3Ирена Илиевска, Директорка на Агенцијата за одземен имот: Над 3 милиони евра приходи од управувањето со одземен имот
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ЖивотБританската кралица на традиционален појадок со три генерации на нејзини наследници Бакингемската палата објави две официјални фотографии од кралицата која подготвува добротворен божиќен пудинг во друштво на три генерации нејзини наследници.Тоа е британски обичај за Божиќ кој го вклучува целото семејство и пудингот се подготвува еден месец однапред. Кралицата Елизабета Втора и нејзините тројца наследници – синот, принцот Чарлс, внукот, принц Вилијам и правнукот принцот Џорџ - се собраа пред украсено елка во Бакингамската палата и позираа за фотографијата со пудингот што го подготвуваа за хуманитарни цели. Подготовката на пудингот може да варира, а традицијата вклучува вметнување монети во него, што, наводно, започнало од кралицата Викторија за да им се заблагодари на готвачите, додека во некои семејства, членовите се менуваат додека го мешаат и секој си замислува една желба. Кралицата Елизабета започна нова традиција оваа година, па пудингот, кој го мешаше со наследниците на круната, ќе биде дистрибуиран како дел од разни хуманитарни проекти поврзани со британските војници. Кралицата нема да ја заборави долгата традиција на делење подароци за своите вработени. Дури 1.500 вработени ќе добијат подарок од кралицата - Божиќно пудинг (купен, а не домашен) и честитка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаЦените на дизелот и бензините не се менуваат, мазутот поскапуваМалопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,145 ден/кг. и сега ќе изнесува 51,742 ден/кг.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,87% во однос на одлуката од 5.10.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 1,561%, кај дизелот за 1,479%, кај екстра лесното масло за 1,462% и кај мазутот има зголемување од 4,079%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,2931%. Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Од 14.10.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 98,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 100,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 108,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 51,742 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,145 ден/кг. и сега ќе изнесува 51,742 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.10.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКХС: Започна поставувањето на новите садови за одлагање на комунален отпадЈП Комунална хигиена-Скопје започна со поставувањето на новонабавените садови наменети за одлагање на комуналниот отпад. Досега е извршена замена на приближно двесте контејнери, додека активностите за поставување на новите садови ќе продолжат и во текот на неделава. Воедно, во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 880 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 205 кубни метри отпад од диви депонии. Во истиот период, беа подигнати и транспортирани 3300 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. ЈП Комунална хигиена-СкопјеТагови: комунален отпад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаИрена Илиевска, Директорка на Агенцијата за одземен имот: Над 3 милиони евра приходи од управувањето со одземен имотОдговорно управување, финансиска дисциплина и конкретни резултати во интерес на државата и граѓаните.Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со институционалниот отчет за двегодишната работа, презентирајќи конкретни резултати што потврдуваат дека јавната функција мора да значи одговорност, ефикасност и мерливи придобивки за граѓаните. Во изминатите две години, Агенцијата за управување со одземен имот, предводена од директорката Ирена Илиевска, оствари над 3 милиони евра приходи, повеќе од двојно во однос на претходниот период, преку наплата на противправно стекната имотна корист, продажба и отстапување имот и продажба на акции. Продадени се седум конфискувани недвижности, 59 возила во исправна состојба и 384 возила како старо железо. Повеќе од 34 возила се отстапени на државни институции, додека запленета и проверена стока е донирана на повеќе од 105 институции низ државата. Истовремено, целосно се исплатени затекнатите обврски кон добавувачите во износ од околу 4 милиони денари, вработени се 23 лица и набавен е електронски регистар на конфискуван имот, пред рокот предвиден со Реформската агенда. „За ЗНАМ, конфискацијата не е крај на постапката. Одземениот имот мора да биде заштитен, со него да се управува одговорно и да се стави во функција на државата и граѓаните. Тоа е суштината на владеењето на правото – незаконски стекнатиот имот да создава јавна вредност, наместо да пропаѓа и да остане неискористен“, е пораката од институционалниот отчет. Резултатите се потврда дека со финансиска дисциплина, стручни кадри, дигитализација и координација со надлежните институции може да се унапреди ефикасноста и транспарентноста во управувањето со конфискуваниот имот. ЗНАМ останува посветен на институции што испорачуваат резултати, одговорно управуваат со јавните ресурси и работат исклучиво во интерес на државата и граѓаните. Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија! Движење ЗНАМ – За наша МакедонијаТагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook