Британски политичар нападнат со камења и влажен цемент, едно лице уапсено (ВИДЕО)

Британскиот политичар и ТВ водител Најџел Фараж денеска бил нападнат додека се поздравувал со граѓаните за време на изборната кампања.

Како што пренесува британски Сан, Фараж бил гаѓан со камења, влажен цемент и кафе од млад човек во центарот на Барнсли додека политичарот ги поздравувал граѓаните од автобусот.

Полицијата набрзо го уапсила човекот кој го таргетирал Фараж.

Фараж одлучи да се кандидира за оваа позиција на изборите на 4 јули, со што поддршката за британската Реформска партија е само два процентни поени помалку од владејачките конзервативци, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од британската агенција за истражување на пазарот и аналитика „YouGov“.


Дебата „Вештачката интелигенција и културата: Револуција или еволуција?“

Францускиот институт во Скопје и Факултетот за информатика и компјутерски технологии организираат дебата на тема „Вештачката интелигенција и културата: револуција или еволуција?“, што ќе се одржи вечер

Францускиот институт во Скопје и Факултетот за информатика и компјутерски технологии организираат дебата на тема „Вештачката интелигенција и културата: револуција или еволуција?“, што ќе се одржи вечер, во 19:00 часот, во Europe House Скопје, во рамките на 10. издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“.

Настанот ќе го отвори Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција во земјава, а ќе учествуваат Жан-Габриел Ганасија, професор по информатика на Универзитетот во Сорбона и автор на десетина книги, вклучувајќи ја и последната, „Вештачката интелигенција објаснета на луѓето“ (2024), Андреа Кулаков, професор на Факултетот за информатика и компјутерски технологии и Илија Тирицовски, продуцент, кој ќе го претстави проектот „РеKреирање на иконите“.

Модератор на дебатата е Филип Аврамчев, организатор на Меѓународниот самит за вештачка интелигенција, што се одржа во Скопје, во октомври 2024 година.

-Дискусијата ќе се фокусира на тоа дали вештачката интелигенција може да создаде оригинална уметност или само ги репродуцира постоечките модели, дали може да ги замени уметниците и писателите или, пак, да служи како алатка која ја поттикнува иновацијата, потоа како да се дефинира улогата на авторските права при дела создадени со помош на ВИ, како и на начинот на кој оваа технологија може да ја демократизира глобалната пристапност до културата и уметничките дела.

За дебатата е обезбеден симултан превод.

Видео: Мареј стана првиот Канаѓанец со 55 поени во НБА

 Денвер го победи Портланд со 132:121 ноќеска на домашен терен во основниот дел од НБА-лигата.

Кошаркарот на Нагетс, Џамал ​​Мареј постигна 55 поени. Дваесет и седумгодишниот кошаркар го оствари најдобриот резултат по постигнати поени помеѓу канадските играчи во историјата на НБА.

Мареј стана и првиот играч во историјата на Денвер со 55+ поени, 5+ асистенции и 5+ тројки на еден натпревар.

Во тековната сезона Мареј одигра 48 натпревари во НБА лигата, со просек од 21 поен и 3,9 скока по натпревар.

Специјалниот пратеник на САД за Украина, Кит Келог почнува европска турнеја

Специјалниот пратеник на САД за Украина, Кит Келог почнува европска турнеја во која е вклучен и Киев.

Специјалниот пратеник на САД за Украина Кит Келог денеска ја започнува европската турнеја што ќе трае до 22 февруари и ги вклучува Германија, Белгија и Украина. Целта на турнејата е да се поддржи идејата на претседателот Доналд Трамп за обезбедување мир во Украина, како и американските интереси во областа на националната безбедност, објави американскиот Стејт департмент на својата веб-страница.

Специјалниот пратеник на претседателот ќе учествува на конференцијата за безбедност во Минхен и ќе го посети седиштето на НАТО и Европската унија во Брисел, каде што ќе се сретне со сојузниците и партнерите од цела Европа кои се подготвени да соработуваат со САД за ставање крај на руската војна против Украина и враќање на стабилноста во Европа.

Во Украина, Келог ќе се сретне со владини претставници . „Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека борбите мора да престанат и дека САД се подготвени да поддржат трајно решение. Специјалниот пратеник е посветен на извршување на тешката дипломатија што ќе биде неопходна за да се постигне целта на претседателот“, нагласува Стејт департментот.

притисни ентер