Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
1Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
2Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
3Демократска сенаторка на 82 годишна возраст раководела со мрежа на трговци со дрога, се огласи и ФБИ
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
3Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
ЗдравјеБројот на случаи со туберкулоза кај нас континуирано опаѓа, но болеста се уште е присутнаБројот на случаи со туберкулоза во нашата земја континуирано опаѓа, но болеста се уште е присутна. Ова го потврдија за МИА од болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле“ и од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза. Директорот на болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле“, д-р Бесник Зеќири, вели дека во Институтот, годишно имаат во просек по 10 до 12 деца. - Заради ковид-пандемијата, овие бројки беа помали во изминатите две години, по пет до осум деца. Годинава, за два месеца имаме дијагностицирано 11 случаи на ТБЦ, и околу 20 со латентна туберкулозна инфекција, изјави за МИА, директорот на болницата Зеќири. [Бројот на позитивни на коронавирусот во државата се искачи на 5106, а досега починаа 238 лица. Вчера беа регистрирани 101 нов случај на КОВИД-19, од направени 776 тестирања и пет починати. Ин] Тој појасни дека на нивниот оддел за туберкулоза, моментално болнички се лекуваат шест деца и сите се во стабилна состојба. -За спречување на оваа болест потребна е вакцинација со БЦГ вакцина по раѓање, откривање на болните, најчесто возрасни лица со белодробна тбц кои ја шират заразата, и најважно откривање на контактите и нивно иследување, особено децата кај кои е потребна соодветна заштитна терапија, како не би дошло до развој на болест, посочи Зеќири. Според најновите податоци на Светската здравствена организација, во 2021 година се регистрирани 10.6 милиони случаи на заболени од туберкулоза, што е еквивалент на 134 регистрирани случаи на 100.000 жители за таа година. Република Северна Македонија последните 15 години има континуиран пад на бројот на новозаболени со туберкулоза, каде од 2019 година припаѓа во групата на земји со ниска инциденца, што имаат помалку од 10 случаи на 100.000 жители, нагласи за МИА, директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, д-р Сеад Зејнел. [Илјадници австралиски здравствени работници ќе почнат со тестирање за да видат дали вакцината за туберкулоза стара еден век, може да се бори против новиот коронавирус, велат истражувачи, прик] -Иако е излечлива и превентабилна болест, 141 година од откривањето на причинителот на туберкулозата, 75 години од откривањето на ефикасни лекови, туберкулозата се уште претставува глобален здравствен проблем. Присутна е во сите земји и сите возрасни групи. Секој може да заболи од туберкулоза. Но, одредени групи на лица се со зголемен ризик да заболат од истата, а тоа се лица кои биле во непосреден контакт со болен од туберкулоза, членови на семејството, особено децата, потоа лицата кои живеат со ХИВ, исто така лица кои живеат во затворени колективи како прифатилишта за мигранти и бездомни лица, затворите, психијатриски одделенија, лица кои живеат со материјални средства под границата на сиромаштијата, како и хронични болни со намален имунитет, каде не постои можност за спречување на болеста - дијабетичари, болни со долготрајна кортикотерапија, болни од малигни заболувања, истакна Зејнел. Постигнатиот напредок кон целите за елиминација на оваа болест во светски и домашни рамки, како што додаде Зејнел, во значителна мерка е компромитиран од страна на ковид-пандемијата, каде поради рефокусираноста на здравствените системи и популацијата кон истата, само е зголемен јазот помеѓу регистрираните случаи и реалната бројка на заболени од туберкулоза. -Иако е присутна кај сите возрасни групи, за жал, гледано според возрасните групи, туберкулозата најчесто се јавува кај најработоспособната популација, помеѓу 20 до 40 година од животот, а машкиот пол е двојно повеќе опфатен, најверојатно поради бихејвиоралните одлики на машкиот пол. Во основа, еден здрав организам најчесто успешно се бори со туберкулозните бацили, каде и во случај на инфекција, таа останува под контрола, во скриена - латентна форма. Кај пет до 10 отсто од инфицираните лица, болеста може да се јави по неколку години поради состојбата на организмот - имунитетот - и факторите на околината. Ако отпорноста на организмот е слаба, тогаш инфекцијата преминува во активна болест, којашто истовремено е и заразна, појасни Зејнел за МИА. [Мобилна клиника ќе биде промовирана денеска во дворот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза. Станува збор за реализација на проект на Турската агенција за соработка и координац] За да може повторно да се воспостави контролата врз туберкулозата како пред пандемијата, како што истакна тој, во годините пред нас потребни се интензивирани напори подржани со повеќе финансии и мултисекторски пристап кој ги адресира сите детерминанти на туберкулозата, како што се сиромаштијата, потхранетоста, ХИВ инфекцијата, пушењето и дијабетесот. -Потребата од дејствување е дотолку поголема колку што се ефектите предизвикани од светската економска криза, поради која се влошуваат пошироките детерминаннти на туберкулозата, како што се домашниот приход и потхранетоста. Луѓето со неухранетост се трипати повеќе изложени на ризик. Кампањите за промоција на здравјето, издигнувањето на свесноста на граѓаните за туберкулозата, се интервенции што покажале значителни резултати, како во превенцијата на болеста, така и во борбата против стигмата, која што воедно е еден од предизвиците што ги отежнуваат нашите напори, подвлече Зејнел. Најдобрата превентивна мерка е раното откривање и успешното лекување на секој болен од туберкулоза. -Лекувањето на туберкулозата во Република Северна Македонија е бесплатно и достапно за сите на кои им е потребно. Така, неопходно е преземање на сите расположиви превентивни мерки што придонесуваат за рано откривање и навремено лекување на болеста, како што се активното откривање на случаите на туберкулоза кај ризичните групи, непосредната контрола на лекувањето и следењето на болните со туберкулоза, унапредување на грижата за ранливите категории и водење сметка за здравиот начин на живот, дециден беше Зејнел. Светскиот ден за борба против туберкулоза се одбележува секоја година на 24 март. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЗабаваЅвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе. Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак. „Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“. Компликации со визата Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат. „Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија. „Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа. @mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа. Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“ Свадба на Хаваи Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари. View this post on Instagram A post shared by Mikaela Testa (@mikaelatesta) Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.Тагови: OnlyFans сопругот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаАнгела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“. Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа. „Љубезна, топла и пристапна“ Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка. „Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот. Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа. Локални специјалитети во кошничката Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда. Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија. По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.Тагови: Ангела Меркел супермаркет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДанска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва. Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната. „Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите. Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“. „Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата. Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва. Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина. Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL). Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.Тагови: Данска ракети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21