3Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
ЖивотБритански геолог е осуден на 15 години затвор во Ирак- собирал остатоци од артефакти (ВИДЕО)Пензионираниот британски геолог Џим Фитон (66) собрал 12 камења и фрагменти од скршена керамика како сувенири од археолошко-геолошкиот локалитет Ериду во југоисточен Ирак, поради што е осуден на 15 години затвор.Тој е обвинет за шверц според Законот за антиквитети по неговото апсење на меѓународниот аеродром во Багдад во март. Според ирачкиот закон, тој можело да биде осуден на смрт, но судот во Багдад вчера го осудил на 15 години затвор. Зетот на Фитон, Сем Таскер (27), изјавил за Скај њуз дека пресудата е еднаква на смртна казна и ја критикуваше британската влада за, како што рече, целосен недостаток на дејствија. „Апсолутно сме скршени од оваа вест. За човек на возраст од Џим, 15 години во ирачки затвор е еднакво на смртна казна. Особено за такво тривијално и сомнително кривично дело, злосторство за кое Џим не бил ни свесен кога го извршил .“, рече тој. Германскиот турист Фолкер Валдман, кој бил уапсен во исто време со Фитон, е ослободен. Адвокатот на Фитон, Таир Соуд, рече дека ќе поднесе жалба на пресудата со образложение дека тој немал криминална намера. „Мислев дека најлошото сценарио ќе биде една година“, рече тој. Фитон и Валдман пред судот рекоа дека не дејствувале со криминална намера, а Фитон претходно изјавил дека не знаел за ирачките закони и дека не знаел дека не е дозволено да се зема отпад. Фитон живее во Малезија со сопругата Сарија, а неговата ќерка Лејла Фитон (31) и нејзиниот сопруг живеат во Англија. Нивната петиција, со која се повикуваат британските министри да интервенираат за да помогнат во ослободувањето на геологот, собрала повеќе од 280.000 потписи. Секретарот за надворешни работи Џејмс Клеверли рече дека британскиот амбасадор во Ирак четири пати поднел барање пред локалниот суд. Судијата Џабир Абд Џабир открил дека Фитон, кога ги собрал артефактите и се обидел да ги изнесе од Ирак, имал криминална намера. Одбраната на Валдман тврдела дека Германецот носел парчиња за Фитон, но дека тој не ги подигнал од местото каде што биле. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТехеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на ИранИран изврши серија ракетни и напади со беспилотни летала врз американски цели во Јордан, Кувајт, Ирак и Бахреин, како одговор на американските напади врз Исламската Република.Јорданските вооружени сили соопштија дека пресретнале 13 балистички ракети, од кои 10 биле уништени, додека три паднале во оддалечени области. Иранските медиуми претходно објавија за интензивни напади врз јужен Иран по должината на брегот, како и дека најмалку четворица цивили биле убиени за време на свадба во градот Сирик, по нападите на американските сили во близина на Ормутскиот Теснец. Вашингтон негираше дека воено интервенирал врз цивилни цели.Тагови: Техеран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПутин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористиПутин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев.Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев и дека жестоко ќе одговори доколку биде загрозена безбедноста на руското цивилно воздухопловство, како што се закани украинскиот претседател Зеленски. Зборувајќи пред новинарите по самитот на шангајската организација за соработка тој реториката на Зеленски ја нарече чин на државен тероризам и оцени дека барањата на киев за директни преговори се апсурдни во моменти кога украинската страна таргетира транспортни правци. Зеленски претходно се закани дека ќе ги нападне руските цивилни аеродроми и ги повика меѓународните авиокомпании да се повлечат од руските коридори тој рече дека рускиот воздушен простор ќе стане небезбеден и дека бројот на беспилотни летала на руското небо ќе се зголеми.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛекарската комора почна процедура за избор на ново раководствоВо тензична атмосфера и зад затворени врати, Лекарската комора одржа собрание, на кое беше одлучено процедурата за избор на ново раководство да продолжи на 7 октомври. Мандатот на актуелната претседателка Калина Гривчева Старделова е истечен од 1 јули, а дел од делегатите ја обвинија дека намерно го опстриура и одложува изборниот процес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter