Велосипедист ја тужи Брзата помош: Го удриле со возилото, па му наплатиле 2.000 долари - Канал 5

Велосипедист ја тужи Брзата помош: Го удриле со возилото, па му наплатиле 2.000 долари

Жител на Орегон тврди дека бил удрен од амбулантно возило во октомври 2022 година, а потоа бил однесен во болница и добил сметка за транспорт од 2.000 американски долари.

Велосипедист ја тужи Брзата помош: Го удриле со возилото, па му наплатиле 2.000 долари

Вилијам Хоеш (71) наведува дека возел велосипед кога бил соборен при кривина. Тој наводно завршил со скршеница на носот, гребаници и други повреди, додека велосипедот бил уништен.

Хоеш, во меѓувреме, поднел тужба барајќи 900.000 долари за болка и страдање, тврдејќи дека го намалил опсегот на движење и други проблеми по инцидентот.

Бранителот наведува дека освен за превоз, морал да плати и 47.000 долари за медицински услуги, а очекува и повеќе трошоци.

Во полицискиот извештај се наведува дека возачот и сопатникот во амбулантното возило процениле дека возеле меѓу три и 16 км/ч кога го слушнале ударот.

Од друга страна, велосипедистот вели дека возилото се движело со брзина меѓу осум и 16 км/ч, и дека не очекувал дека ќе биде удрен, пренесува Дејли мејл.

Претставниците на медицинската установа тврдат дека нивното сознание „покажува поинаква слика“, во однос на тужбата.

„Направивме сè како што треба и се погриживме за повредениот пациент“, се вели во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лошо второ полувреме за нов пораз на најдобрите фудбалери во Лигата на нации

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија и покрај осумте нови фудбалери во однос на лошата премиера против Швајцарија, синоќа го доживеа и вториот пораз во новото издание на Лигата на нации. 

Лошо второ полувреме за нов пораз на најдобрите фудбалери во Лигата на нации

На гостувањето во Љубљана по лошото второ полувреме, Словенија славеше со 2-0 .

Избраниците на Гоце Седлоски имаа рамноправно прво полувреме, но повторно останаа без реализација. Словенците го скршија нашиот отпор во вториот дел, постигнаа два гола и стигнаа до победа и три бода.

Седлоски направи дури осум промениво стартниот состав во однос на дуелот со Швајцарија. Македонија добро се постави на теренот и во најголемиот дел од првото полувреме успеваше да му парира на домаќинот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава

Вршителот на должноста шеф во амбасадата на Македонија во Софија вчера  бил повикан во министерството за надворешни работи на Бугарија откако на пратеник во бугараскиот парламент  не му бил дозволен влез во земјава.

Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник  не му бил дозволен влез во земјава

Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на бугарското МНР, пишува дека на пратеникот и претседател на парламентарниот комитет за бугарите во странство, Ангел Георгиев на 27 септември не му било дозволено да влезе во Македонија.

Според наведеното, Георгиев како член на бугарска парламентарна делегација требало да присуствува на рочиште од судскиот процес што во Основниот суд во Кочани се води против Ива Михаилова, закажано за следниот ден .

За време на средбата, бугарското министерство за надворешни работи побарало објаснување за причините за одбивањето на надлежните македонски власти да дозволат пратеникот да ја премине границата, особено имајќи го предвид тоа што Георгиев во претходните месеци непречено влегувал во Македонија за истата цел.

Од бугарското МНР велат дека јасно изјавиле оти преземените дејствија од македонска страна ги сметаат за провокативни.

Инаку, на Ива Михаилова ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“

На 29 септември 2026 година, во Свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите, се одржа промоција на книгата на акад. Таки Фити, со наслов „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“.

МАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“

Книгата претставува опстојна студија за неолибералните економски модели што доминираат во современиот свет, со посебен фокус врз факторите што го детерминираа подемот на неолибералната економска филозофија, причините за нејзината криза и новите економско-филозофски размисли за изградба на прогресивно и поправедно општество.

Во книгата, во посебна глава е даден опсежен осврт на карактеристиките на македонскиот економски модел и на основните сегменти во кои тој отстапува од стандардите на економските модели на развиените земји, како и на можните пристапи за разрешување на проблемите.

На промоцијата, на присутните им се обрати акад. Владо Камбовски, уредник на изданието, а за содржината на книгата и за препораките што произлегуваат од неа говореше проф. д-р Владимир Филиповски од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, од Економскиот факултет во Скопје. На крајот на настанот, свое обраќање одржа и авторот на книгата, акад. Таки Фити.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер