СДСМ: Власта сега признава ризик од хепатит - за труењето во Гостивар мора да има кривична одговорност
1СДСМ: Власта сега признава ризик од хепатит - за труењето во Гостивар мора да има кривична одговорност
Други спортовиБронзен медал за картистот Павлов на Премиер лигата во ИстанбулЕмил Павлов освои бронзен медал на К1 Премиер лигата во Истанбул, Турција откако го совлада казакстанецот Каисар Албисбаир со 4:1.Претходно на патот до меч за бронзата, завчера Емил ги победи Аминага Гулијев од Азербејџан со 3:0, Афеф Гаит од Јордан со 3:2 а со победата против Матиас Гарсиа Гомез од Шпанија со резултат од 8:3 се пласираше во полуфиналето, каде што беше поразен со 2:5 од азербејџанецот Фирдовси Ферзалиев, информираат од карате федерацијата на Македонија. Оваа победа и освоениот бронзен медал за нашиот најдобар каратист се голем поттик за уште поголема самодоверба пред Европското првенство во Пореч и квалификацискиот турнир во Париз, во борба за олимписка норма за ЛОИ во Токио. Од нашите спортисти, пласман на 7 место во категорија- 75 км постигна Доан Османи, а Берат Јакупи во категорија - 84 кг оствари три победи и пораз, но немаше репасаж. Во истата категорија Виктор Крстевски имаше две победи, како и Абдурахом Идризи во - 60 кг. Во кати, Пулексенија Јовановска оствари пласман на 13тото место. К1 Премиер лигата во Истанбул се бодува за олимписката листа на WKF и беше прво големо натпреварување по една година пауза во каратето, а настапија вкупно 584 каратисти од 72 земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Власта сега признава ризик од хепатит - за труењето во Гостивар мора да има кривична одговорностПо епидемијата предизвикана од загадената вода во Гостивар, власта сега официјално признава дека постои ризик од хепатит А и Е, како и од други заразни заболувања.Ова е токму она за што проф. д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела. Прво, на институциите доцна им се вклучија „црвените светла“. Додека гостиварчани пиеле вода со фекалии институциите не презеле ништо. Потоа ги криеја податоците од јавноста. Сега, кога кризата веќе се разгоре, признаваат дека постои ризик од жолтица и други заразни болести. Граѓаните на Гостивар ја плаќаат цената затоа што наместо стручност, превенција и навремена реакција, добија политички калкулации, прикривање информации и префрлање на одговорноста. Здравјето на граѓаните повторно беше ставено на второ место, а партиските интереси и тендерите – на прво. Јавноста сè уште нема добиено официјален и потпишан извештај со анализите за таканаречената „техничка вода“ во Гостивар. Кој институт ги изработил анализите? Кој го потпишал и одобрил извештајот? Врз основа на кои параметри е утврдено дека водата е безбедна за употреба? СДСМ бара итно да се направат анализи на водата во сите населени места во Македонија, а резултатите веднаш и целосно да бидат објавени пред јавноста. А за труењето на граѓаните мора да има кривична одговорност Не само политички, туку и кривично треба да одговараат Клековски, Андоновска, директорите на локалните центри за јавно здравје и сите што знаеле, а криеле, што не презеле мерки и не го заштитиле здравјето на граѓаните. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалУЕФА брутално ја нападна ФИФА!Европската куќа на фудбалот УЕФА остро ги осуди наводите дека Светската фудбалска асоцијација ФИФА размислува за продажба на малцински удел од Светското првенство на приватни инвестициски фондовиПо протекувањето на информациите за приватни инвестиции во Светското првенство, УЕФА остро реагираше, повикувајќи на единство во одбраната на фудбалот. Европската куќа на фудбалот УЕФА остро ги осуди наводите дека Светската фудбалска асоцијација ФИФА размислува за продажба на малцински удел од Светското првенство на приватни инвестициски фондови, испраќајќи јасна порака дека таков потег би претставувал преминување на црвената линија што челниците на светскиот фудбал никогаш не би смееле да ја преминат. Највисоката организација на европскиот фудбал изјави дека овој предлог го сфаќа „исклучително сериозно“, повикувајќи ги сите национални сојузи, лиги, клубови, играчи, навивачи, како и државните органи, да реагираат обединето. – Ова ја преминува границата што раководните тела на фудбалот никогаш не би смееле да ја преминат. УЕФА ова го сфаќа исклучително сериозно. Истото треба да го стори и секој национален фудбалски сојуз, како и сите учесници во фудбалот: лигите, клубовите, играчите, навивачите, владите и сите на кои им е важна иднината на оваа игра. Душата и управувањето со фудбалот не се стока со која може да се тргува – особено не при целосен недостиг на транспарентност за тоа кој има финансиска корист. Никој од нас не го поседува фудбалот. Тој не е сопственост на ФИФА што може да се продаде – се наведува во соопштението на УЕФА. Оваа жестока реакција од Нион дојде откако во јавноста протече информација дека ФИФА планира да основа посебна компанија за управување со комерцијалните права на Светското првенство, при што дел од сопственоста ќе им биде понудена на приватни инвестициски фондови. Таквото сценарио веќе крена многу прашина меѓу водечките фудбалски лидери, кои предупредуваат дека влезот на приватен капитал може трајно да го наруши календарот на натпревари и да го промени сегашниот формат на најголемото фудбалско шоу.Тагови: УЕФА ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран постави ултиматум за отворање на Ормускиот теснецИран му предложи на Оман привремен план за повторно отворање на Ормускиот теснец, според кој еден правец на сообраќајот би се одвивал низ иранските води, а дел од спротивната рута исто така би минувал низ иранските води.Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, за иранската државна телевизија изјави дека Техеран го отфрлил претходниот предлог на Оман за рамноправна поделба на транзитните рути, со образложение дека таквото решение не ги задоволува безбедносните барања на Иран сè додека не се постигне долгорочна регионална стабилност. Гарибабади предупреди дека Ормускиот теснец ќе остане затворен доколку Мускат го отфрли предлогот на Иран, пренесува Ројтерс. Тој додаде дека Иран повеќе не ја признава Шемата за раздвојување на сообраќајот (TSS) усвоена од Меѓународната поморска организација, тврдејќи дека таа главно се наоѓа во оманските води и не му овозможува на Техеран доволна контрола врз бродовите што минуваат низ теснецот. Според него, традиционалната рута низ средината на теснецот моментално не се користи поради опасноста од мини, па бродовите се пренасочени кон северната рута долж Иран и јужната рута долж Оман. „Ова е прашање на национална безбедност, а не обид за вршење притисок“, изјави Гарибабади, истакнувајќи дека Иран претходно не го оспорувал користењето на рутата TSS, која со децении се наоѓа во оманските води. Иранскиот функционер исто така предупреди дека Техеран нема да дозволи која било трета земја – дури и ако е поканета од Оман – да учествува во расчистувањето на мините во Ормускиот Теснец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20