Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
2Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
СветБројот на загинати во земјотресот во Мјанмар надмина 2.800Бројот на загинати од силниот земјотрес во Мјанмар се искачи на 2.886, според владејачката воена хунта, при што повеќе од 4.600 луѓе се повредени, а околу 370 се уште се водат како исчезнати по пет дена.Водачот на Хунтата Мин Аунг Хлаинг денеска изјави дека надежите за пронаоѓање на уште преживеани под урнатините се намалуваат. Дваесет и шестгодишник беше пронајден жив во урнатините на хотел во главниот град Најпидав, а во неговото опоравување наводно биле вклучени турски спасувачки тимови. Вчера една жена беше извлечена од урнатините по повеќе од 90 часа. Хуманитарните организации предупредуваат дека вистинскиот број на исчезнати луѓе може да биде многу поголем отколку што сугерираат официјалните бројки. Лекарите без граници соопштија дека тековниот конфликт, неуспесите во комуникацијата и ограничувањата за пристап го отежнуваат проценувањето на целосниот обем на катастрофата и медицинските потреби, особено во оддалечените области. Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го потресе вториот по големина град во Мјанмар, Мандалај, како и регионот Сагаинг и Најпидау во петокот. Потресите биле почувствувани дури и во Бангкок, оддалечен преку 1.000 километри. Тагови: земјотрес Мјанмар Бангкок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаСедма вечер на отвореното културно лето во КарпошВчеравечер Карпошовото културно лето започна со презентација на фолклорната уметност , во организација на АКУД „Мирче Ацев“. Освен домашни групи, танцовите фолклорни ансамбли од Мексико, Романија, Унгарија , Полска и Турција, беа одлична можност, почитувачите на автентичниот фолклор да се насладат на интернационална играорна култура од други земји. Во присуство на градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, во рамки на проектот „ReArt, во кафулето „Ли“, за љубителите на овој вид на уметност, беа изложени и презентирани автентично изработени скулптури од рециклирани материјали, создадени од млади таленти . -Навистина ми претставува особена чест, што вечерва имаме можност да ги видиме овие фасцинантни дела од оваа изложба. Она што го гледаме пред нас е најдобар доказ дека уметноста може да се роди токму таму, каде што најмалку ја очекуваме. Особено ме радува што зад овие дела стојат млади луѓе. Тие ни покажуваат дека креативноста нема граници, а одговорниот однос кон животната средина може да започне со едноставна промена во начинот на кој гледаме на работите околу нас, потенцираше првиот човек на Карпош , Лукровски. Во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“ со почеток од 20:00 часот , во рамки на отвореното кино, беше прикажан филмот „Исцелител“. И овој пат, карпошани, заедно со своите маалски соседи, роднини и пријатели, гледаа домашен македонски филм, во една релаксирана и опуштена атмосфера. Седмата вечер на отвореното културно лето во Карпош, заврши на најдобар можен начин-со одлична забава со неповторливите Игор Џамбазов и Гуру Харе . Нашиот легендарен шоумен заедно со гитаристот во придружба, направија незаборавна вечер за паметење. Со бравурозен настап, како на „филмска лента“ сe редеа познатите македонски поп-рок хитови и евергрини од познати македонски изведувачи кои ги натераа присутните заедно со Џамбазов и Гуру Харе да пејат и одлично да се веселат. Меѓу своите карпошани во релаксирана и опуштена атмосфера се забавуваше и градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски , заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
ЕкономијаОстварена посета на фабриката Адиент Аутомотив во ТИРЗ СтрумицаДиректорот Гоце Димовски оствари посета на Адиент Аутомотив во ТИРЗ Струмица, каде заедно со менаџментот на фабриката беа разгледани тековните активности, плановите за во иднина, како и можностите за раст и развој. Покрај ова, беше реализирана и обиколка на производствениот погон. Во рамки на средбата, Димовски посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ и натаму продолжува со континуирана соработка со компаниите кои работат во зоните, со цел навремено да се согледаат нивните потреби и да се обезбеди соодветна поддршка во нивното работење. Тој посочи дека активно се работи на дополнително подобрување на условите за инвестирање, како и на создавање уште подобра деловна средина за компаниите кои се дел од ТИРЗ. Од страна на менаџментот на фабриката, беше изразено задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, при што беа претставени тековните активности и идните планови и очекувања на компанијата. Преку ваквата директна и отворена комуникација со инвеститорите, Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со јакнење на партнерскиот однос, подобрување на условите за работа и поддршка на компаниите во нивните развојни планови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Топол продолжен викенд со изолирани невремињаПродолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени.Продолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени, можно е изолирано невреме во делови од земјата, велат од УХМР.. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook