Бритни ужива во топлес на плажа во Мексико, доби 5 милиони прегледи (ВИДЕО) - Канал 5

Бритни ужива во топлес на плажа во Мексико, доби 5 милиони прегледи (ВИДЕО)

Бритни Спирс објави видео на Инстаграм каде топлес се тркала на песочна плажа во Мексико.

Бритни ужива во топлес на плажа во Мексико, доби 5 милиони прегледи (ВИДЕО)

Пејачката прво лежеше насмеана, а потоа го соблече горниот дел од бикинито и се сврте кон камерата. Голите гради ги покри со раце.

Но, вниманието сепак го привлече човекот кој се гледа во позадина. Судејќи по коментарите на придружниците, тој е обезбедувањето на пејачката.

„Нејзиното обезбедување буквално не знае што да прави со себе“, „Ми го среди денот, смешен е“, „Момчето во црно се шокира кога Бритни му ги покажа градите“, „Жал ми е за овој чувар “, се само дел од коментарите под видеото кое досега го погледнале повеќе од пет милиони луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа

Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска изјави дека бегството на Ива Михајлова во соседна Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум во Македонија, кој по проверката на нејзините наводи, вели, ќе утврдеа дека таму нема здравствен сл

Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа

-Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум, тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш ќе излезеја работите на виделина какви се. ​Јас патувам во Софија, ќе разговарам секако со нивното Министерство за тоа, бидејќи во основа таму нема здравствен случај – вели Клековски.

Инаку, против Ива Михајлова се води судски процес во Судот во Кочани за сообраќајна несреќа, со смртни последици. Во моментов македонските власти имаат распишано меѓународни потерници и по Ива Михајлова и по Симеон Михаилов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови експлозии во Ријад: Саудиска Арабија повторно во состојба на готовност поради воздушни напади

Жителите на Ријад повторно слушнаа експлозии во средата, откако саудиската служба за цивилна заштита издаде предупредување за воздушен напад за главниот град и за покраината Ал-Карџ, пренесува Асошиејтед прес (АП). 

Нови експлозии во Ријад: Саудиска Арабија повторно во состојба на готовност поради воздушни напади

Жителите разговараа со АП под услов да останат анонимни од безбедносни причини. Еден жител, кој живее во северниот дел на Ријад, изјави дека експлозиите се слушале во близина на областа каде што се наоѓа Меѓународниот аеродром „Крал Калид“.

Сè уште не е познато од каде потекнуваат експлозиите. Во провинцијата Ал-Карџ, југоисточно од Ријад, се наоѓаат државната Корпорација за воена индустрија и воздухопловната база „Принц Султан“, што ја прави оваа област значаен воен центар.

Во текот на изминатата недела, аеродромот во Ријад повеќепати беше цел на смртоносни напади за кои одговорност презедоа јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран.

Како што ескалира конфликтот со Иран, Хутите постојано ги напаѓаат саудиските аеродроми, воените објекти и нафтената инфраструктура.

Во вторникот избувна пожар во административна зграда во објект со кој управува „Сауди Арамко“, една од најголемите светски нафтени компании. Овој инцидент претставува најнов напад врз Саудиска Арабија, водечкиот светски извозник на нафта.

Хутите однапред најавуваат напади врз аеродромите и нафтените постројки, што ги натера авиокомпаниите да ги суспендираат летовите и да ги повлечат своите авиони за да го минимизираат ризикот.

Сè поинтензивните напади ги истакнаа тешкотиите со кои се соочува Саудиска Арабија во пресретнувањето на ракетите и беспилотните летала на Хутите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот Гаши на Европска конференција на претседатели на парламенти во Рим

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, ќе учествува на Европската конференција на претседатели на парламенти, која на 15 и 16 октомври 2026 година ќе се одржи во Рим, Италија. 

Претседателот Гаши на Европска конференција на претседатели на парламенти во Рим

Конференцијата се одржува под покровителство на Парламентарното собрание на Советот на Европа и одбележува 50 години од одржувањето на првиот ваков собир во Рим, во 1975 година.

На овој форум на високо ниво, претседателите на парламентите ќе разменат мислења за предизвиците со кои се соочуваат демократските институции, влијанието на технолошкиот развој врз општествата и пазарите на трудот, како и за улогата на парламентите во зајакнувањето на меѓународната соработка и изнаоѓањето одговори на современите кризи.

Во рамките на Конференцијата ќе се одржи и посебен состанок на генералните секретари на парламентите, на кој ќе учествува и Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието. Дневниот ред на состанокот предвидува дискусија за транспарентноста, интегритетот и етиката како клучни предуслови за обновување и зајакнување на довербата на граѓаните во парламентите.

Европската конференција на претседатели на парламенти се одржува на секои две години и на неа учествуваат претседатели на парламентите од 46-те земји членки на Советот на Европа, како и делегации од државите со статус на партнери и набљудувачи, како и претставници на меѓународните парламентарни собранија.

Педесет години по првиот собир во Рим, Конференцијата ќе биде можност повторно да се потврди суштинската улога на парламентите во зачувувањето на демократијата, обезбедувањето отчетност, справувањето со новите предизвици и зајакнувањето на меѓународната соработка од која зависат мирот, стабилноста и владеењето на правото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер