Британски Сан: Мистичната страна на Путин- за победа во Украина жртвувал орел и црно куче

Владимир Путин е опседнат со окултизмот, а неговите интереси се движат од читање мисли и крвави ритуали до верување во предвидувањата на јасновидци, пишува британскиот таблоид The ​​Sun, врз основа на тврдењата од неколку различни извори.

Се тврди дека рускиот претседател е длабоко суеверен, дека се плаши од шамански клетви, дека ритуално жртвувал црно куче и орел, па дури и се капе во „магична“ еленска крв за да го зголеми својот сексуален нагон.

Ако мислите дека процесот на донесување одлуки на Владимир Путин е надвор од верувањето на суеверија и митски суштества, треба да знаете дека има психолози, аналитичари на разузнавачките агенции и затворен Јакутски шаман кој би го потврдил ова, пишува британскиот таблоид The Sun.

„Путин и неговата придружба многу сериозно го сфаќаат духовниот свет“, вели функционер на Кремљ кој побарал анонимност за да ја осигура неговата безбедност, наведувајќо го она што некои упатени лица тврдат дека е зоната на самракот на рускиот претседател.

Рускиот писател Олег Кашин, кој опширно ги истражувал врските на Путин со окултизмот, изјавил за „Сан онлајн“ дека светогледот на Путин бил обликуван од методот „читање ум“ создаден од Георги Рогозин.

Рогозин бил командант на КГБ со интерес за паранормалното - истражување на телепатија, парапсихологија и други лажни области на студии, дури и самиот тврдел дека има „моќ“.

Наречен „Мерлин во Кремљ“ или Нострадамус во униформа, тој тврдел дека може да чита мисли, да повикува духови, па дури и да ја предвидува иднината на претходникот на Путин, Борис Елцин.

Се вели дека неговата работа сè уште има влијание врз Путин - иако тој починал во 2014 година.

„Граничните халуцинации на одамна мртов психичар од Кремљ доведоа до вистинска војна и го доведоа светот на работ на нуклеарна војна“, изјави Кашин за The Sun Online.

„Невозможно е да се избегне мистиката околу одлуките на Путин и неговата придружба. Тие веруваат во многу магични работи“.

Рогозин тврдел дека навлегол во умот на поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт. Откако легнал и паднал во хипнотички транс додека гледал во нејзината фотографија, тој тврдел дека открил дека Олбрајт има екстремна омраза кон Русија. Тој исто така тврдел дека Америка сака Сибир да ѝ биде одземен на Русија и потоа САД да добијат пристап до огромните резерви на нафта.

Иако нема фактичка основа за таквите тврдења, Путин редовно го истакнувал тоа како факт - како и Николај Патрушев, еден од неговите најблиски советници.

Се вели дека Путин цврсто верува во натприродното и дека неговото верување во психичките сили на Рогозин, меѓу другото, го обликувало неговиот светоглед.

Како пример, Кашин го навел чудниот случај на „сибирскиот шаман“ Александар Габишев. Габишев уште во 2019 година започнал кампања против Москва со цел да изврши ритуали кои ќе го „прочистат“ „демонскиот“ дух на Путин.

Иако информациите беа примени како забава на Запад, тоа беше закана што го вознемири Путин.

„Руските закони не ги забрануваат шаманите и единствената причина зошто тој беше уапсен и ставен во лудница е, сигурен сум, дека Путин веруваше во овие ритуали и беше загрижен за нив“, рече Кашин.

Експертот за Русија, Пол Грегори, научен соработник во Институтот Хувер на Универзитетот Стенфорд, се согласува дека Путин сериозно го сфатил Габишев бидејќи тоа се вклопува со пошироките верувања на многу Руси.

„Иако за западната јавност можеби е смешен планот на шаманот да го истера ѓаволот од претседателот, г-дин Путин не го прави тоа“, рече тој, пишувајќи во Вашингтон тајмс.

„Голем процент од Русите веруваат во натприродното. Руските безбедносни сили дури вработуваат читатели на мисли во нивните разузнавачки операции.“

За време на Студената војна, и САД и КГБ почнаа да истражуваат како би можеле да ги искористат паранормалните феномени.

Програмата беше со ентузијазам поддржана од шефот на Рогозин, Борис Ратников, кој веруваше дека Русија е вклучена во паранормална војна со своите непријатели.

„Речиси сите луѓе со натприродни моќи беа контролирани од КГБ“, рече еднаш Ратников.

„Не можете ни да ја замислите мозочната војна што се случи во првата половина на минатиот век. Едвај претерувам кога велам дека понекогаш имало астрални битки“.

Путин служел како офицер на КГБ, иако не е познато дали дошол во директен контакт со паранормалните активности на тајната полиција.

Јуриј Фелштински, водечки руски експерт и критичар на Путин, автор на книгата „Распадот на Украина: Враќањето на рускиот терор и заканата од Третата светска војна“, рече дека читањето мисли веројатно се вклопува со постојните верувања на Путин.

„Путин верува во друг мит што тој го создал или што е создаден за него. Сè додека извештаите и информациите служат за цел, зошто Путин или Патрушев би отфрлиле извештај на експерт на ФСБ кој успеал да ги прочита мислите на странски функционер? Можете ли да докажете дека Бог постои? Не. Можете ли да докажете дека Олбрајт не мисли дека Сибир не треба да ѝ припаѓа на Русија? Не. Сигурен сум дека тоа ќе стане тема на некои книги напишани по војната и дека по оваа војна ќе има поглавје за мистицизмот спонзориран од ФСБ“, рече тој.

Дополнителни тврдења за чудните верувања на Путин доаѓаат од политичкиот аналитичар Валери Соловеј, кој рече дека самиот руски лидер користел шамани за да извршува ритуални жртви.

Меѓу нив имало и црно куче за да може да му ја испие крвта, за да обезбеди победа во Украина, вели тој.

Соловеј - познат по своите теории на заговор - исто така тврдел дека шаманите во резиденцијата на Путин во Сочи на Црното жртвувале орел.

Познатиот шампион на музичкиот театар Ендрју Лојд Вебер еднаш изјавил дека Путин е познат како крајно суеверен, пренесе Би-би-си.

Лојд Вебер требало да го интервјуира Путин, но му било препорачано да се откаже од прашањето за познатиот роман на Михаил Булгаков „Мајсторот и Маргарита“.

„Путин го прочита романот кога се врати во Санкт Петербург во раните 1990-ти и таму имаше страшен пожар, па оттогаш тој одбива да има каква било врска со таа книга или Булгаков“, му рекол тогашниот прес-секретар на Путин на Лојд Вебер. .

Во меѓувреме, некои медиуми тврдат дека Путин се капе во течност од еленски рогови за да го зајакне својот сексуален нагон и општото здравје.

Тврдењата доаѓаат од Проект, руски истражувачки портал кој оттогаш е забранет.

Се верува дека овој древен ритуал наречен „природна вијагра“ ја стимулира машката потенција, а Путин го запознал со него сегашниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу на почетокот на 2000-тите.

Бизарната навика на рускиот лидер да се капе во крв првпат е објавена во 2017 година.

„Тоа е како да седите овде во 1942 година и да се обидувате да го профилирате Хитлер, кој исто така веруваше во мамбо џамбо“, изјави за „Дејли бист“ американски разузнавачки аналитичар кој го профилирал Путин.

„Не можете да го сфатите сериозно, но мора да го земете предвид.“

Чола „тежи“ 25 милиони евра, a носи часовник вреден 2.000 евра

Според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“, Здравко Чолиќ е еден од најбогатите пејачи на Балканот. Според податоците од 2021 година, неговото богатство се проценува на 25 милиони евра.

Иако има толку милиони, Чола отсекогаш бил скромен, а сега тоа го докажа уште еднаш - со изборот на својот часовник. Така, пејачот на зглобот носи часовник вреден „само“ 2.000 евра . Како што стои на Инстаграм профилот „Sat na ruci“, се работи за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

Здравко отсекогаш нагласувал дека финансиите отсекогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист.

- Човекот не може да го смени темпераментот, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но тоа ми беше малку претерано и така е и денес - изјави тогаш Здравко.

Тој откри на што најмногу ги трошел хонорарите.

- Никогаш не сме имале толку високи хонорари. Патувањето и гардеробата беа фетиш во седумдесеттите и осумдесеттите. Никогаш немав големи материјални желби. Моето беше да одам некаде, на море или да направам некоја забава и да потрошам таму, но никогаш немав желба да купам часовник. Не страдав од тоа – скромно вели пејчачот.

Извор: Аваз

Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер

Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. 

Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во намирници коишто не се благи, па затоа е важно да се внимава на составот на секојдневните хранливи производи. Нутриционистката Брук Алперт и лекарката Ребека Казин предупредуваат на најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер коишто ги испраќа самото тело.

Постојано копнеење за слатки

Шеќерот предизвикува зависност. Ова е затоа што сензорите за вкус се адаптирале на благото и на тој човек му треба сѐ повеќе благо, за да го добиете истиот вкус, но и истото задоволство како и првиот пат, слично како дрога. Поради сѐ тоа, докторите советуваат навремена контрола на внесувањето шеќер.

- Со тоа што јадете многу шеќер, предизвикувате хормонален одговор во Вашето тело што е како бран. Ве крева, а потоа Ве треснува од земја, и тоа го поттикнува Вашето тело да бара повеќе шеќер, појаснува Алперт.

Промени во расположението

Премногу внесен шеќер може да значи моментна „еуфорија“. И обратно... Падот на шеќерот во крвта може да предизвика пад и во расположението и поголема нервоза и вознемиреност.

Тромавост

Откако шеќерот ќе го предизвика почетниот скок на енергијата, тој предизвикува и пад. Енергијата е најстабилна кога шеќерот во крвта е стабилен, така што кога се консумира премногу шеќер, има и падови во енергијата. Премногу шеќер честопати значи и недоволен внос на протеини и влакна.

Пукање на кожата

Д-р Ребека Казин смета дека некои луѓе се чувствителни на напливи на инсулин поради прекумерно внесување на шеќер. Тоа може да предизвика нарушување на хормоните, што води, на пр., до сува кожа, ранички, акни и сл.

Дебелеење

Вишокот шеќер значи - вишок калории, а во недостиг на протеини или влакна, шеќерот нема никаква хранлива вредност. Сѐ тоа, заедно со ослободувањето инсулин, ја покачува телесната тежина, но и ја зголемува опасноста од појава на дијабетес.

Кога се јаде премногу шеќер, на телото „му се кажува“ да лачи повеќе инсулин, а подоцна, тоа прекумерно лачење може да доведе до отпорност кон инсулин. Отпорноста пак, значи дека телото нема да може правилно да реагира на нормални количини инсулин и правилно да го користи шеќерот.

Премногу кариес

Кога бактериите ги разјадуваат честичките храна меѓу забите, се создава киселина што постепено предизвикува расипување на забите. Плунката сама по себе одржува здрава рамнотежа на бактерии, но шеќерот може да влијае на пе-ха вредноста и да го наруши тој природен сооднос. Неправилното размножување на бактериите, всушност, води кон расипување на забите и кариес.

Мозочна магла

Деконцентрацијата што обично се јавува после оброк е симптом на низок шеќер во крвта. Кога се јаде многу благо, пак, нивото шеќер во крвта се зголемува и опаѓа, наименично и брзо. Тоа, според стручњаците, ја зголемува расеаноста, и укажува на задолжителна контрола на внесот на шеќер.

Ништо не е така слатко како порано

Премногу шеќер предизвикува сензорите за вкус да се навикнат на слатките вкусови, па затоа човекот бара сѐ повеќе шеќер за да ја задоволи својата глад за слатко. Меѓутоа, тука се препорачува свесно намалување на благото и самоконтрола. На тој начин, по извесно време, телото повторно ќе се навикне и ќе се задоволува со малку шеќер. /МИА

Борел повтори дека Рафа не смее да биде нападнат

Го повика Израел да се вклучи во мировниот процес.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека партнерите на Израел и соседните земји имаат заеднички став дека градот Рафа на југот од Појасот Газа не смее да биде нападнат и ја повика израелската влада конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес.

Борел на Х напиша дека меѓународната заедница, исто така, едногласно бара итно ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа.

Тој истакна дека Израел не може да го уништи Хамас по цена на убиени илјадници палестински цивили и оти понатамошното раселување на повеќе од милион ранливи Палестинци би било „погубно“.

- Ја повикуваме владата на Израел да ги послуша повиците на меѓународната заедница и конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес, наведе Борел. /МИА

притисни ентер