Британка ја избањала храната за да биде сигурна дека нема коронавирус (ФОТО)

Поради пандемијата на коронавирус, луѓето почнаа да измислуваат различни начини за дополнителна заштита од инфекција.

Британка решила да ги дезинфицира продуктите што и биле доставени до нејзината врата од продавницата, на прилично необичен начин. Купените производи ги искапила во када, а целата ситуација ја фотографирала нејзината ќерка, која фотографијата ја објави на Твитер.

"Какви мерки на претпазливост преземате за време на глобална пандемија? Мајка ми реши да ја искапи испораката од продавницата", напиша ќерката со фотографија.

Фотографијата собра скоро сто илјади лајкови и е споделена повеќе од 25.000 пати.

Наскоро други излегоа со слични искуства. Една девојка објави фотографија од белешки за пеглањето на нејзината мајка.

притисни ентер