Бројот на заболени од грип во Хрватска го достигна врвот, 30 лица починале од компликации - Канал 5

Бројот на заболени од грип во Хрватска го достигна врвот, 30 лица починале од компликации

Бројот на заболени од грип во Хрватска го достигна врвот со 24.498, при што минатата недела се пријавени 5.507 случаи, додека 30 лица починале од компликации, покажуваат податоците на Хрватскиот институт за јавно здравје.

Бројот на заболени од грип во Хрватска го достигна врвот, 30 лица починале од компликации

На отворените одделенија има 30 заболени од грип, изјави Иван Пуљиз, раководител на Клиниката за инфективни болести во Загреб „Д-р Фран Михаљевиќ“.

-Покрај тоа, имаме шест пациенти на одделот за интензивна нега за возрасни. Станува збор за пациенти со најтешки компликации од грип. Повеќето од нив дојдоа од други клинички центри во Република Хрватска, изјави Пуљиз за хрватскиот јавен сервис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО: Син осомничен за убиство на татко во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

ОЈО: Син осомничен за убиство на татко во Скопје

Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, нанесувајќи му повеќе од 30 убоди во вратот и градниот кош. Таткото починал на лице место.

Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе повеќе дејствија со цел прецизно утврдување на мотивите за настанот, а ќе биде извршено и психијатриско вештачење на осомничениот.

Со цел негово обезбедување во текот на кривичната постапката, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

ОЈО Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка.

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 13 март годинава тие повикале девојче кое тогаш имало 13 години да излезе од дома со нив и ја убедиле да влезе во запуштена просторија во близина на спортскиот центар ” Соколана”. Таму жртвата грубо ја навредувале и физички ја нападнале, удирајќи ја по лицето и телото и ја либеле за коса. Насилството го снимале со телефон, а на нападнатото девојче му се заканиле по живот доколку каже некому за настанот.

Јавното обвинителство, веднаш по објавата на видеото на социјалните мрежи презеде дејствија за обезбедување докази, а за полнолетната осомничена достави и предлог за определување мерки на претпазливост до надлежниот суд – задолжително јавување во судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување и воспоставување контакти со жртвата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Условна затворска казна од една година, ако стори кривично дело во следните три години, доби екс-претседателката на антикорупциска Татјана Димитровска, откако беше прогласена за виновна за оддавање на службена тајна и компјутерски фалсификат. 

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Судот како отежнителна околност го наведе тоа што делата ги сторила како претседателка на една од најважните институции за борба против корупцијата, а ја компромитирала и државната безбедност и го изиграла системот за да добие највисок безбедносен сертификат, по што, на крајот и изрече условна казна.

Предметните обвинители, пак, се задоволни што е докажана вина, а по однос на казната, посочија дека очекувале ефективен затвор. Најавија дека дополнително ќе се произнесат дали ќе поднесат жалба до Апелација.

И условната казна претставува неуспех, порача адвокатот на поранешната антикорупционерка – Владимир Туфекџиќ. Тој веќе најави жалба до апелацискиот суд, со цел, како што кажа, да се докаже невиноста на Димитровска.

Второбвинетиот, ревизорот Миле Столевски, кој го полагал безбедносниот сертификат во име на Димитровска доби исто така условна затворска казна од шест месеци. Единствено, ослободителна пресуда доби Биљана Манева, обвинета во случајот дека му оддавала службени информации на Небојша Стојановиќ, поранешен директор на ТЕЦ Неготино и обвинет во предметот „Адитив“. Судот оцени дека Стојановиќ во тој период не можел да се смета за неповикано лице, бидејќи бил директор на институцијата. Што се однесува до Мантева – обвинителството децидно најави дека ќе се жали пред Апелација

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер