1Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
БалканБритански министер: На Албанците да им се забрани да поднесуваат барања за азил На Албанците треба да им се забрани да аплицираат за азил во Велика Британија, бидејќи доаѓаат од навидум безбедна земја, изјави британскиот министер за емиграција Роберт Џенрик.Џенрик предупреди дека илегалната миграција најверојатно ќе биде проблем во следните неколку години. Британскиот министер изјави дека Албанците сочинуваат повеќе од една третина од 33.000 мигранти кои за девет месеци од оваа година дошле во Велика Британија со мали чамци преку Ла Манш и нагласи дека тие претставуваат приоритет број еден. Роберт Џенрик рече дека таквите луѓе треба да бидат „исклучени од правото да бараат азил“, бидејќи предупреди дека сегашното ниво на миграција во Британија е „неодржливо“. Неговите коментари дојдоа откако Министерството за внатрешни работи одби да го коментира извештајот на Сандеј Тајмс дека министрите работат на легислатива што може да им забрани на барателите на азил кои нелегално влегуваат да се населат во Британија. Се известува дека министерката за внатрешни работи Суела Браверман го повикал Риши Сунак да ги поддржи плановите за приведување на секој илегален мигрант по пристигнувањето. Владата е под силен притисок од конзервативните пратеници да се справи со проблемот со трговците со луѓе кои користат мали чамци за транспорт на мигранти преку Ла Манш. Минатата недела премиерот Сунак ги одржа првите разговори со албанскиот премиер Еди Рама во кои се договорија да се затворат „дупките“ во спречувањето на брзото враќање на неуспешните баратели на азил, додека Џенрик сугерира дека сака Владата да оди понатаму. „Албанија е докажано безбедна земја. Многу е тешко да се разбере како Албанец може успешно да поднесе барање за азил овде во Велика Британија“, изјави тој за GB News. „Имаме договор за враќање, кој е потпишан пред една година, а веќе се вратија илјада Албанци. Гледаме што можеме да направиме таму.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ЕвропаДронови над аеродромот предизвикаа прекин во авиосообраќајот во ЛуксембургВластите ги продолжија операциите на аеродромот во Луксембург откако сообраќајот беше прекинат претходната вечер поради откривање на „неовластени беспилотни воздушни системи“ - поточно дронови - во близина и над аеродромот. Единствениот меѓународен аеродром во Луксембург изјави дека прекинот во петокот е спроведен како превентивна мерка за да се обезбеди безбедноста на патниците, екипажите на летот, персоналот на аеродромот и авионите. Не беа дадени детали во врска со потеклото на дроновите или кој ги управувал. Потенцијални доцнења Иако летовите се обновени, можни се понатамошни доцнења и прекини, бидејќи авиокомпаниите и партнерите на аеродромот работат на враќање на редовниот распоред на летови, според известувањето на аеродромот. Аеродромот во Луксембург, главниот центар на националниот превозник Луксер, изјави дека продолжува да ја следи ситуацијата во соработка со надлежните органи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалРафиња сака да ја заврши кариерата во Барселона!Бразилскиот репрезенативец, Рафиња ги израдува навивачите на шпанскиот фудбалски шампион Барселона со порака за својата иднина. Бразилецот во интервју за каталонското радио „RAC1“ откри дека сака да го продолжи договорот со клубот и да остане на „Камп Ноу“. – Многу сум среќен и сакам да го продолжам договорот. Се надевам дека ќе ја завршам кариерата во Барселона. Нема да одам никаде на друго место – изјави Рафиња. Бразилецот игра сезона од соништата. Постигна девет гола во Ла Лига и уште два во Лигата на шампионите, а откако беше преместен на позицијата најистурен напаѓач и ја доби капитенската лента, стана еден од клучните играчи во тимот на Ханси Флик. Рафиња има договор со Барселона до 2028 година, но јасно стави до знаење дека сака да остане и по тој период.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Истрага за загрозување на животната средина со отпад во ОхридОсновното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата “Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици. Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред се имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката, стои во соопштението од Јавното обвинителство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter