СветБројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шестБројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург, Германија, се искачи на шест, откако денеска беше соопштено дека една од повредените жени им подлегнала на повредите, јави ДПА.52-годишна жена починал во болница, соопшти обвинителството во Наумбург. Нападот се случи на 20 декември, кога 50-годишен маж со автомобил влета во толпа луѓе, усмртувајќи пет лица, меѓу кои 9-годишно момче и четири жени. Осомничениот, идентификуван како Талеб А., е државјанин на Саудиска Арабија со постојан престој во Германија од 2006 година. Тој претходно работел како лекар во психијатриска болница. Обвинителството истражува дали осомничениот страда од психички заболувања. Се истражуваат и безбедносните мерки на пазарот, бидејќи пристапите не биле соодветно обезбедени, соопштија властите. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАМСМ: Промена на сообраќајниот режим на автопатот Кичево–ОхридНа автопатот Кичево–Охрид, на потегот меѓу Пресека и Песочан, кај клучката Арбиново, од денеска ќе се применува привремена измена на сообраќајниот режим поради работи за санација на левиот коловоз.Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на останатите државни патишта сообраќајот се одвива без пречки, при претежно суви коловози. Сообраќајот надвор од населените места е со умерен интензитет, додека на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
БалканПоднесена иницијатива за забрана на емитување на „Информер“, студентите бараат оставки во РТСДодека се чека формирање на новата српска влада, притисокот се сели врз дел од медиумите.. Студентската листа преку отворено писмо побара оставки од раководството и главните уредници на Радио-Телевизија Србија.. Во исто време, повеќе граѓански организации и медиумски здруженија во Србија поднесоа до Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) иницијатива за одземање на лиценцата за емитување на ТВ Информер, поради како што се наведува, долгогодишно кршење на медиумските закони и професионалната етика, во корист на актуелната влада. По упадот на поголема група граѓани во Информер, доскорешниот претседател Александар Вучиќ предупреди дека ако државата не реагира, тие како партија, ќе ја преземат правдата во свои раце..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТерористички напад пред израелската амбасада во БелградТерористички напад се случи пред израелската амбасада во Белград.Малолетник, за кој се сомнева дека е од Шабац, ја нападнал полицијата со два ножа пренесува Радио Телевизија Србија .Според српските власти, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“.Припадникот на полицијата го усмртил напаѓачот во самоодбрана. Полицаецот бил полесно повреден во инцидентот.министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ соопшти дека безбедносните служби го следеле осомничениот. Според првичните информации, тој бил поврзуван со Исламската држава.По нападот, Србија го подигна нивото на терористичка закана на црвено ниво.Засилено е полициското присуство на клучни локации и инфраструктурни објекти.Дополнителни безбедносни контроли се спроведуваат и на места со поголема концентрација на граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook