Бројни дојави за бомби низ цела Србија: Ќе има масакр низ градовите - Канал 5

Бројни дојави за бомби низ цела Србија: Ќе има масакр низ градовите

Во редакциите на српските медиуми пристигнаа пораки дека се поставени бомби во градовите ширум Србија.

Бројни дојави за бомби низ цела Србија: Ќе има масакр низ градовите

Во заканувачките мејлови се наведува дека „човечките органи ќе летаат во воздух, а улиците ќе бидат полни со крв“. Порталот Nova.rs во целост ја пренесе содржината на заканувачките мејлови

„Гледам уште ве лажат, гнасни националистички говеда, ништо не научивте, НАТО не беше доволно што ве бомбардира, не се откажувате од идејата за „српско Косово“. Ако НАТО не ве натера да се откажете, ако првата генерација на ОВК не ве натера да се откажете, ние ќе ве принудиме, со тоа што војната ќе ви ја однесеме во домовите, становите, фирмите, канцелариите, на вашите улици.

Како што убивте невини цивили на Косово, во Босна, во Хрватска, сега ќе видите како е кога ќе се случи масакр на улиците на вашите градови“, стои во мејлот испратен до редакцијата на Nove.rs од адресата: uck.second.generation [email protected].

Во е-поштата понатаму се вели: „Улиците на Белград, Нови Сад, Пријепоље, Краљево ќе бидат полни со крв, разнесените човечки органи ќе летаат во воздухот и ќе се залепат на ѕидовите. Мислите ли дека го заборавивме геноцидот од 1913 година? Не, како што не сме го заборавиле масакрот во Рачак, како што не заборавивме ниту еден убиен цивил на Косово.

Одмаздата е првенствено наменета за луѓето кои ги сметаме за најодговорни за злосторствата и терористичката политика на српската држава. Сега ќе има колатерална штета на тие места, кој е крив кога работат со или за тебе, четнички ср**а. Звонко и Милан, ќе ви ја пиеме крвта“, пишува во мејлот.

Покрај заканите за бомби, во мејлот се повикува и на атентат на српскиот претседател Александар Вучиќ, Милорад Додик, Владимир Путин и се заканува на Српската православна црква со порака „слобода на Косово“. Во е-поштата се наведува дека бомбите C4 кои содржат ампули со нервен агенс се поставени на следните локации:

3 бомби: Канцеларија на фирмата Нови Пазар Пут, Поштење 4а, Нови Пазар

1 бомба: Канцеларијата на фирмата Нови Пазар во Ќуприја на адреса Караѓорѓева 6

2 бомби: Канцеларија на фирмата Нови Пазар Сјеница на Пријепољска 57

2 бомби: Канцеларија на фирма Нови Пазар отсек Рашка на адреса Шупње Б.Б.

1 бомба: Канцеларија на фирмата Нови Пазар отсек Тутин, адреса султан Мехмед Фатиха Б.Б.

1 бомба: Канцеларија на фирмата Нови Пазар отсек Краљево на адреса Чибуковац Б.Б.

6 бомби во црквата Свети Марко

9 бомби во храмот Свети Сава

2 бомби во црквата Свети Ѓорѓија во Нови Сад, на Пашиќева 4

4 бомби во канцеларијата на Србијапут АД на 282 Булевар Краља Александра

2 бомби на првиот кат на ВМА во Белград

5 бомби на плацот Бетоњерка Алексинац, Автопат бб.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ноќеска почнува зимското сметање на времето - како промената влијае врз организмот?

Македонија ноќеска преминува на зимско сметање на времето. Во 3 часот по полноќ стрелките ќе се поместат еден час наназад, односно времето повторно ќе биде 2 часот.

Ноќеска почнува зимското сметање на времето - како промената влијае врз организмот?

Еден час повеќе за спиење, но и порано стемнување. Ноќеска Македонија преминува на зимско сметање на времето. Стрелките се враќаат еден час наназад, а со тоа се менува и секојдневниот ритам на граѓаните.

За повеќето граѓани поместувањето на часовникот не носи значителна промена во секојдневието.

Иако есенското поместување носи дополнителен час за спиење, експертите посочуваат дека на организмот му е потребно време да се приспособи. Промените може да влијаат врз квалитетот на сонот, концентрацијата и расположението, особено кај почувствителните категории граѓани.

,,Кај одредена категорија на луѓе може да се почувствува во првите неколку дена поголем замор, понамалена концентрација...Едноставно поголема поспаност во текот на денот и важно е во овој период да си дадат повеќе простор за одмор – да гледаат да ја користат попладневната дремка доколку тоа е потребно за побрзо да ја препродат промената.Кога ќе се разбудат веднаш да се изложат на дневна светлина 00:30 / 02:24 Да внимаваат на ихраната и на внесот на кофеин бидејќи колку и да се чувствуваат уморни во текот да го ограничат внесувањето на во првата половина од денот.“

Преминот кон зимско сметање на времето не носи само промени во секојдневните навики на граѓаните, туку се совпаѓа и со период на поинаква економска активност.

Според анализите за сезонските потрошувачки навики, со пократките денови и подолгите вечери се менува и начинот на кој граѓаните го поминуваат слободното време

Според пазарните аналитичари, пораното стемнување и поместувањето на стрелките на часовникот ги менуваат навиките на граѓаните, кои се повеќе поминуваат време дома, користејќи дигитални платформи за забава.

Иако Европската Унија уште во 2019 година го поддржа укинувањето на сезонското менување на времето, иницијативата сè уште е во застој. Причината е несогласувањето меѓу земјите членки дали трајно да се задржи летното или зимското сметање на времето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сторија: Како велешанецот успевал да измами десетици жртви со т.н. кубанска вакцина против канцер?

Не само од Македонија и Европа, велешанецот што на диво аплицирал т.н. кубански вакцини против канцер, имал пациенти и од преку океанот... 

Сторија: Како велешанецот успевал да измами десетици жртви со т.н. кубанска вакцина против канцер?

„Татко му починал од рак, а сестра му починала млада од кардиоваскуларна болест“, затоа сакал да им помага на луѓето за лекот што го има, а не се носи во Македонија, и затоа направил напори да го донесе од Србија“, вака велешанецот убедил семејство од Скопје чиј член од семејство имал канцер. Платиле над 10 илјади евра за три дози од кубанските вакцини за што тој гарантирал дека се вистински и помагаат во целосно лекување.

Роднината живеел во Америка и доаѓал во Македонија за вакцината, дури и мајката на болниот ја носела вакцината во Америка каде таа му ја аплицирала, бидејќи немало сертификат и докторите не сакале. Неговата состојба воопшто не се подобруваше само се влошуваше, а велешанецот М.А не убедуваше дека од Србија докторите рекле дека ќе се подобри, раскажува роднината. За жал нивниот роднина починал за три месеци по аплицирањето на третата вакцина. На случајна средба кога го виделе М.А им кажал дека нивниот роднина имал тешка бактерија и починал од тоа.

Сведоштвата на сите блиски укажуваат дека тој многу стручно објаснувал за вакцината и верувале дека нивните блиски ќе се излекуваат од тешката болест. Сите рекоа дека и приватно ќе го тужат за измамата. Вчера, основното јавно обвинителство во Велес донесе мерки против сега осомничениот М.А. Претрес бил направен работното место на осомничениот во Велес биле пронајдени докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се електронски уреди.

„Надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот. Обвинителот предложи мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува на суд.“

Осомничениот е на болничко лекување и му врачено решението од обвинителството. Тој е осомничен дека со намера ги доведувал луѓето во заблуда лажно нудејќи кубански вакцини против рак. Во обвинителството е оформен предмет за измама и надрилекарство, за овие две дела може да се добие казна до четири години затвор и парична казна. Во Србија постојат точно две компании кои се официјално лиценцирани за увоз и соработка со кубанскиот производител, додека третманот легално се спроведува во соодветни здравствени установи. Компаниите тврдат дека никој не продавал вакцини во Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Терорист во близина на Париз пукал кон детско игралиште, планирал да си го разнесе станот

Во пукотницата во Трап и Ла Вериер, места западно од Париз, еден маж е убиен, а пет лица се ранети. 

Терорист во близина на Париз пукал кон детско игралиште, планирал да си го разнесе станот

Осомничениот пукал од автомобилот на три локации. Полицијата го уапси во блискиот Коњиер.

Канцеларијата на антитерористичкиот обвинител истражува можен терористички и расистички мотив.

Меѓу ранетите е и едно девојче

Пукањето се случило вчера. Според министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез, осомничениот пукал во бензинска пумпа, здравствен центар, детско игралиште и аптека. Пукањето траело помалку од 15 минути.

Министерот рече дека осомничениот користел оружје кое изгледало како воено или барем автоматско.

Меѓу ранетите е и едно 12-годишно девојче. Телевизијата BFM објави дека таа била застрелана осум пати, а градоначалникот на Ла Вериер подоцна изјави дека нејзината состојба се стабилизирала.

Градоначалникот на Трап, Али Рабех, рече дека убиениот маж е од африканско потекло, а еден од ранетите е од Северна Африка.

Уапсен е и член на семејството на осомничениот

Полицијата го уапси осомничениот во блискиот Коњиер. Канцеларијата на антитерористичкиот обвинител го идентификуваше како 39-годишниот Кевин Т., роден во 1987 година. Член на неговото најблиско семејство, исто така, заврши во полициски притвор.

Обвинителството објави дека осомничениот поставил три цилиндри со гас поврзани со жици со тајмер во станот. Истражителите сè уште не го испрашале бидејќи неговото присуство е потребно за претрес на станот.

Макрон го нарече нападот расистички терористички напад. Тој рече дека жртвите биле избрани поради бојата на нивната кожа или религијата што им ја припишал напаѓачот. Рабех рече дека нападот веројатно бил исламофобично мотивиран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер