Бруно Акраповиќ веќе не е тренер на Шкендија - Канал 5

Бруно Акраповиќ веќе не е тренер на Шкендија

Бруно Акраповиќ ја заврши соработката со фудбалскиот клуб „Шкендија“.

Бруно Акраповиќ веќе не е тренер на Шкендија
Ова денеска и официјално преку соопштение на својот веб сајт го потврди клубот од Тетово.

„Босанскиот тренер Бруно Акраповиќ веќе не е дел од Шкендија, откако клубот одлучи да се раздели со него. Јетон Беќири ја добива довербата да седи на клупата до следна одлука.

Раководството на ФК „Шкендија“ свика итен состанок на кој се анализираше состојбата во клубот по двата последователни порази во Тетово, од „Вардар“ и од „Шкупи“. По деталната анализа е донесена оваа одлука. Управата на клубот проценува дека е загубен значаен замав, кога е во прашање позицијата во лигата. По ова е одлучено да биде отпуштен Бруно Акраповиќ од тренерската позиција.

- ФК „Шкендија“ сака да му се заблагодари на Бруно Акраповиќ за неговиот придонес во тимот и за успесите постигнати во периодот додека беше дел од клубот и да му посака се најдобро во иднина, се вели во соопштението на ФК „Шкендија“.

Местото на Акраповиќ ќе го преземе Јетон Беќири кој и досега беше во стручниот штаб се додека раководството на тимот не донесе конечна одлука околу тренерското место. Веќе во недела во рамките од Првата македонска лига, Шкендија ќе гостува кај „Шкупи“ на Чаир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура.

Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област.

Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Три маскирани лица ограбиле обложувалница во Чаир

Ограбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.

Три маскирани лица ограбиле обложувалница во Чаир

Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот.

„Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор

 Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна  затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница. 

ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор

Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи во државата, гласале вкупно 8 лица.

Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, правото на глас го оствариле 104 лица.

Гласањето во текот на денот се одвиваше без проблеми и секој гласач имаше можност слободно да го оствари своето право на глас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер