Британски десетобоец е во кома, откако паднал од велосипед - Канал 5

Британски десетобоец е во кома, откако паднал од велосипед

Страшни вести доаѓаат од Британија.

Британски десетобоец е во кома, откако паднал од велосипед

Британскиот десетобоец Бен Грегори, кој трипати го претставуваше Велс на Игрите на Комонвелтот, се наоѓа во критична состојба откако се здобил со фрактура на черепот и вратот во тешката несреќа минатата недела.

31-годишникот претрпел повеќекратни мозочни хеморагии, е во кома и е на апарати за дишење. Неговата девојка Наоми Хефернан го ова објави на Инстаграм. Велшката атлетска асоцијација ја потврди веста на Твитер.

„На Бен му требаат вашите позитивни мисли и молитви во моментов“, напишала Наоми Хефернан. „Оние кои го познаваат Бен знаат колку е силен ментално и физички, тој е борец и ќе го преброди ова. Молете се за него и испратете ја сета позитивна енергија и мисли што можете да ги соберете. Тој има толку многу за живеење и ќе му помогнете да го преживее ова“.

Пред неколку дена, Грегори објави видео на кое вежба на лента за трчање, покажувајќи дека е во топ форма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МИНЧЕВ НА ЦЕФ ФОРУМ 2026: Реформите можат да создадат правила, технологијата може да создаде алатки, но луѓето се тие што создаваат резултати

Горан Минчев, денес учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026 на тема “Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“.

МИНЧЕВ НА ЦЕФ ФОРУМ 2026: Реформите можат да создадат правила, технологијата може да создаде алатки, но луѓето се тие што создаваат резултати

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026 на тема “Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“, кој се одржа во Скопје под покровителство на Министерството за финансии, со учество на високи владини претставници, експерти и носители на политики од регионот и Европа.

Во рамки на панел дискусијата посветена на лидерството и институционалната отпорност, министерот Минчев истакна дека во време на сè покомплексни предизвици, способноста за координација меѓу институциите претставува еден од најважните предуслови за успешно спроведување на реформите и испорака на квалитетни услуги за граѓаните.

„Најголемиот ризик во услови на неизвесност не е недостатокот на идеи или стратегии, туку ситуацијата кога институциите не успеваат да се движат во иста насока. Координацијата, довербата и заедничката визија се темелот на секоја успешна реформа“ - порача Минчев.

Осврнувајќи се на реформите во јавната администрација, тој го посочи процесот на подготовка на новиот реформски пакет како пример за успешно управување со комплексни промени во услови на различни очекувања и предизвици.

Дополнително потенцираше дека реформите во јавната администрација се директно поврзани со процесот на европска интеграција, професионализацијата на јавната служба и јакнењето на довербата на граѓаните во институциите.

Во своето обраќање, Минчев ја истакна и важноста на континуираниот професионален развој на административните службеници, нагласувајќи дека најважната инвестиција за секоја институција остануваат луѓето.

„Реформите можат да создадат правила, технологијата може да создаде алатки, но луѓето се тие што создаваат резултати. Ако сакаме отпорни институции, мора постојано да инвестираме во знаењето, вештините и лидерските капацитети на јавните службеници“ - истакна министерот.

Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведувањето на реформите кои ќе придонесат за модерна, професионална, ефикасна и граѓански ориентирана јавна администрација, усогласена со европските стандарди и подготвена да одговори на предизвиците на иднината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предложен притвор за семејно насилство во тетовско

На 21 јуни, при вршење семејно насилство, осомничениот сериозно се заканил на неговата мајка и на сопругата, на кои најпрво им побарал 100 евра, а тие одбиле да му дадат пари.

Предложен притвор за семејно насилство во тетовско

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка и предложи мерка притвор за жител на тетовско Гајре заради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 21 јуни, при вршење семејно насилство, осомничениот сериозно се заканил на неговата мајка и на сопругата, на кои најпрво им побарал 100 евра, а тие одбиле да му дадат пари. Со намера да ги вознемири и да ги заплаши жените, започнал да ја крши покуќнината и со нож им се заканил дека ќе ги убие. Сопругата ја удирал со тупаници по телото и ја влечел за косата, нанесувајќи и телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љутков: „Битола добива нов културен импулс - инвестиции во наследството и иднината“

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска престојуваше во работна посета на Битола каде, заедно со градоначалникот Тони Коњановски, изврши увид во повеќе капитални проекти од областа на културата и заштитата на културното наследство.

Љутков: „Битола добива нов културен импулс - инвестиции во наследството и иднината“

Посетата започна со работна средба во Општина Битола, на која беа разгледани актуелните и идните проекти кои се реализираат во соработка помеѓу Министерството за култура и туризам и локалната самоуправа. Во фокусот на разговорите беа инвестициите во културната инфраструктура, заштитата на културното наследство и развојот на културниот туризам.

Во рамките на посетата, министерот Љутков изврши увид во градежните активности за реконструкција, санација и адаптација на објектот на поранешното кино „Партизан“, еден од најзначајните капитални проекти во Битола, вреден 94 милиони денари.

„Кино „Партизан” со години беше запуштен и нефункционален објект. Денес гледаме дека работите се одвиваат со добра динамика и дека чекор по чекор создаваме современ, мултифункционален, културен центар кој ќе биде дом на бројни културни настани и ново место за средба на уметниците и граѓаните“- истакна министерот Љутков.

Тој потсети дека објектот ќе биде целосно обновен и ставен во функција до 2027 година, кога Битола ќе добие нов простор за концерти, изложби, кино-проекции и други културни содржини.

Министерот изврши увид и во конзерваторско-реставраторските работи во Јени џамија, еден од најрепрезентативните споменици на културата во државата. За реализација на овој повеќегодишен проект Министерството обезбеди околу 12 милиони денари.

„Нашата обврска е да ги зачуваме највредните сведоштва на нашата историја. Јени џамија е дел од културниот идентитет на Битола и затоа вложуваме сериозни средства за нејзина целосна заштита и реставрација“- нагласи Љутков.

Работната посета продолжи на археолошкиот локалитет „Хераклеја Линкестис”, еден од најзначајните археолошки локалитети во Македонија. Годинава Министерството издвои 700 илјади денари за заштита на локалитетот и мозаиците, кои претставуваат негово најголемо богатство.

„Хераклеја не е само дел од нашето минато, туку и значаен потенцијал за иднината. Фактот што локалитетот го посетуваат до 25 илјади посетители годишно, покажува колкав е интересот за нашето културно наследство. Затоа продолжуваме да инвестираме во негова заштита и презентација“ - рече министерот.

Во изминатите две години, Министерството за култура и туризам инвестираше околу 32 милиони денари во проекти што ги реализира НУ „Завод и Музеј” – Битола, меѓу кои реставрација на фасадата на музејот, партерно уредување на лапидариумот, обновување на сувенирницата, како и конзервација на спомен-куќите на Гоце Делчев и Стив Наумов.

Битола останува еден од најважните културни центри во Македонија. Преку инвестиции во културната инфраструктура, заштита на културното наследство и развој на културниот туризам, Министерството за култура и туризам продолжува да создава услови за зачувување на националниот идентитет и за афирмација на македонските културни вредности пред домашната и меѓународната јавност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер