Бројот на нови случаи пораснал за 6%, комисијата смета дека состојбата е мирна - Канал 5

Бројот на нови случаи пораснал за 6%, комисијата смета дека состојбата е мирна

Кривата осцилира, ама во болница поради ковид лежат само 16 граѓани, а во текот на изминатата недела еден пациент ја загубил битката со вирусот. 

Бројот на нови случаи пораснал за 6%, комисијата смета дека состојбата е мирна

Ова, заедно со околу 6% зголемување на бројот на заразени споредено со минатата недела, го покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. Сепак, неделава повеќе се тестирало од минатата. Во податоците се истакнува раст на бројот на позитивни случаи кај најмалите и најстарите, па неделава помалку заразени има од возрасните групи од 20 до 40 години, а највеќе, за 20 % повеќе од претходната седмица, од возразната група над 60 години. (од извештајот)

Во изминатато деноноќие пак, има 83 нови случаи на КОВИД, од нив 13 се реинфекции, а починати нема, стои во дневниот биланс на Министерството за здравство.

Сепак, мал е бројот на активни случаи, па во моментов заразени се околу 530 граѓани во Македонија. Најголем број од нив се во Скопје – 300. Седумдесет позитивни пак, има во Битола. Во Прилип и во Охрид има по 20 заразени, а во останатите градови се бројат на прсти.

Иако кривата покажува благо бранување, епидемиолошка состојба е мирна, а сега имаме секојдневние кое е најблизу до старото нормално, вели за Канал 5 Д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заштита од заразни болести.

Додека состојбата мирува, здравствените власти ќе прават симулации за евентуален петти бран, а се планираат и капацитети за предизвикот наречен „пост ковид“.

Инаку, додека Европа и поголемиот дел од светот го живеат „старото нормално“ Северна Кореја се соочува со околу 270.000 заразени. Сепак, таму не се евидентираат „ковид случаи“ туку, пациенти со симптоми на треска. Според тамошниот штаб починале околу 50 луѓе, а од крајот на април од треска се разболеле повеќе од милион луѓе.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Скопје се сеќава…

На денешен ден, пред 63 години, во 5 часот и 17 минути, времето за Скопје застана.

Ѓорѓиевски: Скопје се сеќава…

За само неколку секунди беа згаснати повеќе од илјада човечки животи, разурнати домови и разделени семејства.

Зад секоја бројка остана нечие дете, родител, сопруг, пријател, нечиј цел свет.

Денес, со длабока почит, се поклонуваме пред споменот на жртвите.

Нивната болка е вградена во темелите на нашиот град, а обврската да не ги заборавиме е вечна.

Но, од правот, урнатините и солзите се роди надеж.

Светот му подаде рака на Скопје, а градот, како феникс од пепелта, повторно се издигна и стана симбол на човечноста и светската солидарност.

Скопје повторно беше изградено со љубов, храброст и подадени раце од целиот свет.

Денес, наша должност е да продолжиме таму каде што застанаа генерациите пред нас - да го чуваме, унапредуваме и градиме со визија, одговорност и љубов кон секој негов дел.

Да создадеме современо, безбедно и достоинствено Скопје, град што ќе го почитува своето минато, но храбро ќе ја гради својата иднина.

Затоа што најголемата почит кон оние што ги загубивме е да создадеме град достоен за нивниот спомен и за генерациите што доаѓаат.

Скопје памети. Скопје тагува.

Но Скопје никогаш не престанува да живее, да се обновува и да чекори напред.

Нека е вечен споменот на жртвите од катастрофалниот земјотрес.

Нека живее Скопје - градот на солидарноста, надежта и непокорот, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Македонката, која во Улцињ прегази куче: Го растргна нашето ши-цу, газдата ни се закануваше (ВИДЕО)

Ќерката на Сашка Стојаноска, Македонката уапсена во Улцињ откако со својот автомобил прегазила куче, тврди дека шарпланчанецот прво го нападнал и го убил нивното куче, а потоа ги нападнал и членовите на нејзиното семејство.

Ќерката на Македонката, која во Улцињ прегази куче: Го растргна нашето ши-цу, газдата ни се закануваше (ВИДЕО)

Таа рече дека на видеото се гледа и нивното мало куче Ши Цу, кое претходно го убил шарпланинецот, тежок повеќе од 50 килограми. Според нејзините зборови, кучето влегло во нивниот стан, им го растргнало домашното милениче пред нив, а подоцна ги нападнало, меѓу кои и нејзиниот малолетен брат. Според неа, шарпланинецот бил „удрен од автомобил за да го одвои од неа и од кучето што умрело“, пренесе Телеграф.

Таа додаде дека шарпланчанецот имал сопственик кој по настанот им се заканувал пред станот заедно со група пријатели. Според неа, „газењето било обид на мајката да ги одбрани децата и нивниот миленик“.

Обвинителството во Улцињ соопшти дека на жената ѝ е одредена мерка притвор во траење од 72 часа. Таа е осомничена за кривично дело убивање и мачење животни, како и уништување на нивното живеалиште.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џошуа по победата бара да му дадат албанско знаме (ВИДЕО)

Ентони Џошуа го победи Кристијан Пренга со прекин во второто коло во неговата камбек борба во Џеда, Саудиска Арабија. 

Џошуа по победата бара да му дадат албанско знаме (ВИДЕО)

Победата дојде по голема драма. Џошуа преживеа два нокдауни во првата рунда. Но, Албанецот беше истрошен и Џошуа веќе во второто коло го приведе мечот кон крајот.

Британците по победата побараа од публиката да му го даде албанското знаме. Кога го добил, го ставил на рамо, додека на другото рамо стоело знамето на Велика Британија. Погледнете како тоа изгледаше.

Следен противник на Џошуа е Тајсон Фјури

За Џошуа следната борба е против сонародникот Тајсон Фјури. Долгоочекуваната борба меѓу двајцата Британци е закажана за ноември 2026 година, но се уште не е одреден датум. „Го потпишавме договорот, се е договорено“, изјави менаџерот Еди Херн по синоќешната борба.

Борбата меѓу Џошуа и Фјури, двајцата од најпознатите британски боксери, наводно е закажана за ноември. Иако ниту еден од нив не е на врвот на својата кариера, комерцијалниот интерес е огромен. Натпреварот се очекува да биде проследен на Нетфликс.

Британските навивачи се надеваат на борбата дома, но организаторите и радиодифузерите од Саудиска Арабија, наводно, ги претпочитаат САД поради американскиот пазар. Како една од опциите со години се споменува британскиот национален фудбалски стадион Вембли.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер