3Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
АвтомобилизамБритански електричен болид со технологија на Формула 1 (ВИДЕО)Концептот има сè друго освен звучно име.Британскиот пазар на спортски автомобили наскоро ќе стане поразновиден бидејќи Apex го претстави електричниот концепт чие претставување се очекува во блиска иднина. Apex АП-0 треба да ги избегне казните што ги добиваат електричните возила заради нивната тежина. Ултра лесната каросерија е изработена од карбонски влакна, со модуларни рамки и централно надолжно поставување. Автомобилот тежи само 1200 кг, а батериите сочинуваат скоро половина од масата. The new Apex AP-0 EV sports car - 320 miles (515km) range. Power: 90kWh battery Output: 650bhp, 580nm 0-100km/h (62mph): 2.3s Top Speed: 190mph (305km/h) Price: £150,000 in UK pic.twitter.com/xRqRIaDJ3W — Earl Karanja (@Earlsimxx) March 16, 2020 Патем, Apex не е меѓу најистакнатите имиња во индустријата за електрични автомобили, но компанијата се фали дека го изработува Elemental RP1 EcoBoost. Се напојува со 2.0 цилиндричен мотор на Ford EcoBoost со моќност од над 320 КС, а возилото тежи 600 килограми. АП-0 се напојува со електричен мотор од 484 kW / 650 КС и вртежен момент од 580 Nm. Достигнува 100 км на час за 2,3 секунди, со максимална брзина од 305 км на час. Имајќи предвид дека нема погон на сите тркала, ова се одлични резултати. За брзо полнење, има полнач CCS што полни 80% од батеријата од 90 kWh за само 15 минути. За стандардниот полнач од типот 2 се потребни осум часа за истото. Вкупниот дострел е околу 515 км. Возилото е дизајнирано од Гај Колборн. Пред Апекс, тој работеше за Opel, BMW и Ford. Кога станува збор за ентериерот, минимализмот е очигледен и со тристрана табла веднаш над воланот. Карбонските влакна се видливи на внатрешните површини, вклучително и т.н. "ламбо врата". Apex планира да продава глобално, а производството треба да започне кон крајот на 2022 година. Почетната цена ќе биде околу 150.000 фунти, што е значително помалку од цената на некои други електрични автомобили.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Бизнис арена“: Вмрежување и вештачка интелигенција во фокусот на македонскиот бизнисВо Скопје се одржува „Бизнис арена 2026“, конференција посветена на развојот на македонските брендови, вмрежувањето на компаниите и можностите за настап на странските пазари. Во фокусот се и влијанието на глобалните економски трендови, дигитализацијата и примената на вештачката интелигенција во бизнисот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: 59 години МАНУ - тврдина на македонското знаење, творештво и идентитетГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на одбележувањето на 59 години од основањето на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). - На покана на претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, мој драг пријател, имав чест да присуствувам на одбележувањето на овој значаен ден за македонската наука и уметност. Силата на една нација се огледува во знаењето што го создава, културата што ја негува и наследството што им го остава на идните генерации. Токму затоа, МАНУ има посебно место во нашиот национален и општествен развој. Особено задоволство ми беше што бев меѓу истакнати претставници на научната мисла од Македонија и од регионот, со кои разговаравме за теми од значење за иднината на Скопје. Нивното знаење, искуство и визија се драгоцена поддршка во создавањето град што се развива, го почитува своето наследство и отвора нови можности за генерациите што доаѓаат – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Македонската академија на науките и уметностите со децении е столб на научното и уметничкото творештво и на интелектуалниот и духовниот развој на Македонија. Со својот авторитет и интегритет, таа има непроценлива улога во проучувањето, афирмацијата и зачувувањето на македонскиот јазик, култура и идентитет, како и во унапредувањето на меѓусебното почитување и соживотот меѓу заедниците. - Почитта кон ваквите институции ја покажуваме и преку конкретна грижа. Како Град Скопје, започнавме со хортикултурно уредување на просторот околу МАНУ, за ова значајно средиште на знаењето и творештвото да добие поубаво и поуредено опкружување, достојно на неговото значење – истакна Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски упати искрени честитки до Соња Должан од Словенија, овогодинешната добитничка на меѓународното признание „Блаже Конески“, со желби за уште многу успеси и нови творечки достигнувања, а на сите членови и соработници на МАНУ им го честиташе празникот, со длабока почит кон нивната работа и придонес.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд пракса до вработување-кои се очекувањата на студентите а кои на компаниите? Како полесно до реализација на професионалната кариера?Од факултетските клупи до првото работно искуство. Студенти, дипломирани инженери и претставници на 18 компании денеска на едно место, во потрага по нови професионални можности. На Машинскиот факултет во Скопје започна дводневниот Саем за пракса и вработување, на кој младите имаат можност директно да разговараат со работодавците, да се информираат за слободните позиции и да го направат првиот чекор кон својата кариера. Дали лесно се наоѓа пракса или работа по завршувањето на студиите? Што очекуваат од компаниите? Покрај можностите за вработување, фокусот е ставен и на практичната работа, преку која младите можат стекнатото теоретско знаење да го применат во реална работна средина. Токму ваквата соработа меѓу факултетите и компаниите треба да им помогне на студентите полесно да преминат од образованието кон пазарот на трудот. -Целта е да се обезбеди лесно наоѓање на пракса, изработка на семинарски работи и дипломски работи во овие но и во други компании/ Интересот на вработување инженери е голем , ние сакаме со ваквите настани да овозможиме студентите својата пракса и вработување да ја дадат во домашни услови а не да ни избегаат во странство“. Од другата страна, за студентите ваквите саеми се можност одблиску да се запознаат со барањата на компаниите, но и да дознаат какви услови и можности за професионален развој им се нудат. -Од гледна точка на студентите ние сме навистина среќни што факултетите организираат саеми за пракса и вработување затоашто на нас студентите кога на факултет имаме задолжителби предмети и пракса навистина ни е потребно да дојдат компаниите, да ни се претстават и ние да можеме да си го пронајдеме нашиот кариерен пат, - Ана Шоповска заменик правобранител на Машински. Од факултетот најавуваат дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, но очекувањата и на студентите се овие првични средби да прераснат во конкретни можности за пракса но и вработување на младите инженери. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter