ЖивотБрутален тренд: Злосторства се пренесуваат на Фејсбук во живо!Новиот брутален тренд на снимање и објавување насилни снимки или преноси во живо на Фејсбук, однесе уште една жртва. Овој пат станува збор за 26 годишен Словенец кого две момчиња го претепале и го понижувале 23 минути и сето тоа го објавиле на оваа социјална мрежа. Мотивите за нападот се уште се истражуваат, а наводно меѓу нив избила расправија која во комбинација со алкохол довела до претепување и смрт кај момчето. Видеото е објавено на Фејсбук, а пред администраторите да го отстранат било погледнато од речиси 250.000 лица. Очигледно е Фејсбук има голем проблем – преносот на брутални насилства во живо. Иако во оваа компанија изјавуваат дека имаат тим кој е достапен 24 часа на ден и кој реагира по пријава за насилни снимки, некои од снимките останале достапни многу подолго, една од нив дури цели две недели. Снимката со насилството од Словенија не е изолиран инцидент, туку тренд кој се шири низ светот, пишува „Index.hr”. Четири лица од Чикаго во почетокот на оваа година киднапирале лице со посебни потреби, го врзале и му ја затнале устата. Пиеле, пушеле цигари, се смееле и го навредувале Трамп, а попатно ја тепале жртвата. Според изјавите на полицијата, еден од напаѓачите ја познавал жртвата, а нападнатиот веројатно бил држен во изолација 48 часа. На снимката се прикажува како напаѓачите ја кинат облеката на својата жртва која има само 18 години. Потоа му истураат пепел од цигари, го удираат со нозе по глава и му ја сечат косата и дел од темето со нож. Еден од случаите кој предизвика лавина негативни реакции за платформата на пренос во живо е самоубиството на 12 годишното девојче Кејтлион Никол Дејвис од Седартаун Таа своето самоубиство го изврши во пренос во живо преку апликацијата Live.me, а тоа видео стана вирално и се прошири и на другите социјални мрежи. Јутуб и Фејсбук после поплаките од корисниците и молбата од полицијата го отстраниле видеото, а некои други социјални мрежи не се согласиле на тоа бидејќи заработувале од прикажувањето реклами кои се пуштале заедно со видеото. Видеото пред отстранувањето од Фејсбук, било достапно речиси две недели. Никол во почетокот на видеото опишала како сексуално ја злоставувал член на семејството, за потоа да се обеси во дворот додека снимала камерата. Во Шведска уапсени се тројца мажи кои нападнале 31 годишна жена во Упсала. Жртвата била речиси без свест, додека еден од уапсените и ја соблекувал облеката и легнал врз неа. Видеото е емитувано во една затворена Фејсбук група, а го пријавила Џозефин Лундгрен, член на групата која го видела тоа. На крајот на снимката еден од напаѓачите и рекол на жртвата:„Само што беше силувана. Тројца против една, ха ха ха“. После тоа видео, снимено е и видео на кое тројцата мажи ја тераат жртвата да изјави како не станува збор за силување и токму тоа видео е емитувано во живо во моментот кога на местото на злосторот упаднала полицијата и ги привела тројцата сторители. Полицијата им се заблагодарила на сите кои реагирале и го пријавиле видеото. Наведените приказни се само дел од насилствата кои секојдневно завршуваат на Фејсбуј и сличните платформи кои овозможуваат емитување во живо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРути: Сè уште не е јасно дали мирот е близуГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин. „Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин. Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори. „Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.Тагови: Марк Руте НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook