Бучковски: Побитен ќе биде мајскиот конгрес на СДСМ отколку парламентарните избори

Победник во приказната и во постигнувањето на договорот е Македонија и членството на СДСМ, но само тие што беа против бојкотот, вели во интервју за „Република“ поранешниот лидер на социјалдемократите, Владо Бучковски.

Бучковски додава дека загубиле Бранко Црвенковски и дел од раководството на СДСМ.

- Загубија Бранко Црвенковски и дел од раководството на СДСМ, кои повикуваат на бојкот, кои беа за партизанско и герилско војување, кои бараа да се оди до крај! На крајот, што се случи...?Црвенковски и дел од раководството беа фатени во заседа, која им ја поставија Груевски и меѓународната заедница – вели тој.
Црвенковски и, како што вели Бучковски, неговите герилци беа разоружени.

- Арно ама, кога се вратија на Бихаќка, во седиштето на СДСМ, место да ја признаат капитулацијата и да ја преземат одговорноста за тоа, Црвенковски повторно се обиде поразот да го претстави како победа. Каква манипулација. Јас лично сум убеден дека по локалните избори многу поактуелен ќе биде мајскиот конгрес на СДСМ, отколку евентуалните предвремени парламентарни избори - вели Бучковски за Република.

Неделникот Фокус пак, го анализира недоаѓањето на потпретседателите на СДСМ на митинзите, почнувајќи од првиот во Струмица.

- Струмичкиот градоначалник Зоран Заевтака остана без дел од најголемите некогашни поддржувачи, а во друштво на Црвенковски за поддршка на Заев беа само Стојанче Ангелов и Љубчо Георгиевски. Во моментот кога Црвенковски и Заев се приклучиле кон толпата, никој, ама баш никој не го скандирал името на лидерот, туку сите го поздравиле Заев - пишува Фокус.

„Гответе со Дракче“ - Макарони со печурки

Во среда (01.05.2024) во емисијата гостин ни беше Љубица Јаневска Ивановска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче макарони

1 конзерва помодори пелати

1 помало пакување свежи печурки

2 млади кромитчиња

2 млади лукчиња

2 гранчиња босилек

1 брокула

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Магдалена Гроно нов главен дипломатски советник на Мишел

Актуелната виша советничка за надворешна политика на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, Магдалена Гроно, дополнително е именувана и за негова нова главна дипломатска советничка. 

Како што соопшти Европскиот совет, Гроно ќе го наследи Симон Мордју, кој е избран за заменик генерален секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на која должност треба да стапи на 1 јули годинава.

Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека Мишел му се заблагодарува на Мордју за неговата професионалност и посветеност во работата.

- Неговиот придонес имаше влијание врз успесите во надворешната политика на ЕУ и беше високо ценет дома и во странство. Претседателот Мишел му посакува се најдобро на Симон на неговата нов должност, се наведува во соопштението и се изразува уверување дека Мордју ќе даде свој голем придонес во ЕЕАС. /МИА

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

притисни ентер