Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, постои опасност да го загуби видот - Канал 5

Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, постои опасност да го загуби видот

Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите.

Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, постои опасност да го загуби видот

Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички повреди.

„Семејството објави дека Елтон Тозај моментално е во сериозна здравствена состојба и е на интензивна медицинска нега. Според нив, ситуацијата е деликатна, бидејќи новинарот се бори да не го изгуби видот, што го прави овој настан уште поалармантен“, наведуваат медиумите.

Од полицијата засега нема информација околу настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со меѓународно поетско читање продолжува програмата на Струшки вечери на поезијата

Со меѓународно поетско читање „Матине“ во предворјето на црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид и посета на знаменитостите на градот во петок (26 јуни) продолжува програмата на 65-тите јубилејни Струшки вечери на поезијата.

Со меѓународно поетско читање продолжува програмата на Струшки вечери на поезијата

На прес-конференција ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година. Во потесен избор од пет поетски книги во конкуренција за наградата се „Меко трње“ од Марија Ангеловска (Скопје: ПНВ Публикации, 2026), „Во куќата“ од Николина Андова Шопова (Скопје: Бегемот, 2026), „Длабок простор“ од Зоран Анчевски (Скопје: Арс Ламина, 2026), „Првата ноќ и вториот рај“ од Сузана В. Спасовска (Скопје: Слово, 2026), и „Болна земја“ од Братислав Ташковски (Скопје: Матица македонска, 2026).

На годинешниот конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 година, организиран од НУМ „Струшки вечери на поезијата“, се пријавија 35 автори со вкупно 37 поетски книги објавени меѓу две фестивалски изданија, во период од 01.06.2025 до 01.05.2026 година.

Манифестацијата ќе продолжи со поетско читање „Плејади“ и поетски портрети, како и меѓународно поетско читање „Кругови 2“ и „Ноќ без интерпункција“ со читање на поети застапени во антологијата приредена од Иван Џепароски - „Камен и земја“ и читање на поетите во конкуренција за наградата ЕНХАЛОН.

НУМ Струшки вечери на поезијата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд, односно на 27.06.2026 година (сабота) и на 28.06.2026 година (недела), во раните утрински часови ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лина Ѓорческа испиша историја, прва Македонка на Вимблдон

Лина Ѓорческа испиша историја во македонскиот тенис.

Лина Ѓорческа испиша историја, прва Македонка на Вимблдон

Таа е првата македонска тенисерка која обезбеди пласман на Вимблдон и која ќе настапи во поединечна конкуренција на најпрестижниот тениски турнир.

Во финалното коло од квалификациите, Ѓорческа убедливо ја совлада Италијанката Лусија Бронцети со 2:0 во сетови (6:1, 6:2), по само 73 минути игра.

Ѓорчевска стигна до овој историски успех со три победи во квалификациите.

По елиминациите Шпанката Анхела Фита Болуда и Португалката Франциска Жорге, во решавачкиот меч беше подобра и од Бронцети, која беше 20. носителка во квалификацискиот турнир и се наоѓаше дури 96 места погоре од Ѓорческа на ВТА-листата.

Денес Ѓорческа ќе го дознае името на својата прва противничка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер