3Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
2Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
ЖивотБританка мислела дека двете деца и починале, на суд дознала дека ги убил партнерот Здробена од болка, Лора Греј со години ги оплакува своите две деца, верувајќи дека останала без нив во одвоени страшни трагедии.Било тоа незамисливо страдање, поголемо од тоа што секоја мајка треба да го поднесе. Меѓутоа, уште повеќе болка и страдање следело кога страшната вистина излегла на виделина. Нејзиниот поранешен партнер ги убил 24 дена старата Руби и 21-месечниот Логан во перверзен обид да ја натера Лаура да остане со него, пишува Дејли Мирор. Лора денес вели дека ја прогонуваат мислите како умреле нејзините малечки и дека е растргната од вина што не можела да ги спаси од Џордан Монаган. "Постојано се чувствувам виновна, се чувствувам виновна секој ден и постојано размислувам дали сум можела да направам нешто поинаку. Го носам со себе секој ден. Ќе го носам со себе до крајот на мојот живот", вели 29 - годишната Лаура. Малата Руби се задушила во колевката во семејната куќа во Блекбурн. Осум месеци подоцна, Монаган го убил Логан во кабината на базенот, а потоа го однел неговото тело дома во количка. Лекарите заклучиле дека Руби имала пневмонија, додека причината за смртта на Логан не можело да се утврди. Лаура никогаш не се посомневала дека децата умреле од рацете на нивниот тогашен татко. Но, пет години подоцна, во 2018 година, на виделина излегоа информации за смртта на уште едно дете, а полицијата го уапсила 30-годишниот градежен работник Монаган под сомнение за убиство. Застрашувачки, додека бил на кауција и во тек била истрагата, ја убил својата девојка Еви Адамс (23) со смртоносен коктел трамадол и дијазепам. Во декември, Монаган бил прогласен за виновен за три убиства и два обида за убиство на неидентификувано дете. Тој е осуден на минимум 40 години затвор. Застрашувачки, се покажало дека се обидел да ја задави Руби неколку дена пред нејзината смрт. Лаура вели дека семејството го доживеало најдобриот Божиќ откако се родила Руби на 8 декември 2012 година: „Се чувствував како најсреќната мајка на светот, со моето мало семејство. Тоа беше сè што сакав. Бев решена да го дадам на децата сето она што го немав самата“. Но, оваа идила наскоро ќе биде прекината на ужасен начин. Лора ја редела облеката кога слушнала како Монаган ја довикува. Додека брзала надолу, го видела како ја држи Руби, која се бори за здив. Лаура во паника повикала брза помош, а Руби била задржана во болница три дена. Но, на новогодишната ноќ, еден ден откако добил отказ, Монаган ја убил. "Децата беа во кревет, ние гледавме филм и така ја дочекавме Новата година. Потоа си легнав. Џордан остана будна за Руби да и даде шише во два часот наутро. Се разбудив рано наутро од повиците на Џордан „истрчав долу и штом ја видов, сфатив дека е мртва. Повикавме брза помош и отидовме со неа во болница, но беше предоцна“, вели Лаура. Следела рутинска полициска истрага и смртта на Руби била припишана на акутна бронхијална пневмонија. Лаура била целосно уништена: „Бев целосно скршена откако Руби почина. Се потпирав на Џордан за поддршка. Тој беше многу силен и практичен. Го планираше погребот, а потоа се врати на работа. Само продолжи да работи. Но повторно, мислев дека тој мораше да остане силен за мене“. „Не се сомневав во ништо. Се фокусиравме на Логан бидејќи тој беше се` што ни остана. Џордан имаше многу блиски односи со неговиот син“, додаде таа. Но, тензиите меѓу двајцата се зголемиле кога Лора открила дека нејзиниот вереник не плаќа кирија и дека станал сериозно зависен од коцкање. Сè уште во грч од тага, таа му кажала на Монаган дека врската е завршена и дека мора да се исели. Веќе следниот ден, Монаган го убил Логан. Тој го однел детето на локална плажа и го задавил во соблекувалната. Го однел детето дома со количка, преправајќи се дека спие. „Џордан ми рече да го разбудам Логан додека излезе да ја земе пицата. Знаев што се случи во моментот кога го кренав капакот за дожд на количката. Изгледаше исто како Руби. Џордан се обиде да го оживее. Се обиде да го прикрие она што го направи, тој го направи шоуто, знаејќи дека е веќе мртов. Бев шокирана, целосно уништена“, изјави Лаура. Монаган давал грозни интервјуа, зборувајќи за скршеното срце на неговото семејство поради загубата на двете мали деца, молејќи „за одговори“. Вознемирената мајка доживеала слом и била примена во болница за да добие психијатриска помош. Но, таа и Монаган ја обновиле врската, а Лаура вели: „Џордан ме посетуваше секој ден. Тој навистина ми даваше поддршка. Беше врска со моите две деца, единствениот кој знаеше како навистина се чувствувам“. Парот се обидел да продолжи да живее заедно, но Монаган повторно почнал да се коцка, па Лаура конечно ја раскинала нивната врска. Потоа, во 2018 година дошла веста дека смртните случаи се повторно под истрага. Монаган бил уапсен, но сепак добил шанса повторно да нападне. Додека бил на отпуст со кауција, во октомври 2019 година, ја убил својата нова партнерка и лажирал порака за самоубиство откако таа се обидела да ја прекине нивната врска. За време на 10-неделното судење во судот во Престон, на поротниците им било кажано дека Монаган ги извршил убиствата бидејќи не можел да се соочи со отфрлање од неговите партнерки. Лора вели дека Монаган ги убил Руби и Логан за да ја натера да остане со него, знаејќи дека нема да замине ако ги изгуби децата. „Тој знаеше дека имаме проблеми и мислам дека го направи тоа за да не зближи, знаејќи дека ќе се потпрам на него како поддршка. И јас се потпирав на него, и тој знаеше дека ми треба. , објаснува Лаура. Надгробната плоча на гробот на Руби и оддава почит на „малата принцеза“ и гласи „На нашата љубов, мама и тато“. Лора тогаш немала поим дека Монаган е одговорен: „Ги посетувам нивните гробови секоја недела и е крајно болно да се види тоа. Сега барам начини да го отстранам „Тато“. Иако Лора вели дека било утеха да се запознае со семејството на Еви Адамс на судење, ја прогонува и она што можело да се случи доколку таа и Монаган останат заедно: „Страшно е да се мисли што би можело да се случи ако не раскиневме“. Лаура, исто така, се прашува што можело да се направи поинаку, објаснувајќи: „Кога ја најдов Руби, таа беше покриена со ќебе. Гледајќи наназад, немаше смисла. Ако таа навистина не дишеше, тој ќе откриеше? Логан го зеде на пливање без мене. „Џордан го мразеше пливањето, никогаш не посетуваше базени. Потоа дојде дома и инсистираше да го разбудам Логан за да бидам првата што ќе дознаам дека е мртов. Се уште се борам да не се обвинувам себеси“. Лора беше најдобра пријателка со сестрата на Монаган и го познавала уште од мали нозе: „Гледајќи наназад, тој ме контролираше и тогаш, но јас не го сфатив тоа. Никој не го сфатив. Во моите најлоши кошмари, не можев да замислам што ме чека во иднина“. Кога Лора имала 16 години, Џордан ја запросил клекнат на едното колено, а една година подоцна се вселиле во заеднички стан. "Се смиривме и бевме многу среќни. Семејството и пријателите добро мислеа за Џордан. Немаше предупредувачки знаци", се сеќава Лаура. Двојката се обидела да има дете, а во 2011 година соништата на Лаура се оствариле кога се родил Логан. Изгледаше дека Монаган е „добар татко“. Сега Лора тешко може да се натера да го каже неговото име, нарекувајќи го цело време ѓубре. Лора се обидува да го обнови својот живот со помош на новиот партнер Енди Чемберс (33). Долго време и требало повторно да им верува на мажите. Таа се моли еден ден да добијат бебе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКим издаде наредба: „Команданти, кажете им на војниците да се подготват...“Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги повика командантите на чети да ја интензивираат обуката и да ја подобрат борбената готовност, дефинирајќи го ова како нивна „примарна револуционерна задача“, објавија денеска државните медиуми.„Примарната револуционерна задача на командантите на чети е да ги завршат борбените подготовки на своите единици, така што тие ќе бидат целосно подготвени за водење војна. Начинот да се постигне ова е преку радикално подобрување на ригорозната и интензивна обука“, пренесе севернокорејската државна новинска агенција „KCNA“, цитирајќи го него. Понатаму се наведува дека тој ги дал овие изјави во вторникот, за време на фотографирање со учесниците на Третиот состанок на командантите на чети на Корејската народна армија. Според извештаите, Ким Џонг Ун нагласил дека тие мора да ја докажат својата лојалност и лидерски способности преку успешно трансформирање на своите единици во „сили во кои еден војник вреди колку стотина други – сили што се одликуваат со цврста револуционерна вера, патриотски дух, неспоредлива херојска храброст и борбена ефикасност“. Тој додал дека иднината на изградбата на моќна армија изгледа „исклучително ветувачка, благодарение на нив“. Ким претседаваше со состанокот, одржан на 22 и 23 октомври во Пјонгјанг, при што им наложи на командантите „да изградат најмоќна армија и да ја забрзаат воената револуција во корејски стил преку обука на најсилните чети“. Тој, исто така, им даде насоки „доследно да ја чуваат и развиваат суштината на армијата како армија на Партијата – армија дефинирана преку својата идеологија и основни вредности“.Тагови: Ким Џонг Ун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамГермански министер со критики кон „Audi“: „Се обложуваат на мртов коњ“„Audi“ планира да изгради фабрика во САД, но реакцијата во Германија е сè освен позитивна.Германскиот министер за животна средина, Карстен Шнајдер, остро го критикуваше „Audi“ поради плановите во САД, како и поради појавувањето на извршниот директор на компанијата покрај Доналд Трамп. „Додека светот се движи кон технички супериорна електромобилност, „Audi“ се обложува на фосилни горива. Со други зборови, се обложуваат на мртов коњ“, изјави Шнајдер за весникот „Kölner Stadt-Anzeiger“, пренесува агенцијата „DPA“. „Освен крајно непријатните околности што ја придружуваа оваа најава, мора да се постави прашањето за оправданоста на ваквата одлука“, додаде тој. За време на викендот, извршниот директор на „Audi“, Гернот Долнер, се појави на бина заедно со Трамп на еден предизборен настан, каде што ја најави изградбата на фабрика на „Audi“ во Џорџија. „Audi“ има намера во САД да произведува „SUV“ модели, вклучувајќи го и новиот, екстра голем модел „Q9“, дизајниран специјално за американскиот пазар. Оттогаш, Долнер се соочува со остри критики во татковината, а некои дури и бараат негова оставка. Внатрешните правила на „Audi“ забрануваат учество во изборни кампањи. Во САД, на 3 ноември, треба да се одржат избори за Конгресот. Повеќето германски граѓани критички гледаат на појавувањето на Долнер покрај Трамп. Во анкетата спроведена од институтот „YouGov“, 39 отсто од испитаниците го оценија најавувањето на фабриката од страна на Долнер на еден предизборен настан како „крајно несоодветно“. Уште 18 отсто го окарактеризираа потегот како „главно несоодветен“. За разлика од нив, седум отсто од испитаниците сметаат дека потегот на Долнер бил „целосно соодветен“, додека 11 отсто го опишаа како „главно соодветен“. „Audi“ се наоѓа под огромен притисок поради долгорочниот пад на продажбата и приходите. Компанијата веќе укина одредени работни места, а сега е принудена да планира дополнителни намалувања. За разлика од своите домашни ривали „BMW“ и „Mercedes“, „Audi“ нема сопствени производни капацитети во САД, поради што е уште повеќе погоден од царините што ги воведува Трамп.Тагови: Audi Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНорвешкиот премиер по разговорот со Путин: „Не верувам дека ќе го промени мислењето“Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе го коментираше вчерашниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, во кој учествуваше и финскиот претседател Александар Стуб.Тој објасни дека сакале Путин да ги слушне европските гледишта за војната во Украина, а не само американските. Разговорот траеше 90 минути. Со тоа, Сторе и Стуб отстапија од долгогодишната практика на западноевропските лидери да избегнуваат директен контакт со Кремљ. Нивниот потег наиде на критики од некои сојузници, вклучително и од данската премиерка Мете Фредериксен. Дискусијата се одржа пред првите очекувани директни разговори меѓу украинските и руските претставници од февруари наваму, кои се планирани да се одржат во Абу Даби следниот месец. „Загрижен сум што некои пораки не стигнуваат до Путин“ „Стуб и јас се фокусиравме на иднината и на тоа што треба да се случи за да се спречи оваа војна да се одолговлекува во недоглед – со месеци, со дополнителни човечки жртви – бидејќи тогаш наоѓањето решение станува уште потешко“, изјави Сторе за норвешкиот јавен сервис НРК. „Не верувам дека Путин ќе го промени мислењето, но му беше дадена можност многу јасно да го слушне нашиот став. Загрижен сум што некои од овие пораки не стигнуваат до него кога разговара со Американците“, додаде норвешкиот премиер. Сторе изјави дека целта на Норвешка е намалување на тензиите. Предлозите вклучуваат прекин на нападите врз енергетската инфраструктура во Русија и Украина, запирање на нападите врз бродовите што превезуваат украинско жито, како и размена на воени заробеници. Може ли Украина да постигне мир без отстапување територија? На прашањето дали е можно да се постигне мир без Украина да отстапи територија, Сторе посочи дека Русија моментално контролира речиси 20 отсто од Украина. „Украина никогаш нема да потпише договор со кој признава дека изгубила територија, но прашањето е дали може да ја прифати сегашната линија на фронтот како реалност и како појдовна точка за преговори. А главното прашање е какви безбедносни гаранции можат да ѝ се обезбедат на Украина откако ќе се постигне мировен договор. Путин е свесен дека тоа е клучниот проблем“, рече тој. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, вчера изјави дека разговорите не донеле ништо ново во однос на војната во Украина. Тој ги обвини европските земји дека единствено се обидуваат да обезбедат место на преговарачката маса. Лавров исто така нагласи дека клучното прашање се однесува на безбедносните гаранции што Украина би можела да ги добие по склучувањето на мировен договор, додавајќи дека и Путин ја препознава важноста на ова прашање. Извор: Индекс.хрТагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00