Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
1Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
Шоу бизБритни откри дека била во врска со Бен Афлек, фановите шокирани: Џеј Ло ќе ја задави Пејачката Бритни Спирс објави фотографија на Инстаграм под која тврди дека го бакнала актерот Бен Афлек.Во објавата таа сподели слика на која се гледа како стои меѓу Бен и добитничката на Греми Дијана Ворен, а подоцна ја избришала објавата. "Кул слика од мене, Бен Афлек и Дајана Ворен пред неколку години! Тој е толку неверојатен актер. Заборавив да спомнам дека се запознав со Бен таа вечер... Искрено заборавив... Тоа е лудо! Само да можам да ви ја кажам приказната што се случи пред тоа! О боже, толкава озборувачка сум! Пссст заборавив“, напишала Бритни. Britney Spears shares throwback photo with Ben Affleck and reveals she made out with him in 1999: “Wish I could tell you guys the story that happened before that !!! Oh dear, I’m just being a gossip girl 🤓😏 !!!” pic.twitter.com/HmksHJYrBZ — Fan Account (@breatheonmiley) February 7, 2024 Веста изненади многу фанови бидејќи фотографијата е направена во летото 1999 година, кога Бен и Бритни наводно излегувале со други луѓе. Бен во тоа време се забавуваше со актерката Гвинет Палтроу, а можно е Бритни да се забавуваше со Џастин Тимберлејк бидејќи тие почнаа да излегуваат таа година. Фановите на социјалните мрежи веруваат дека објавата на Бритни ја вознемирила Џенифер Лопез, сопругата на Афлек. „Џ.Ло ќе ја задави Бритни Спирс по таа објава за бакнување со Бен Афлек!“, „Џеј Ло ќе ѝ го украде вокалот на Бритни ако продолжи така“, „Мислам дека ова е непочитување бидејќи Џеј Ло ја следи. Јас лично не би сакала да видам друга жена на нејзиниот времеплов како вели дека имала афера со мојот сопруг“, „Не знам во што да верувам. Бен порано беше прилично див, а Бритни е чудна“, се некои од коментарите . „Сè што знам е дека Џеј Ло е жешка и Бен веројатно се дружел со секоја симпатична актерка и поп-ѕвезда судејќи според ова. Се надевам дека на Bennifer 2.0 му оди добро“, рече еден корисник на социјалните мрежи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Стабилен е пензискиот системСтабилен е пензискиот систем, ова утринава го изјави претседателот на владата Христијан Мицкоски. За критиките од Фискалниот совет за зголемувањето на пензиите. тој рече дека од една страна има оптеретување на буџетот , а од друга страна имаме намалување на сиромаштијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДемонстранти и полицијата се судрија пред косовскиот парламентДемонстранти и полицијата се судрија пред косовскиот парламент.Протестот што се одржа пред зградата на парламентот на Косово ескалираше во судир меѓу полицијата и демонстрантите, откако тие се обидоа да го блокираат објектот и да не им дозволат на пратениците да излезат додека не ги изгласаат измените на законот за специјалниот суд. Демонстрантите, како што пренесоа регионалните медиуми, во еден момент почнале да фрлаат пиротехнички средства кон зградата на парламентот и да палат контејнери, на што полицијата возвратила со солзавец со цел да ја потисне толпата и да ја смири ситуацијата. Претходно, парламентот ги усвои измените во прво читање, но конечното гласање е сè уште под знак прашалник. Иницијативата на демократската партија на Косово за измена на законот за специјалниот суд во Хаг, меѓу другото предвидува, максимална казна од 15 години затвор, можност за жалба до Врховниот суд и издржување на казната во Косово. .Протестите избувнаа по пресудите против Хашим Тачи и уште тројца поранешни команданти на ОВК, кои беа осудени на затворски казни од 13 до 25 години. Пресудите предизвикаа силна реакција во Косово. Предложените законски измени треба да ги ограничат дел од надлежностите на судот, меѓу другото во однос на должината на казните и правните лекови.денеска, е двојно критичен ден за Косово. Институциите треба да најдат излез и од спорот околу специјалниот суд и од блокадата околу претседателот. Неуспехот би значел продолжување на уличните тензии, но и уште еден изборен циклус во земја која веќе подолг период функционира под силен политички притисок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Макарони со бешамел сосВо вторник (29.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Марко Новески.Состојки за денешниот рецепт: 400 г. макарони 500 мл. готов бешамел 200 г. рендан кашкавал 150 - 200 г. сирење 2 јајца 30 - 50 г. путер масло сол, црн бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter