Бугарија и Македонија градат мостови на доверба за полесно решавање на проблемот

Властите во Македонија и во Бугарија се согласни дека е потребен конструктивен дијалог меѓу двете земји за надминување на проблемот и што поскоро членство на земјава во ЕУ.

Тие се согласни и дека двете земји се пријателски и оти во тој дух треба да се движи натамошната соработка, која ќе помогне во јакнење на довербата. Пријателството што ги врзува, велат властите од двете земји, ќе овозможи сами да го решат меѓусебниот спор, без посредници, а со тоа да ја овозможат и европската перспектива на Македонија.

-Секојпат се добредојдени пријатели кои сакаат да помогнат, но дефинитивно ова е билатерален спор и така треба да го решиме, рече вчера премиерот Зоран Заев.

Во телефонскиот разговор што завчера го имал со неговиот бугарски колега, премиерот на техничката Влада Стефан Јанев, Заев рече дека се договорени некои следни чекори кои верува, како што истакна, оти ќе бидат потврдени и од бугарска страна, согласно вестите кои ќе ги донесат претседателите Румен Радев и Стево Пендаровски.

-Разговорот уште еднаш го потврди големото пријателство меѓу нашите две земји. Ние очекуваме, а Бугарија потврдува дека наша желба е, а верувам и нивна аспирација во иднина, ќе биде поддршката на целиот Западен Балкан за интеграција во ЕУ, па така и на Македонија. Но, битно е да проодлжиме да работиме на изноѓање на решенијата. Сепак, ќе кажам, Европа е кабаетлија и ни должи многу, рече Заев.

Тој повтори дека земјава 16,5 години чека пред вратата на ЕУ.

-Што и да е, многу е. Испорачавме се, нема дилеми од никој, ниту од дома, ниту од надвор, и за делот на реформите и за европските манири и за дипломатскиот и начинот на дијалог на решавање на проблемите. Докажавме и одржавме европски лекции за цел континент и навистина заслужуваме. Секогаш ја испраќам и пораката за замолница до Бугарија за поддршка на Македонија зашто лесно е да се стават непријатни состојби меѓу нашите народи, а не е така лесно да се градат пријателства и да се унапредуваата врските. Важно е каква историја денеска испишуваме зашто таа ја отвара иднината за идните генерации, потенцира премиерот.

И министерот за надворешни работи Бујар Османи е согласен дека пристапот на актуелната бугарска Влада е конструктивен, особено во создавање на довербата и во реториката и во чекорите.

-Сакам да ја охрабрам таа конструктивност и да одговорам на таа конструктивност со наша конструктивност и се надевам дека во наредните денови и недели ќе правиме чекори кон враќање на довербата, изјави вчера Османи.

Шефот на дипломатијата потенцира дека се работи со бугарската страна на градење доверба, но оти парлалено се разговара и за предлогот на Португалското претседателство на ЕУ.

-Кое било решение може да се најде само во услови на вратена доверба помеѓу страните, односно дека е невозможно да се најде решение при изгубена довербата. Довербата е како мозаик од камчиња. Треба камче по камче да ја изградите. Мислам дека тој процес на изградба на доверба го започавме сериозно во последните денови и планираме во наредниот период, а посебно во наредните две – три недели да ја изградиме таа доверба со мали и големи чекори кои беа пропуштени во изминатиот период поради многу причини. Со тоа да создадеме атмосфера помеѓу двете страни на доверба. Паралелно работиме со нашите пријатели во рамки на предлогот на Португалското претседателството за којшто се разговара на повеќеќ форуми, рече министерот за надворешни работи.

Претседателот на Бугарија вчера по средбата со италијанскиот колега во Рим изјави дека Бугарија сака што поскоро да ја види Македонија, како и другите земји од Западен Балкан, на европскиот пат.

– Сите сакаме да ги видиме овие земји на нивниот европски пат што е можно поскоро. Јас многу јасно ја објаснив бугарската позиција дека ќе напредуваме кога самите земји ќе покажат јасно и неповратно дека ги исполнуваат критериумите, рече Радев.

Во насока на зајакнување на пријателството и довербата тој најави дека во моментов бугарската Влада работи заедно со Владата на Македонија и дека наскоро Бугарија ќе донира „значителна количина" вакцини за земјава.

Радев потенцира дека со македонскиот претседател Стево Пендаровски, со кога заедно отапуваа во Рим, разгледувале идеја да се поканат ученици и студенти од земјава да минат дел од одморот заедно со деца од Бугарија.

– Ако успееме тоа да го постигнеме тоа, ќе се направи најважниот чекор за надминување на децениска пропаганда со инсинуации и спротиставувања меѓу двете држави. Ако ги собереме нашите млади луѓе заедно, сигурен сум дека тоа ќе неутрализира какви било пропаганди, нагласи Радев.

Чола „тежи“ 25 милиони евра, a носи часовник вреден 2.000 евра

Според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“, Здравко Чолиќ е еден од најбогатите пејачи на Балканот. Според податоците од 2021 година, неговото богатство се проценува на 25 милиони евра.

Иако има толку милиони, Чола отсекогаш бил скромен, а сега тоа го докажа уште еднаш - со изборот на својот часовник. Така, пејачот на зглобот носи часовник вреден „само“ 2.000 евра . Како што стои на Инстаграм профилот „Sat na ruci“, се работи за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

Здравко отсекогаш нагласувал дека финансиите отсекогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист.

- Човекот не може да го смени темпераментот, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но тоа ми беше малку претерано и така е и денес - изјави тогаш Здравко.

Тој откри на што најмногу ги трошел хонорарите.

- Никогаш не сме имале толку високи хонорари. Патувањето и гардеробата беа фетиш во седумдесеттите и осумдесеттите. Никогаш немав големи материјални желби. Моето беше да одам некаде, на море или да направам некоја забава и да потрошам таму, но никогаш немав желба да купам часовник. Не страдав од тоа – скромно вели пејчачот.

Извор: Аваз

Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер

Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. 

Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во намирници коишто не се благи, па затоа е важно да се внимава на составот на секојдневните хранливи производи. Нутриционистката Брук Алперт и лекарката Ребека Казин предупредуваат на најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер коишто ги испраќа самото тело.

Постојано копнеење за слатки

Шеќерот предизвикува зависност. Ова е затоа што сензорите за вкус се адаптирале на благото и на тој човек му треба сѐ повеќе благо, за да го добиете истиот вкус, но и истото задоволство како и првиот пат, слично како дрога. Поради сѐ тоа, докторите советуваат навремена контрола на внесувањето шеќер.

- Со тоа што јадете многу шеќер, предизвикувате хормонален одговор во Вашето тело што е како бран. Ве крева, а потоа Ве треснува од земја, и тоа го поттикнува Вашето тело да бара повеќе шеќер, појаснува Алперт.

Промени во расположението

Премногу внесен шеќер може да значи моментна „еуфорија“. И обратно... Падот на шеќерот во крвта може да предизвика пад и во расположението и поголема нервоза и вознемиреност.

Тромавост

Откако шеќерот ќе го предизвика почетниот скок на енергијата, тој предизвикува и пад. Енергијата е најстабилна кога шеќерот во крвта е стабилен, така што кога се консумира премногу шеќер, има и падови во енергијата. Премногу шеќер честопати значи и недоволен внос на протеини и влакна.

Пукање на кожата

Д-р Ребека Казин смета дека некои луѓе се чувствителни на напливи на инсулин поради прекумерно внесување на шеќер. Тоа може да предизвика нарушување на хормоните, што води, на пр., до сува кожа, ранички, акни и сл.

Дебелеење

Вишокот шеќер значи - вишок калории, а во недостиг на протеини или влакна, шеќерот нема никаква хранлива вредност. Сѐ тоа, заедно со ослободувањето инсулин, ја покачува телесната тежина, но и ја зголемува опасноста од појава на дијабетес.

Кога се јаде премногу шеќер, на телото „му се кажува“ да лачи повеќе инсулин, а подоцна, тоа прекумерно лачење може да доведе до отпорност кон инсулин. Отпорноста пак, значи дека телото нема да може правилно да реагира на нормални количини инсулин и правилно да го користи шеќерот.

Премногу кариес

Кога бактериите ги разјадуваат честичките храна меѓу забите, се создава киселина што постепено предизвикува расипување на забите. Плунката сама по себе одржува здрава рамнотежа на бактерии, но шеќерот може да влијае на пе-ха вредноста и да го наруши тој природен сооднос. Неправилното размножување на бактериите, всушност, води кон расипување на забите и кариес.

Мозочна магла

Деконцентрацијата што обично се јавува после оброк е симптом на низок шеќер во крвта. Кога се јаде многу благо, пак, нивото шеќер во крвта се зголемува и опаѓа, наименично и брзо. Тоа, според стручњаците, ја зголемува расеаноста, и укажува на задолжителна контрола на внесот на шеќер.

Ништо не е така слатко како порано

Премногу шеќер предизвикува сензорите за вкус да се навикнат на слатките вкусови, па затоа човекот бара сѐ повеќе шеќер за да ја задоволи својата глад за слатко. Меѓутоа, тука се препорачува свесно намалување на благото и самоконтрола. На тој начин, по извесно време, телото повторно ќе се навикне и ќе се задоволува со малку шеќер. /МИА

Борел повтори дека Рафа не смее да биде нападнат

Го повика Израел да се вклучи во мировниот процес.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека партнерите на Израел и соседните земји имаат заеднички став дека градот Рафа на југот од Појасот Газа не смее да биде нападнат и ја повика израелската влада конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес.

Борел на Х напиша дека меѓународната заедница, исто така, едногласно бара итно ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа.

Тој истакна дека Израел не може да го уништи Хамас по цена на убиени илјадници палестински цивили и оти понатамошното раселување на повеќе од милион ранливи Палестинци би било „погубно“.

- Ја повикуваме владата на Израел да ги послуша повиците на меѓународната заедница и конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес, наведе Борел. /МИА

притисни ентер