Бугарија доби зелено светло од ЕУ за наплата на такса за руски гас,Србија и Унгарија негодуваат - Канал 5

Бугарија доби зелено светло од ЕУ за наплата на такса за руски гас,Србија и Унгарија негодуваат

Бугарија може да одлучи како да ги користи приходите што ќе ги добива од данокот од 10 евра/MWh за увоз на руски гас што минува низ бугарска територија, потврди Европската комисија.

Бугарија доби зелено светло од ЕУ за наплата на такса за руски гас,Србија и Унгарија негодуваат

Минатиот четврток бугарскиот премиер Николај Денков објави дека во тек се консултации меѓу Бугарија и Европската комисија за енергетскиот данок од 10 евра/MWh воведен на 13 октомври за увоз на руски гас што минува низ бугарска територија.

„Таксите што Бугарија ги наплаќа за транзит на руски гас во Србија, Унгарија и Македонија се национална мерка и затоа е на Бугарија да одлучи каде ќе ги распредели приходите“, изјави вчера портпаролот на Комисијата Тим Мекфи за новинарите.

Бугарија очекува 1,2-1,5 милијарди евра годишен приход од новиот данок, за кој Денков рече дека може директно да оди во буџетот на ЕУ.

Потегот на Бугарија веќе ги налути Унгарија и Србија, кои зависат од рускиот гас што се транспортира преку продолжувањето на Турски тек. Додека Будимпешта и Белград велат дека данокот на гас ќе го поскапи рускиот гас за 20 отсто, Софија вели дека Гаспром треба да плати.

„ЕУ досега воведе 11 пакети санкции против Русија. Рестриктивните енергетски мерки влијаат на нафтата и јагленот, но не и на увозот на гас“, објасни портпаролот.

Бугарија очекува приходите од новата такса да се исплатат на 14 ноември, но некои бугарски енергетски експерти се сомневаат дали земјата воопшто ќе добие пари. Тоа е затоа што гасоводот тешко може да се сертифицира како руски бидејќи комбинира неколку извори, изјави експертот за енергија, Калојан Стајков за Еурактив Бугарија.

„Газпром“ допрва треба јавно да се изјасни за новововедениот данок на енергија, а се уште не е јасно дали имаат намера да го платат.“

Пред една недела бугарскиот министер за финансии Асен Василев рече дека доколку Гаспром одбие да плати, ќе биде запленет неговиот финансиски колатерал од договорите во Бугарија или имотот во земјата, објави српски Курир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова ја одликува Светлана Мојсов со орден „8 Септември“, научничката што го откри „Оземпик“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија во Вила Водно ја одликува Светлана Мојсов со орден „8 Септември“... 

Сиљановска-Давкова ја одликува Светлана Мојсов со орден „8 Септември“, научничката што го откри „Оземпик“

Станува збор за скопјанка која живее во Њујорк и е светски призната како научничка која придонела за откривање на современите лекови за дијабет и дебелина, како што е Оземпик...

Таму е Сања Трајковска Ставров... Сања, кои се заслугите на Мојсова за ореденот?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втора дебата на Платформата 12.05: Очекуваат оставка од Филипче

Платформата 12.05 која бара оставка на раководството на СДСМ и формирање на широк опозициски фронт, денеска во Скопје ја одржува втората дебата, овој пат на тема „35 години независност“.. 

Втора дебата на Платформата 12.05: Очекуваат оставка од Филипче

Венко Филипче и актуелното раководство со нивното однесување станаа фракција во СДСМ, членството е на наша страна во огромно мнозинство, изјави Игор Ивановски, еден од организаторите на платформата „Разговори за иднината во 12 и 5“, која денеска одржа нова средба насловена „Што по 35 години?“. И покрај одбивањето на Филипче да поднесе оставка од претседателската позиција на СДСМ , од платформата чиј дел се истакнати членови и поранешни високи функционери на СДСМ, не се откажуваат од нивните намери за конкретни чекори за смени на раководството во партијата и, како што велат, пораз на оваа Влада и ВМРО-ДПМНЕ. Планот за консолидација и структурни промени, за кои како што кажа Ивановски, многупати реагирале во партијата, ќе му го достават на Филипче деновиве, а од него очекуваат да ги прифати за доброто на партијата.

„Јас знам дека на Венко Филипче му е тешко. И ќе му биде уште потешко. Но не смее да и биде потешко на СДСМ. Тој има шанса макар на крајот да со своите постапки помогне да во овој момент заробена партија се отвори и се врати на членството. Низ една нормална, демократска постапка, процедури, членството на крај ќе одлучува. Но едно е јасно. Во ваква состојба како што е сега, во овие изминати 2 и пол години како резултат на активноста токму на претседателот Филипче и на таа една клика којашто во основа е бизнис профитерска, партијата не може да победи на избори. Таа група е најдобра инвестиција на власта во државата.“, изјави Игор Ивановски.

На денешната втора дебата на Платформата учествуваа и Амар Мециновиќ од Левица и Мирослав Јовановиќ, лидерот на Српска странка во Македонија, како и претставници од невладиниот сектор, јавниот живот и различни општествени чинители. Од Левица велат ќе дадат шанса на оваа иницијатива за опозициско окрупнување и промени, иако остануваат на своите идеолошки и партиски позиции.

„СДСМ триесет години се претставува како некаков антипод на ВМРО-ДПМНЕ но јасно е дека неказнивоста помеѓу овие две партии е единственото универзално правило кое ние го имаме во Македонија. Левица е парламентарна партија со јасни позиции кои ќе ги застапи на овие разговори и ние иамме одговорност да рзговараме со сите опозициски елементи во општетството за потенцијално мобилизирање на одговор против Владата на ВМРО-ДПМНЕ.“, изјави Амар Мециновиќ.

Лидерот на СДСМ Филипче вчера изјави дека нема да отстапи пред барањата на платформата, кои ги нарече платеници на власта, но е подготвен за средба со нив. Според него намерите на актуелните и поранешни сопартијци биле нечесни и оцени дека станувало збор за пуч во СДСМ, а тој, како што кажа, имал легитимен мандат да ја води партијата. Од платформата во 12 и 05, пак, тврдат дека тие нема да бидат нова политичка партија ниту, пак, ќе поднесуваат независни листи на парламентарните избори.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вајц: Напредокот ѝ е потребен на Македонија без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската Унија

Напредокот ѝ е потребен на Македонија пред сè за да се развие во модерно, демократско и добро организирано општество, без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската Унија.

Вајц: Напредокот ѝ е потребен на Македонија без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската Унија

Напредокот ѝ е потребен на Македонија пред сè за да се развие во модерно, демократско и добро организирано општество, без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската Унија, порача денеска австрискиот европратеник Томас Вајц, во обраќањето на Граѓанскиот форум „Граѓаните во срцето на проширувањето на ЕУ“..

Во спротивно, рече, граѓаните ќе го бараат подобриот живот на друго место.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер