Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје
1Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје
БалканБугарија гласа, изборната трка и овој пат неизвесна По неуспехот да се формира владата по изборите во април бугарските граѓани денеска повторно на гласање. 17 партии и 6 коалиции учествуваат на предвремените парламентарни избори кои се одржуваат денеска во Бугарија. Право на глас во земјата имаат над 6 милиони гласачи на изборите кои се спроведуваат откако на претходните одржани во април оваа година, ниту една партија или коалиција не успеа да формира влада. Очекувањата на државниот врв се дека изборниот ден ќе донесе стабилна Влада. „Се надевам дека ќе биде составен кабинет, затоа што сето тоа што го зборуваме за иднината на Бугарија зависи од еден предвидлив и стабилен кабинет кој ќе биде составен врз основа на стабилно парламентарно мнозинство. Имаме потреба да се потврди парламентаризмот во Бугарија, имаме потреба од стабилна Влада. До пладне излезноста според Централната изборна комисија е скоро 12 отсто од гласачите. Најмногу проблеми се пријавени со машините за гласање. Освен во земјата се гласа и во ДКП ширум светот. Според податоците од ЦИК, 216 лица од Македонија ја потврдиле својата пријава за гласање. Најмногу се пријавени во Струмица, Штип и Кавадарци. Над 200 лица во Македонија се пријавиле да гласаат за предвремените парламентарни избори во Бугарија. Бугарската амбасада во Скопје е едно од местата каде што се спроведува гласањето. Екс премиерот на Бугарија Борисов обвини за целосен хаос на денешното гласање. Тоа кое доживеа Европа да види е венецуелски избори, мадурски. Тотален хаос во земјава, а во странство е кражбата на векот. Влегуваат специјалисти, ги проверуваат машините, никој не знае кои се. Вчера премиерот Зоран Заевпосака Бугарија да има успешни избори, за потоа да може да се добие зелено светло за откочување наевроинтеграциите.Но, изјавата на бугарскиот претседателот Румен Радев не влева многу оптимизам за брз напредок во разговорите . Радев вели кој и да дојде на власт политиките на официјална Софија кон Македонија остануваат непроменети. „Политиката на Бугарија кон Македонија не зависи од тоа која влада е на власт и каков ќе биде парламентот, туку од водењето отворен конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија и тој дијалог да се води меѓу двата главни града. Не во Брисел, Париз или Берлин, и зависи од критериумите што ќе ги исполни Скопје за членство во ЕУ, но зависи и од исполнувањето на копенхашките критериуми од страна на Македонија.Ние очекуваме нашите пријатели од Р. С. Македонија, нашите браќа, најмногу раководството на државата, сами да ја отстранат блокадата. Таа блокада не е наша. Ние очекуваме реални, неповратни, упорни резултати во нашите односи, така да вие ги почитувате копенхашките критериуми за членство“, вели Радев. Според Радев, за исчекор кон договор Бугарија очекува пред се’ македонските власти да направат промени во учебниците, да се сменат натписите на спомениците, музеите, да се промени реториката, според Радев, во јавните медиуми и со тоа како што вели да се искорени јазикот на омразата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаЛансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците Научниците од Националниот универзитет Ченг Кунг во Тајван тврдат дека лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвикало огромни нарушувања во атмосферата на Земјата што можеле да го нарушат GPS и другите комуникации.Тие велат дека мисијата „Артемис II“, која беше лансирана на 1 април 2026 година, за деветдневно патување околу Месечината, создала дупки во атмосферата на Земјата и предизвикала модулации на шок-акустични и гравитациски бранови, објави списанието „Скај ат Најт“. „Горењето што го покачува апогејот предизвикало шок бранови и невидено големи нарушувања што се прошириле на 50 степени географска должина низ Северна Америка“, рекоа авторите на студијата. Тие додадоа дека ова е прв пат една вселенска мисија да произведе три случаи на јоносферски нарушувања над истиот регион за време на последователни орбитални маневри. Фотографија: Танјуг/АП Фото/Крис О'Мира Иако утврдиле дека самиот настан на лансирање на „Артемис II“ не предизвикал широко распространети прекини на GPS, тие забележале промени во јоносферата што потенцијално би можеле да предизвикаат проблеми за време на идните лансирања на ракети. „Ваквите пречки би можеле да ги нарушат комуникациите на Земјата, на пример, со попречување на радио сигналите. Исто така, лансирањата на ракети би можеле да влијаат на други технологии на Земјата кои се потпираат на GPS за позиционирање, како што се автомобилите без возач и беспилотните летала“, се вели во студијата. „Артемис II“ патуваше подалеку од Месечината од која било претходна мисија, користејќи ја гравитационата сила на Месечината за да се катапултира околу неа и да го започне своето враќање кон Земјата. Ова беше првата мисија со екипаж на Месечината од програмата Аполо и беше клучна пресвртница во плановите на НАСА за воспоставување трајно човечко присуство на површината на Месечината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураВо организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во СкопјеФилхармонијата беше домаќин на музички спектакуларчен концерт насловен „Мозаико Медитерано“ на грчката лирска сопранистка Марија Костраки и ансамблот предводен од виолинистот Андонис Сусамоглу.Настанот во организација на Амбасадата на Грција понуди уникатен спој на медитерански музички традиции, со посебен фокус на творбите на познатиот композитор Манос Хаѕидакис. Пред полната голема сала и покрај големиот интерес, концертот помина во преубава атмосфера, воодушевувајќи ја публиката која уживаше во врвните изведби... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗеленски се закани: Одговорот на Украина ќе создаде мотивација за мировните преговори Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија .Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија и дека понатамошните одговори, односно целите за напади со долг дострел, веќе се утврдени. „Благодарен сум на секоја единица за нивната прецизност и на сите наши одбранбени и безбедносни сили на Украина за систематската природа на украинските напади со долг дострел. Операцијата против руската индустрија за рафинирање на нафта продолжува, како одговор на руските напади врз украинските енергетски објекти“, рече Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Укринформ. Зеленски додаде дека електраните, енергетските мрежи, снабдувањето со топлина, снабдувањето со вода и цивилната логистика на територијата на Украина се под постојани напади од руски беспилотни летала и ракети „Шахид“, и дека Русија не ја менува природата на своите агресивни активности и дека ги напуштила чекорите за деескалација за кои зборуваа партнерите и дека планира понатамошни напади. Тој рече дека искуството од хуманитарната операција во градот Олешки, кој е под руска контрола, во југоисточна Украина, каде што кон крајот на октомври беше воспоставено локално примирје за неколку дена за хуманитарни активности, покажува дека ако рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ја запре војната, може да дојде до смирување. „Украина не треба да биде убедена дека е потребен мир што е можно поскоро. Ние го сакаме тоа. Русија треба да одлучи дека времето за војна е завршено. Нашите напади со долг дострел, нашите напади со среден дострел, како и целиот притисок од партнерите врз Русија поради оваа војна, тоа е она што создава мотивација за вистински преговори“, нагласи Зеленски.Тагови: Володимир Зеленски украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter