Британските власти обвинија шесто лице за шпионирање во корист на Русија

Велика Британија покрена обвинение против шестото лице осомничено дека е руски шпион, соопшти Државното обвинителство.

„Тихомир Иванчев (38) ќе биде обвинет за здружување поради собирање, снимање, објавување или пренесување документи или информации кои би можеле да бидат или биле наменети да бидат директно или индиректно корисни за цели штетни за безбедноста и интересите на државата“, рече Ник Прајс, шеф на Одделот за специјални криминали и борба против тероризмот на Државното обвинителство.

Според него, уште пет лица, тројца мажи и две жени, се обвинети во септември 2023 година за идентично кривично дело „завера поради собирање информации кои директно или индиректно му биле од корист на непријателот за цели штетни за безбедноста и интересите на државата“ во периодот меѓу 30 август 2020 година и 8 февруари 2023 година.

„Обвиненијата следат по истрагата која ја спроведе Командата за борба против тероризмот на Метрополитанската полиција. Кривичната постапка против шесте лица е активна и секој од нив има право на правично судење“, истакна Прајс.

Иванчев денеска ќе се појави пред судот за прекршоци во Вестминстер, додека судењето на останатите осомничени е закажано за 28 октомври 2024 година во Централниот кривичен суд.

„Сите шестмина обвинети се бугарски државјани“, наведува Државното обвинителство. /МИА

Австралиската полиција истражува зошто цел на напаѓачот во ТЦ во Сиднеј биле жени

Австралиската полиција ги истражува причините поради кои цел на напаѓачот во ТЦ во Сиднеј биле главно жени

Австралиската полиција соопшти дека ги истражува причините поради кои цел на напаѓачот со нож во трговски центар во Сиднеј, како што изгледа, првенствено биле жени. Во нападот се убиени пет жени и еден маж.

Сторителот на убиството е 40-годишниот Џоел Каучи, кој, според полицијата, боледувал од ментална болест. Меѓу ранетите во неговиот убиствен поход, најголем број од жртвите се жени.

„За мене и за истражителите е очигледно дека напаѓачот имал за цел жени, а избегнувал мажи“, рече началникот на полицијата на Нов Јужен Велс, Карен Веб, додавајќи дека „снимката зборува сама за себе“ и дека тоа ќе биде „еден чекор од истрагата“.

Каучи со нож усмрти шест лица во преполниот трговски центар „Вестфилд Бонди Џанкшн“ во источното предградие на Сиднеј, каде се наоѓа познатата плажа Бонди, а полицијата го уби. Веб рече дека не може да знае што случувало во неговата глава и дека истражителите ќе ги испрашуваат тие кои го познавале. Неговиот Фејсбук профил покажува дека е од Тувумба, недалеку од Бризбејн и дека таму посетувал средно училиште и факултет.

Неговите родители рекоа дека тој страдал од ментална болест уште од адолесценцијата. Денеска, како негова шеста жртва е идентификувана млада Кинеска, студентка на Универзитетот во Сиднеј, Јиџуан Ченг.

Останатите жени се стилистка, спасувачка на море, ќерка на претприемач и мајка на деветмесечно бебе кое е тешко повредено, а убиениот 30-годишен маж Фараз Тахир е вработен во обезбедувањето во трговскиот центар, кој се обидел да го спречи во убиствениот поход.

Ковачки: Бесрамниот Пендаровски да и се извини на Силјановска Давкова

Бесрамниот Пендаровски да и се извини на Силјановска Давкова затоа што нарачува говор поврзан со нејзиниот пол и со нејзината возраст.

Пендаровски Стево нарачува говор на омраза и говор на мизогинија.

Бесрамниот Пендаровски Стево е должен да и се извини на професорката Гордана Силјановска Давкова затоа што нарачува говор поврзан со нејзиниот пол и со нејзината возраст.

Бесрамниот Стево Пендаровски мора да се извини веднаш.

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Уапсени 17 припадници на затворска полиција во Идризово

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираше утринава дека се уапсени 17 припадници на затворската полиција во КПУ Идризово. 

Акцијата ја спроведе МВР во координација со ОЈОГОКК , а доаѓа по претресите извршени во Идризово пред неколку дена.

Уапсените затворски полициајци веќе се спроведени во Кривичениот суд, а Обвинителството најави повеќе детали во текот на дејнот.

притисни ентер