Брзо рижото со зеленчук - Канал 5

Брзо рижото со зеленчук

Ако барате здрав и вкусен оброк што се подготвува брзо и лесно, тогаш ова рижото со зеленчук е идеален избор за вас.

Брзо рижото со зеленчук

Комбинацијата од свежи или замрзнати зеленчуци, кремаста структура и богат вкус го прават овој рецепт совршен како главно јадење или прилог. Подгответе го за помалку од 30 минути и уживајте во секој залак!

Состојки (за 4 лица):

1 главица кромид

2 моркови

2 црвени пиперки

2 зелени пиперки

300 грама ориз

1,2 л врела вода (по потреба може и повеќе)

100 мл павлака за готвење

Сол

Црн бибер

Маслиново масло

Подготовка:

Исечкајте го кромидот на ситни коцки, морковите и пиперките на лентички.

Загрејте маслиново масло во подлабока тава или тенџере. Додадете го кромидот и пржете додека не омекне. Потоа додадете ги морковите и пржете уште 1–2 минути. Додадете ги пиперките и малку посолете.

Додадете го оризот и кратко пропржете го со зеленчукот. Почнете постепено да додавате врела вода, мешајќи повремено, сè додека оризот не омекне (околу 20–25 минути на тивок оган). Внимавајте да не остане рижотото премногу течно или оризот да биде преварен — додавајте вода по потреба. Зачинете со сол и бибер по вкус.

Кон крајот на готвењето, кога оризот е речиси целосно сварен, додадете ја павлаката. Добро промешајте за да се соедини смесата.

Послужување:

Ова рижото е одлично како лесен самостоен оброк, но исто така се вклопува совршено и како прилог со месо или риба. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

Во завршна фаза е реконструкцијата и проширувањето на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

За околку два месеци, ќе добиеме целосно нов модерен аеродром, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со директорот на ТАВ, Неџат Курт, извршија увид во градежните работи.

Вицепремиерот Николоски истакна дека оваа модернизација на охридскиот аеродром е за прв пат од неговата изградба и треба да овозможи зголемување на капацитетот на патници и бројот на нови авиолинии.

“Реконструкцијата и надградувањето на охридскиот аеродром е нешто што долго време му требаше на аеродромот и еве конечно се случува. Некаде за два месеци од денес ќе имаме аеродром кој што ќе изгледа како вчера да се изградил, целосно ново решение, проширување на терминалната зграда, проширување на делот за слетување, проширување на делот за полетување, значи за патници на доаѓање, патници на заминување што дополнително ќе значи голем економски стимул. Ако на тоа го ставиме и автопатот Охрид-Кичево, делот кој што води до аеродромот, гледате дека веќе е завршен, за брзо време ќе имаме отварање на нови делници од овој автопат, тоа значи една целосна преродба за целиот регион. Би сакал тука да се заблагодарам на Изведувачите за одличната работа тука на аеродромот и за работата на популарната Воена болница, градската болница во Скопје, каде што за прв пат се случи реконструкција по нејзината градба и во моментов имаме најмодерна болница буквално од Атина до Виена” истакна Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Автобусот со фудбалерите на Курасао хит на социјалните мрежи

Стотици навивачи на Курасао ја прославија победата на фудбалската репрезентација од 4-0 против соседот Аруба во пријателски натпревар.

Видео: Автобусот со фудбалерите на Курасао хит на социјалните мрежи

Тоа беше последен тест за 82-ро рангираната репрезентација во светот според ранг-листата на ФИФА пред да замине за Соединетите Американски Држави, каде што малата карипска нација ќе се натпреварува на своето прво Светско првенство. Курасао инаку ќе биде најмалата држава која некогаш учествувала на Светско првенство.

На социјалните мрежи кружи видео од пристигнувањето на репрезентацијата на стадионот во главниот град Вилемстад. Тие пристигнаа во шарен автобус без прозорци, со музика, а играчите го удираа автобусот во ритам.

Прославата започна на преполниот стадион „Ергилио Хато“ во Вилемстад, каде што речиси 15.000 гледачи, или секој 16 жители на Курасао, беа сведоци на убедливата победа на својот тим.

Со површина од 444 квадратни километри и население од околу 160.000 жители, Курасао стана најмалата земја во историјата што се квалификувала за Светското првенство.

Курасао е аутсајдер во група во која се Германија, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв

СДСМ останува доследен на суштинските вредности на социјалдемократијата, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв и поддршка за обичниот човек, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање

Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв

СДСМ останува доследен на суштинските вредности на социјалдемократијата, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв и поддршка за обичниот човек, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање на 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава-твоја шанса“.

Филипче потенцираше дека најважни се темелите и принципи врз кои е изградена социјалдемократијата и јасна определба за политики што ќе обезбедат еднакви шанси, социјална правда и достоинствен живот за граѓаните.

„СДСМ се држи до суштината на социјалдемократијата: правда наместо привилегија, солидарност наместо страв, фер оданочување наместо товар врз трудот, силни институции наместо партиска држава и европска иднина наместо националистичка магла“, рече Филипче.

Во своето обраќање, Филипче нагласи дека социјалдемократијата е идеја што го става човекот во центарот на политиките и се грижи за оние на кои им е најпотребна поддршка.

„Социјалдемократијата е длабоко човечка идеја. Таа почнува од едно едноставно, но големо убедување: дека државата не постои за силните да станат уште посилни, туку за послабите да не останат сами. Дека слободата без еднаква шанса е привилегија. Дека пазарот без правила станува џунгла. Дека профитот без одговорност станува алчност. Вистинската социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по висината на платата, по правото на лекување, по квалитетот на училиштето, по достоинството на пензионерот, по сигурноста на работникот, по шансата на младиот човек да остане дома не од инает, туку од надеж. Таа не верува во милостина, туку во праведност“, рече претседателот на СДСМ.

YouTube video

Скопје, 07.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер