ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!
2ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!
БалканБрнабиќ: Продолжува теророт на Курти врз Србите на КосовоТеророт на Албин Курти врз Србите на Косово и Метохија, очекувано продолжува, согласно сето она што го кажуваме и она што со месеци го зборува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, терор и малтретирање на Србите на Косово и Метохија.Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека продолжува „теророт што го спроведува косовскиот премиер Албин Курти врз Србите на Косово и Метохија“, нешто што и таа и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, до сега предупредувале, јави дописникот на МИА од Белград. Брнабиќ на новинарско прашање за настаните на северот на Косово рече дека косовската полиција од утрово врши претреси во српските општини на северот од Косово, дека влегле во КБЦ „Косовска Митровица“. -Теророт на Албин Курти врз Србите на Косово и Метохија, очекувано продолжува, согласно сето она што го кажуваме и она што со месеци го зборува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, терор и малтретирање на Србите на Косово и Метохија, изјави Брнабиќ. Таа посочи дека единствена цел и желба на Курти е да ги протера сите Срби од Косово. -Ја следиме ситуацијата, разговараме и со КФОР, со меѓународната заедница, од утрово претседателот Вучиќ има средби на оваа тема, се слушнав и со директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, теророт продолжува, заклучи Брнабиќ. На новинарско прашање дали има информации за тоа кои се вооружените лица во Бањска и каква е улогата на Милан Радојичиќ во тоа, Брнабиќ одговори дека медиумите кои и го поставиле тоа прашање го пренесуваат секој „збор на (министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ) Свечља како да е вистина“. -Свечља вели дека некој се лекува во ВМА, а вие трчате да видите дали навистина е на ВМА. Верувам дека сите ги имате сите информации, па прашајте ја Приштина, рече Брнабиќ. Премиерката на Србија во врска со предвремените избори изјави дека должината на нејзиниот мандат не ја одредува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, туку дека Владата излегла во пресрет на опозицијата која побарала распишување парламентарни и избори во градот Белград. Таа потсети дека уште во јуни понудила оставка и додаде дека верува и се надева дека изборите ќе се одржат во декември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху и шефот на Мосад планирале воени операции во Иран- Американците дознале и ги спречилеСпоред извештајот на израелската телевизија Канал 12, премиерот Бенјамин Нетанјаху и шефот на Мосад, Роман Гофман, планирале да извршат операција на иранска територија ноќта пред израелските избори. Израелски безбедносен оперативец наводно погрешно ги известил САД за планот, по што Вашингтон спречил негово спроведување. Канал 12 не објави детали за планираната операција и не е јасно точно како Вашингтон дознал за планот. Според извештајот, некои високи израелски безбедносни претставници се спротивставиле на операцијата бидејќи се плашеле дека може да предизвика голема ескалација со Иран и да ги одложи изборите. Изборите се одржаа на 27 октомври, но блокот на Нетанјаху освои 53 од 120 места и во моментов нема мнозинство во Кнесетот. Во посебен извештај се наведува дека началникот на Генералштабот, Ејал Замир, предупредил дека Иран може погрешно да ги протолкува потезите на Израел и да започне напад. Канцеларијата на Нетанјаху: Ова се лаги Израел Хајом објави дека Гофман го поддржал предлогот на Нетанјаху, додека Замир се спротивставил на него. Според весникот, операцијата би можела повторно да го разгори конфликтот со Иран, но нема да биде голема воена офанзива. Кабинетот на Нетанјаху претходно ги отфрли извештаите за предизборен напад врз Иран како лажни. Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека Израел нема намера прво да го нападне Иран пред гласањето, но ќе одговори со сила во случај на ирански напад.Тагови: Бенјамин Нетанјаху Мосад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла личните дисквалификации и политичките конструкции на Алијансата на Албанците и СДСМ упатени кон претседателот Максим Димитриевски.Кога нема аргументи за суштината на прашањата, очигледно остануваат навредите и обидите за политичка дискредитација. Квалификацијата „патриот на батерии“ најдобро зборува за политичката култура на оние што ја употребуваат, но не и за Максим Димитриевски. Во 2017 година, пред локалните избори, Димитриевски се откажа од пратеничкиот мандат и без политички калкулации влезе во изборната битка за градоначалник на Куманово. Не си остави резервна позиција во Собранието доколку ги изгуби изборите. Наспроти тоа, дел од тогашното раководство на СДСМ, кандидати за градоначалници, ги задржаа пратеничките мандати како сигурна алтернатива. Токму тука е разликата во политичкиот пристап и одговорноста. Патриотизмот не се мери со навреди, туку со одлуки, постапки и преземена одговорност. Нашиот став за правосудниот испит е јасен: тој треба да се полага на македонски јазик, согласно Уставот и законите. Македонскиот јазик не е предмет на политички пазарења и коалициски калкулации. ЗНАМ е подготвен за разговори со владините партнери, но нема да отстапи од своите принципи. Истиот принцип го застапуваме и во однос на евроинтеграциите. Македонија сака членство во Европската Унија, но не прифаќа постојани еднострани отстапки кон Бугарија без реципроцитет. Нашиот предлог за одложено дејство на уставните измени останува на маса. Очекуваме почитување на правата на Македонците во Бугарија и спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Во однос на обвинувањата на СДСМ за наводни средби, лобирања и поврзаност со Алта банка, бараме да се соопштат конкретни докази, факти и документи. Доколку постојат докази за незаконско постапување, надлежните институции треба да постапат. Сериозни обвинувања не смеат да бидат средство за дневнополитичка пресметка. ЗНАМ не отвора прашања за македонскиот јазик за да му обезбеди алиби на кого било, туку затоа што тоа е прашање од суштинско значење за државата. А што се однесува до наводниот пад на рејтингот на ЗНАМ, потсетуваме дека во 2024 година, кога дел од аналитичарите ни предвидуваа поддршка од околу 1 процент, граѓаните ни дадоа 56.232 гласа, 5,59 проценти и шест пратенички мандати. Тоа се официјални изборни резултати, а не нечии проценки. Според интерната анкета на Движењето ЗНАМ, актуелната поддршка за партијата е над 4,5 проценти, што одговара на приближно 50.000 до 55.000 гласови доколку изборите би се одржале денес. ЗНАМ нема да ги менува своите принципи според дневнополитичките потреби, нема да тргува со македонскиот јазик и нема да прифаќа еднострани отстапки без реципроцитет. Македонија не е предмет на политички пазар. Таа е наша одговорност и обврска. Патриотизмот се докажува со дела, со став и со подготвеност да се преземе одговорност за државните интереси. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаПакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг.Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг, објавија кинеските државни медиуми во саботата. Првиот странски посетител на вселенската станица ќе учествува во мисијата како специјалист за товар, објави CCTV, повикувајќи се на Кинеската агенција за вселенски летови со екипаж. Идентитетот е непознат Кина не го откри идентитетот на астронаутите, но функционер во вселенската агенција на Пакистан изјави за Ројтерс во септември дека пилотите Зишан Али и Курам Дауд поминале месеци обука во Кинескиот центар за истражување и обука на астронаути во Пекинг, подготвувајќи се за мисијата. Пекинг сè уште не го објавил датумот на мисијата. Историското значење на летот CCTV известува дека астронаутот, по завршувањето на краткорочниот лет во орбитата, ќе се врати на Земјата со вселенското летало Шенжоу-23. Ова е првиот заеднички вселенски лет во кој учествуваат кинески и странски астронаути во историјата на кинеската програма за вселенски летови со екипаж, и сè се одвива во рамките на „вселенската дипломатија“ на Пекинг.Тагови: вселенска станица астронаут Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook