Брзаковска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка - Канал 5

Брзаковска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка

Денес сме на Водно, на улица Партение Зографски 31, каде што жителите алармираат дека се копа и се гради во непосредна близина на главната водоводна цевка. 

Брзаковска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка

Стравуваат дека градежните активности може да предизвикаат сериозни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето.

Според жителите, проблемот повеќепати бил пријавуван во Општина Центар, но надлежните не излегле на терен.

Господине Герасимовски, колку пријави треба да поднесат граѓаните за конечно да реагирате? Дали треба да настане штета, па потоа да преземете нешто?

Јавно прашуваме: Дали е точно дека Општина Центар во моментов има еден градежен инспектор, кој е на боледување, додека останатите ја напуштиле работата? Дали причината за нивното заминување се евентуалните притисоци и од кого?

Господине Филипче, господине Горан Бетон Герасимовски, ве повикуваме да дојдете на оваа локација, да разговарате со жителите и да објасните кој ја контролира изградбата и кој ја гарантира безбедноста на водоводната инфраструктура.

Господине Филипче, ве повикуваме заедно со Горан Бетон Герасимовски симболично да ги вадиме тулите од овој објект, за кој жителите сметаат дека е спротивен на нивните интереси. Ветувавте хумана урбанизација, а денес граѓаните бараат одговори и конкретни дела.

Почитувани,

За нас ова е прашање на безбедноста, квалитетот на живот и иднината на Центар.

Бараме итен инспекциски надзор, проверка на водоводната инфраструктура и јавно објавување на наодите.

Филипче и Горан Бетон Герасимовски, доста се ветувања! Граѓаните заслужуваат одговори, а не изговори!

Центар им припаѓа на граѓаните, а не на бетонот и инвеститорските интереси!

Клементина Брзаковска, член на ГК Скопје и претседател на Комисија за животна средина на ОК Центар

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Скопје 2028 - со силни партнерства го отвораме патот кон европската културна сцена

Градоначалникот Ѓорѓиевски упати искрена благодарност до амбасадорот Ле Риголер, Францускиот институт и сите партнери за довербата и поддршката.

Ѓорѓиевски: Скопје 2028 - со силни партнерства го отвораме патот кон европската културна сцена

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, директорот на Францускиот институт во Скопје, Грегоар Жислер, и директорот на Фондацијата „Скопје ЕПК 2028“ Марјан Цветковски, го означија почетокот на едно значајно стратешко партнерство со потпишување на Меморандум за соработка меѓу Фондацијата и Францускиот институт, под високото покровителство на Град Скопје.

- Со ова партнерство отвораме врати за заеднички уметнички продукции, размена на уметници и експерти и развој на културните и креативните индустрии. Создаваме простор нашите творци да се поврзат со европската културна сцена, а скопјани да добијат нови, квалитетни и достапни културни содржини. Скопје има дух, има талент и има приказна што заслужува да ја види и слушне цела Европа. Наша обврска е да создадеме можности таа приказна да го добие своето вистинско место – изјавив Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Град Скопје посебно ќе се посвети на соработката со Бурж, со кој во 2028 година ја споделуваме титулата европска престолнина на културата, како и на можноста за реализација на „Француска сезона во Скопје 2028“.

- Градиме мостови меѓу нашите градови, нашите уметници и нашите култури, со амбиција тие врски да траат и долго по 2028 година. За мене, успехот на Скопје 2028 ќе се мери и со можностите што ќе ги создадеме за младите, со поддршката за нашите уметници и со културата што ќе стигне до секој граѓанин. Сакам оваа титула да остави трајна вредност во животот на нашиот град. Заедно ја претвораме визијата во конкретна соработка. Скопје има што да ѝ покаже на Европа. Со својот културен идентитет, со својата креативност и со своите луѓе е подготвено да остави силен белег – рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски упати искрена благодарност до амбасадорот Ле Риголер, Францускиот институт и сите партнери за довербата и поддршката.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Притвор за лицето од тетовско осомничен за компјутерски криминал

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишник од селото Голема Речица за повеќе дела од областа на компјутерскиот криминал.

Притвор за лицето од тетовско осомничен за компјутерски криминал

За време на повеќемесечните предистражни дејствија координирани од јавен обвинител, се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение за извршено кривично дело – Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик, бидејќи осомничениот во периодот од 2025 до 2026 година администрирал нелегална онлајн група на комуникациската апликација „Телеграм“, преку која нудел услуги и софтверски алатки за измами поврзани со незаконско враќање парични средства.

Освен ова, тој е осомничен и за кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од член 149, кое го вршел како администратор на домејни и веб-страници поврзани со платформата „OLVX“, која служела како нелегален пазар за продажба на украдени дигитални податоци, софтверски алатки и услуги наменети за извршување кривични дела. Главни корисници на платформата биле сајбер криминалци кои купувале и продавале лични податоци и пристапни акредитиви за кориснички сметки, а во периодот на функционирање на платформата биле понудени над 1.500 украдени пристапни податоци на жртви – физички и правни лица.

Врз основа на наредба за претрес обезбедена од судот по барање на јавниот обвинител беше извршен претрес кај осомничениот и беа одземени два мобилни телефони. Во скриен фолдер на еден од телефоните беше утврдено дека тој поседувал вкупно 29 видеа со експлицитна содржина на полови дејствија меѓу возрасни лица и деца. Поради тоа, 20-годишникот е осомничен и за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија според член 193-а од Кривичниот законик.

Имајќи предвид дека постои несомнен ризик од бегство на осомничениот на кој му се ставаат на товар неколку кривични дела, како и поради опасноста тој да продолжи да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трајанов: Има индиции дека границата е нелегално премината, институциите детално да истражат

Може ли во моментов да се детектира чија е одговорноста за бегството на Ива Михаилова? 

Трајанов: Има индиции дека границата е нелегално премината, институциите детално да истражат

Има ли и каква е улогата на бугарските власти во случајот.. За овие дилеми свое видување има поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов, со него разговара Јана Јосифоска.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер