ЖивотБритански медиуми: Принцот Ендрју учествувал во оргии со малолетнички Секојдневно се зголемува бројот на доказите против помладиот син на кралицата Елизабета II , Ендрју , кој според сведочењата на неколку жени учествувал во оргии со малолетнички организирани од осудениот педофил Џефри Епштајн.Принцот ги негира обвиненијата, но во неодамна отворените судски документи што се однесуваат на судењето на Вирџинија Робертс Џуфре против Џислаин Максвел, десна рака на Епштајн, таа, наводно, „средувала“ малолетнички и за него, открива новиот документарен филм на британскиот Канал 4. Џуфре тврди дека Епштајн започнала сексуално да ја злоставува кога имала 16 години. Таа вели дека му била понудена и на принцот Ендру, со кого била присилена да има секс во три наврати. Таа на суд изјавила дека имало уште осум девојчиња за време на третиот сексуален однос со него, пишува „Дејли меил“. „Бевме во оргија на приватниот остров на Епштајн“, рече Вирџинија, додавајќи дека во тоа време имала 18 години, а другите девојки биле подеднакво млади. Таа рече дека Епштајн се шегувал дека поради јазичната бариера, девојчињата биле „најлесни за манипулирање“. Принцот Ендру со години бил пријател со Епштајн. На новинарско прашање дали е свесен за своите злосторства, тој во официјалната изјава рекол дека е „шокиран“ од обвиненијата и нема поим за нив. Двајцата, наводно, се запознале во 1999 година, кога Андру бил прв пат на т.н. педофилски остров на Карибите на кој Епштајн држел малолетни лица. Ендру прв пат дошол на островот во придружба со возрасна жена и му оддаде почит на Епштајн со тоа што го покани на неговата забава во замокот Балморал, шкотски имот, сопственост на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора. Епштајн донел и женска придружба за сите други гости. Подоцна, тие главно се дружеле во Њујорк, а Ендру бил поканет на некои забави со Доналд Трамп, кој во интервју за магазинот Њујоркер во 2002 година изјави : „Јас го познавам Епштајн 15 години. Тој е одличен човек. Дури велат дека тој сака убави жени онолку колку што сакам јас, но многу од неговите се далеку помлади “.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонија нема надлежна служба која може да интервеницира за случаи со змииЗмијата кај скопјанецот Стево најверојатно сама го напуштила домот.Војо Иванов, човекот кој беше повикан од службата 112 дојде во домот на Стево. Змијата не беше во домот на Стево откако Војо ја пребара собата каде што влегла. Тој раскажува дека и змијата се плаши и сами ја напуштаат куќата. Војо со совет до сите граѓани да не паничат кога ќе видат змија во домот или во близина да не ја напаѓаат бидејќи и таа во одбрана ќе касне. И Стево со увери дека змијата не е во собата доби инструкции од Војо како да постапи доколку се појави змијата. Во Скопје во интервнетивните единици нема вработено луѓе кои би постапиле во ваква состојба. Војо кој сите го знаат како супер херојот што е најчесто во летниот период е достапен 24 часа за лов на змии, гуштери во приватни домови, не е дел од никаква едница за спасување. Тој ова го работи со цел да помогне на луѓето да ги едуцира и да не биде повредена ниту змијата ниту човекот. Најчесто во градските средини Војо, лови змии од видот смок тие не се отровни. Змиите се важни во синџирот на исхрана, бидејќи се ловци на глодари. Многу често луѓето со изгрдба на живеелишта и згради каде имало природа ги бркаат влекачите од домовите и завршуваат во дворовите и куќите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПерински: Законот за локална самоуправа не се носи поради политички инаетИако веќе една година е заглавен во собраниска процедура, министерот Златко Перински кажа дека нема намера да го повлече законот за локална самоуправа од процедура.Тврди дека сите амандмани на опозицијата биле прифатени и очекува за истиот да се обезбеди дво третинско бадентерово мнозинство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМОН уверува дека испораката на учебници е обезбедена навремено и нема да има недостигПо години учење од фотокопирани, испокинати и застарени учебници кои доцнеа или беа недостапни – ќе го започнат ли учениците претстојниот први септември конечно со сите учебници пред себе? Набавката и испораката на учебниците е обезбедена правовремено, воспоставено е системско решение кој овој проблем го остава во минатото, порача министерката Весна Јаневска од училиштето Љубен Лапе во Аердором, каде беа претставени новите печатени учебници. Таа воедно посочи, за да се избегнат проблеми, училишните служби поминале и обука за правилно популнување на електронската апликација за порачување на учебниците. -Севкупно ќе бидат испорачани милион и пол учебници, она што треба да го нагласиме е дека обновен е целиот фонд на учебицни од прво до осмо и први и втори клас гимназија, остануваат да се доработат како нови следната година учебниците за деветто одделение, и учебниците за трети клас гимназија бидејќи постапно секоја година добиваме нови наставни програми и учебници. - Весна Јаневска – Министерка за образование Покрај недостатокот на учебници, во изминативе години имаше сериозни реакции за содржината во истите и погрешните податоци кои се наведуваа, како наведената висина на Монт Еверест од 30.000 метри. Директорот на Педагошката служба при МОН вели дека овој проблем е надминат и за средното и за високото образование со низата одлуки по новиот Закон за учебници. -Нашата држава сега има база на рецензенти во која што членуваат преку 800 универзитетски професори, како и наставници од основно и средно образование, а утврдена е и формула за пресметка на цена на учебниците со што се надмина онаа пракса во минатото кога цените се утврдуваа зад затворени врати и кога цените беа договарани во четири очи. - Роберт Аџипетров – Директор на Педагошка служба во МОН Ако пред 10-15 години зборуваме за компјутер за секое дете, денеска, во време на вештачка интелигенција се радуваме ако учебниците ги доставиме за децата навреме – порача премиерот Христијан Мицкоски, кој вината за ваквите состојби ја гледа кај претходната власт. Тој воедно посочи и дека учебниците постојано ќе се обновуваат, бидејќи изминативе години имаше бројни поплаки од родителите за нивната состојба. Во однос на поразителната бројка од 3ца ученици запишани во битолското земјоделско училиште, министерката Јаневска вината вели дека е кај наставниот кадар, кој го оцени како неажурен, и кој ниту промовирал ниту се обидел да привлече деветооделенци на отсекот. Догодина кажа дека Земјоделството ќе се учи во регионалниот центар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook