ЗдравјеБрзата помош со полни раце работа за Велигденските празнициКолапси, повредени во сообраќајни несреќи, луѓе кои по постот претерале со алкохол и мрсна храна – Итната медицинска помош со полни раце работа за Велигденските празници... 45 колапси имало за три дена во Скопје каде интервенирала Брзата Помош. Причина за колапсите се температурните разлики, недоволното количество на вода и обилната солена и масна храна по постот, потврдуваат од Брзата Помош. За време на празникот најмногу интервенции од брзата помош имало и на улиците поради сообраќајни незгоди, а пред се сообрќајните незгоди каде за жал имаше и починати. Неприлагодена брзина и употреба на алкохол се причина за кобните несреќи со човечки жртви. Посебно внимателни треба да бидат велосипедистите и возачите на тротинтет кои при пад се здобиваат со скршеници. Докторите апелираат граѓаните да се внимателни со храната и да пијат повеќе вода за време на празниците. Исто така да се внимателни и со рокот на фарбаните јајца и нивното чување заради заштита од труење со храна. Тагови: брзата помош празници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАвион на „Ер Србија“во кој патувал Вулин вратен во Белград на патот кон МоскваАвион на „Ер Србија“ кој летал кон Москва бил вратен во Белград поради дополнителни безбедносни проверки.Од компанијата соопштија дека добиле информации од аеродромските служби за проверка поврзана со еден патник. Одлуката била донесена согласно безбедносните прописи и упатствата на надлежните органи. Од „Ер Србија“ нагласуваат дека екипажот постапил според утврдените стандарди. Српските медиуми објавија дека во авионот наводно биле и тројца познати функционери.Меѓу нив се Александар Вулин и претседателот на Српската народна партија Ненад Поповиќ. Во авионот, според медиумите, бил и директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на КонгресотДемократската партија оствари убедлива победа на изборите за Конгресот на САД, кои се одржаа во средината на претседателскиот мандат на Доналд Трамп. Според проекциите, демократите ќе преземат цврста контрола врз Претставничкиот дом, одземајќи им ја на републиканците, додека во Сенатот извојуваа победи во голем број сојузни држави што претходно се сметаа за републикански упоришта. Демократите на изборите за Сенатот освоија дури 224 места наспроти 134 на републиканците. На изборите во САД демократите освоија мнозинство и во Сенатот и во Претставничкиот дом.Со тоа ја презедоа контролата врз Конгресот до крајот на мандатот на Доналд Трамп. Резултатот претставува голем изборен пораз за републиканската партија. Демократите остварија изненадувачки победи во традиционалните републикански упоришта.меѓу нив се Тексас, Охајо и Канзас, каде последен пат победиле пред речиси 100 години. Трамп за „Фокс њуз“ изјави дека демократите „одработиле добра работа“.Тој признал дека е малку изненаден од изборниот резултат.Со мнозинство во двата дома, демократите ќе можат да ги блокираат плановите на претседателот. Тие ќе имаат и поголеми можности за контрола и надзор врз неговата администрација.Дополнително, би можеле да покренат и постапка за импичмент.Тоа би бил трет обид за отповикување на доналд Трамп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со повремени сончеви периодиСпоред УХМР времето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали. Во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter