Брзите рефлекси ја спасиле од сигурна смрт, додека се опуштала покрај базен (ВИДЕО)

Американка која се релаксира покрај базен, читајќи книга на одмор со нејзините два сина, доживеа несреќа што можеше да заврши фатално.

Снимките на жената што избегна дрво што паѓа врз неа, предизвика бројни реакции на социјалните медиуми откако се појави на Виралхог, а многумина се полни со пофалби за нејзините рефлекси.

Видеото е направено на 9 јули во градот Алфарета во американската држава Џорџија, а сцената е снимена од надзорна камера. Дека дрвото било уште поголемо отколку што може да се види на снимката, покажа фотографијата од друг агол.

Бројот на заразени од коронавирус во Шпанија надмина 300.000

Бројот на заразени со коронавирус во Шпанија денеска ја надмина новата психолошка граница од 300.000, додека регионалните влади се обидуваат да ги сузбијат околу 500 жаришта на вирусот низ целата земја.

Во последните 24 часа се заразиле 1178 лица, така што вкупниот број на пациенти од почетокот на пандемијата достигна 302.814, соопшти Министерството за здравство.

Шпанија, со население од 47 милиони, е една од најпогодените европски земји од март, со вонредна состојба која траеше скоро стотина дена. После тоа, жителите се движат слободно, што во некои случаи довело до ново појавување на вирусот, особено за време на поголемите семејни собири, популарни во Шпанија и организираните ноќни забави.

Во последните неколку дена, најмногу заразени има во северо-источните провинции Арагон и Каталонија, во и околу главниот град Мадрид и во јужната провинција Андалузија. Владите таму имаат ограничени мерки со затворени ноќни клубови и казни за баровите што не се во согласност со мерките, но и за жителите на улиците без маски за лице, бидејќи нивното носење е задолжително.

Шпанското Министерство за здравство им порача на жителите да останат мирни бидејќи земјата е поподготвена да се бори против вирусот отколку во претходните месеци. Владата соопшти дека ситуацијата е под контрола и земјата е безбедна туристичка дестинација.

Во минатата недела починале 34 лица, со што вкупниот број жртви достигна 28.498 лица.

Владата го усвои полугодишниот Извештај за извршување на Буџетот

Владата денеска го разгледа и усвои Извештајот за извршувањето на Буџетот на Република Македонија во периодот јануари – јуни 2020 година.

Вкупните буџетски приходи во тој период се реализирани во износ од 87.437 милиони денари, што претставува 44,4 отсто од планираниот износ за 2020 година, а вкупните расходи се реализирани во износ од 113.387 милиони денари, или 46,7 проценти од годишниот план.

Како што информираат од владината прес-служба, во полугодишниот извештај за извршување на Буџетот кој е реализиран во услови на пандемијата од КОВИД-19 и во вонредна состојба, во резимето се констатира дека бруто-домашниот производ во првиот квартал од 2020 година забележа годишен раст од 0,2 отсто на реална основа, при позитивен придонес врз растот на домашната побарувачка и негативен придонес на нето-извозот, во услови на пад и на извозот и на увозот.

Согласно извештајот бројот на вработени во првиот квартал во 2020 година е повисок за 2,7 отсто во однос на истиот квартал во 2019 година, а бројот на невработени се намали за 8,6 отсто, што резултираше со намалување на стапката на невработеност на 16,2 отсто.

Во резимето на Извештајот за извршувањето на Буџетот на Република Македонија во периодот јануари – јуни годинава е регистрирано дека стапката на инфлација во првото полугодие од 2020. изнесува 0,5 отсто, што е главно резултат на зголемените цени на храната за 1,7 отсто при намалување на цените на енергенсите.

Според извештајот, во периодот јануари-јуни годинава остварен е дефицит на Буџетот на Република Македонија од 25.950 милиони денари, што претставува 3,8 проценти од проектираниот БДП за годинава, државниот долг на крајот на првиот квартал изнесува 41,8 отсто од БДП, додека јавниот долг претставува 50,7 отсто од БДП./МИА

Огромни шумски пожари во близина на Марсеј , илјадници евакуирани (ВИДЕО)

Околу 2.700 луѓе се евакуирани откако шумските пожари пустошат во близина на Марсеј во јужна Франција, соопштија пожарникарите на Твитер.

„По пеколната вечер, вкупно 1.800 пожарникари се на терен во борба против разорниот оган“, се вели во твитот на противпожарната служба.

Пожарот зафатил 1.025 хектари, но немало жртви меѓу локалното население, соопштија пожарникарите.

Шефот за противпожарна заштита Грегори Алионе изјави за FranceInfo дека голем дел од пожарот е под контрола, но дека ќе потрае неколку денови додека не се изгасне целосно.

Од пожарот биле погодени околу 1.500 туристи, а цели кампови биле целосно уништени, изјави Алионе.

FranceInfo објави дека 468 лица биле спасени со чамци откако избегале од пожарот кон плажите.

притисни ентер