Бугарија: 14 од повредените од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Софија, Пловдив и Варна - Канал 5

Бугарија: 14 од повредените од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Софија, Пловдив и Варна

Бугарија презеде обврска да згрижи 14 лица за лекување по трагичниот пожар во Кочани, Република Македонија. 

Бугарија: 14 од повредените од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Софија, Пловдив и Варна

Од нив, осум пациенти ќе бидат примени во Универзитетската болница за итна медицина „Пирогов“ во Софија, соопшти заменик-директорот на болницата, проф. Николај Габровски.

Во изјавата за новинарите, тој изрази искрено сочувство до семејствата на загинатите, нагласувајќи дека „оваа трагедија не може да не нè погоди и нас“, пренесува БТА.

Според него, со воениот транспортен авион „Спартан“ веќе пристигнале петмина пациенти, од кои тројца се на механичка вентилација, бидејќи нивното дишење е сериозно загрозено. Во тек е приемот на уште тројца пациенти – две деца на возраст од 15 и 16 години и еден 19-годишен млад човек, кои најверојатно ќе бидат интубирани.

- Нивната состојба е тешка, но ќе направиме сè што е неопходно за нивната дијагностика и лекување. Сакам да се заблагодарам на сите институции кои учествуваа во координацијата, бидејќи ова беше сложен процес, додаде Габровски.

Дополнително, тројца од повредените ќе бидат транспортирани до Универзитетската болница „Св. Георги“ во Пловдив, а уште тројца ќе бидат примени во Воената болница во Варна.

- Утре ќе имаме повеќе информации за нивната состојба и длабочината на изгорениците, посочи заменик-директорот на „Пирогов“.

Освен досега пренесените пациенти, во текот на денешниот ден во Бугарија со софиски амбулантни возила ќе бидат транспортирани уште шестмина повредени. Тројца од нив ќе бидат згрижени во „Пирогов“, а тројца во болницата „Св. Георги“ во Пловдив, информира бугарското Министерство за здравство на својата официјална Фејсбук страница.

Министерството упати благодарност до Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи, како и до екипите на здравствените установи и центрите за итна медицинска помош за нивната навремена реакција и заедничка координација.

„Изразуваме сочувство до семејствата на загинатите во трагичниот инцидент“, се вели во соопштението.

НБА плејоф: Минесота поведе, први победи за Орландо и Милвоки

Кошаркарите на Минесота поведоа во серијата до четири победи во плејофот на Западната конференција во НБА лигата со триумф над Лос Анџелес Лејкерс, додека Орландо и Милвоки ја намалија негативата на 1-2 во плејофот на Источната конференција.

НБА плејоф: Минесота поведе, први победи за Орландо и Милвоки

Минесота поведе во серијата со 2-1, откако синоќа во Минеаполис го победи ЛА Лејкерс со 116-104 во третиот натпревар од плејофот на Западната конференција. Џејден Мек Дениелс постигна 30 поени, а Ентони Едвардс го заврши натпреварот со поен помалку.

Леброн Џејмс беше најефикасен во редовите на Лејкерс со 38 поени, а Лука Дончиќ додаде 17 поени со осум асистенции и седум скокови.

Орландо намали на 1-2 во серијата по победата над Бостон со 95-93 во третиот натпревар од првото коло од плејофот во Источната конференција. Франц Вагнер беше најдобар стрелец на Орландо со 32 поени.

Милвоки, исто така. го намали дефицитот на 1-2 во серијата до четири победи откако на домашен терен беше поуспешен од Индијана со 117-101.

Гари Трент Јуниор и Јанис Антетокунмпо постигнаа по 37 поени за Милвоки, а Трент постигна девет тројки во 12 обиди и со тоа го израмни рекордот во плејофот на франшизата поставен од Реј Ален во финалето на Источната конференција во 2001 година. /МИА

Нафтена индустрија на Србија доби трето одложување на воведување санкции од САД

Нафтена индустрија на Србија (НИС) доби трето одложување на воведување санкции од САД поради мнозинскиот руски капитал во таа компанија. 

Нафтена индустрија на Србија доби трето одложување на воведување санкции од САД

Овојпат, воведувањето на санкции беше одложено за дури два месеца, односно до 27 јуни. Рокот на претходно одложените санкции изминува в понеделник - 28 април.

„Добри вести за граѓаните на Србија. Србија успеа да добие ново одложување на санкциите за НИС, овојпат за два месеца, до 27 јуни. Благодарност до нашите американски партнери за разбирањето на ставот на Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил buducnostsrbijeav.

Во средата, компанијата НИС поднесе ново барање до Министерството за финансии на САД за издавање посебна лиценца со која се одложува целосното спроведување на санкциите, а целта е да се овозможи компанијата непречено да работи и по 28 април.

Прв пораз сезонава на ПСЖ во Франција

 Надежите на ПСЖ дека ќе ја заврши актуелната сезона во француското фудбалско првенство без пораз завршија, откако синоќа претрпе шокантен пораз од Ница на домашен терен со 3-1.

Прв пораз сезонава на ПСЖ во Франција

Гостите поведоа преку Морган Сансон (34 минута), а Фабијан Руиз до крајот на полувремето израмни за ПСЖ (41), но Ница во продолжението постигна два гола преку Сансон (46) и Јусуф Ндајишимије (70).

Со ова заврши серијата на ПСЖ од 30 натпревари без пораз во француското првенство, во кое клубот од Париз веќе ја одбрани шампионската титула.

Пораз од Ница за составот предводен од Луис Енрике доаѓа пред полуфиналниот дуел против Арсенал во вторник во Лигата на шампиони. /МИА

притисни ентер