќе можете да го славите “соло“. Математиката како природна наука има прекрасни дефиниции за т.н. множества.Заедничката историја со Бугарија морате да ја гледате само како „пресек на две множества“ а не како „подмножество“, каде множеството Македонија е подмножество на множеството Бугарија. Ако некој во Македонија, има доволна храброст која сигурно ќе биде запишана во историјата како „налудничавост“, и ги прифати овие гореспоменати барања на Бугарија, редно е тој истиот да ни каже дека решил Македонија да се вика Западна Бугарија , со цел да го задржиме „континуитетот“ на географски одредници. Македонија има потреба од Европската Унија, и ние како граѓани на оваа земја одамна сме се определиле за „патот кон Брисел“, и да, никој не се залажувал дека патот ќе биде без „кривини“, „мостови“ и ќе има можеби и „одрони“...но никој не ни кажа дека патот ќе оди преку „недозволената територија“...недозволена за секој европски, со тоа и македонски mind-set.Недозволена бугарска „територија“. Точно е дека треба да се договориме со Бугарија, пред се поради нас самите но и оние кои ќе дојдат после нас, но токму поради вториве, треба да се договориме врз база на достоинствени и човечки правила. Никако под политичка и општествена уцена, нешто што сега ни се случува. Иван МирчевскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЗабаваЅвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе. Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак. „Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“. Компликации со визата Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат. „Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија. „Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа. @mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа. Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“ Свадба на Хаваи Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари. View this post on Instagram A post shared by Mikaela Testa (@mikaelatesta) Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.Тагови: OnlyFans сопругот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаАнгела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“. Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа. „Љубезна, топла и пристапна“ Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка. „Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот. Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа. Локални специјалитети во кошничката Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда. Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија. По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.Тагови: Ангела Меркел супермаркет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЕвропаДанска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва. Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната. „Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите. Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“. „Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата. Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва. Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина. Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL). Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.Тагови: Данска ракети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21