Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
2Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
ЖивотБританката, која ги хранела своите три деца со сапун и ги измачувала, доби 15 години затворШерил Пиклс (35) која ги малтретирала децата со својот партнер Ендру Хадвин, денеска е осудена на 15 години затвор.Хадвин бил пронајден мртов во затворска ќелија додека ја чекал пресудата во февруари. Неговата смрт се уште е под истрага. Децата на Пиклс и Хадвин биле толку гладни што пешачеле повеќе од 6 километри за да пребаруваат низ контејнерите од супермаркетите во 4 часот наутро. Кога го пријавиле злоставувањето на доверливо возрасно лице и случајот дошол во полиција, Хадвин и Пиклс се испаничиле, ги фалсификувале писмата и рекле дека ги напишале нивните деца, пишува Дејли Мејл. „Жал ни е, лажевме“, пишувало во писмата. Експерт за ракопис подоцна утврдил дека писмата се лажни, односно дека не се работи за детски ракопис. Полицијата започнала истрага во 2018 година по пријава за можна злоупотреба. Истрагата траела четири години, во текот на која детективите испрашале повеќе од 150 сведоци. Откриле дека Хадвин и Пиклс ги принудувале децата да јадат сапун и да се тушираат со врела вода, ги затворале во плакари, ги тепале и изгладнувале. Знаеле и да ги потопат во вода додека не помодрат. Децата често барале храна на улица и еднаш биле пронајдени во 4 часот наутро како пешачат до супермаркет во потрага по храна. Садистичката двојка знаеле да нарачаат храна и потоа да ги натераат децата да ги гледаат како јадат. Тие биле прогласени за виновни за повеќекратни прекршоци за занемарување на децата во Судот на Дурам. Хадвин бил обвинет и по три точки за силување малолетничка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМожни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран. Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела. Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација. Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за владаДосегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство. Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места. Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место. Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter